(Кон претставата „Развојниот пат на Боро шивачот“ од Алексаднар Поповиќ во режија на Егон Савин и во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Ненад Јездиќ, Радован Вујовиќ, Ирфан Менсур, Бранислав Лечиќ, Небојша Миловановиќ)
Необичноста на драмскиот автор Александар Поповиќ лежи во чудните дијалошки лупинзи кои само тангенцијално го допираат апсурдизмот од шеесеттите години за низ своите „реалистични“ пиеси преку фарсичниот начин на мислење да се одвои од она што можеме да го препознаеме во „Љубинко и Десанка“, „Чорап од сто котелци“ или „Смртоносна мотористика“, всушност една горчливо освестена реалистична конверзација која станувајќи искривено огледало на тогашното едноумие, во исто време станува и негова политичка зандана. Покрај „Мрестењето на шараните“ и да речеме „Кусо петле“, оваа негова рана пиеса која во себе ја има онаа негова отровна референца на комунистичката хипокризија е наречена „Развојниот пат на Боро шивачот“, користејќи ја фарсично извртената номенклатура на тоа време и обележена со поднаслов „сценска карактеристика во четири ставки“. Во драматуршка смисла оваа пиеса со себе ја носи приказната на ликовите и тоа е транспарентно, без стилски поместувања како што тоа Поповиќ мошне фигуративно знае да ги распостели во гореспоменатите пиеси, а кои, сепак го имаат она универзално значење и порака која во книжевна смисла кореспондира со стилот на Виткиевич или можеби руските апсурдисти од формат на Хармс или Введенски (Елка кај Иванови.) Како по побичај (тоа го сретнуваме во скоро сите пиеси, особено во „Мрестењето на шараните“) сцените во оваа пиеса имаат свои наслови кои намекнуваат прогрес и пад на човекот од работничката класа кој се удавува во „благодетите“ на власта што му ја дава тогашниот комунистички поредок и се труе од нивната иреверзибилна токсичност. Сочинета во четири сцени наречени: 1. До првата прилика: врбов клин; 2. Од прилика до Ивањица: бестрагија; 3.Трици и копнопии: коњски нокт и магарешко уво; 4. Кога сивко ќе го помине Крушевко: чешалки.
Густата реторика на драмското дејствие во оваа поиеса на Поповиќ е одлично склопен хибрид од вообичаените комунистички изрази како што се: „карактеристика“, „ставка“, „морални особини“, „признанија“, „активности“ и лексичките вратоломии чии корени се во народниот фолклор, една мешавина која излегува од немуштоста и наивата на обичниот човек кој во тронот на комунистичкиот рај (една негова пиеса го носи и тој наслов) се чувствува непријатно, а падот од него останува како болна точка во неговиот живот. Така е и со Боро шивачот кој на принципот „нашиот народ е способен да го води и градот, па и државата“ влегува во една калварија која небрежно создава околности што го катапултираат во животниот апсурд станувајќи негова животна трагедија. Поповиќевата камарила која е создадена во просторот на една веќе востановена хипокризија во тоа време на „реформи и победи“ на сите полиња е додатна опскурност која, се чини, дека е основниот иницијален момент во концептот на режисерот Егон Савин кој и не излегува многу од драматургијата на Александар Поповиќ, но гради претстава полна со сочни ликови и ситуации кои препознаваат нешто што се случува и денес. Би рекол дека тоа е и главната намера на целата претстава, на нејзината порака.
Ненад Јездиќ е актерот кој во ликот на Боро шивачот создава креација која фасцинира најмногу со неговата говорна партитура која заедно со лексиката на Поповиќ е вистинско актерско ремек дело. Лицемерието и сервилноста на човекот кој не знаејќи како би застанал на лидерското место и потонува во морето од жолч што го истура целата кавалерија од недоделкани соработници во креацијата на Јездиќ е комплексен лик со многу значенски состојки. Неговиот поттекст и одлично одиграната патетика се дел од ликот кој е прилика на рушителниот аспект на наивноста на еден обичен занаетчија. Она што фасцинира во оваа сјајна актерска креација е моќта сите детали на ликот на Боро шивачот да бидат прецизно водени и актерски извонредно изразени. Овој моќен српски актер има огромен изразен дијапазон, па така и овој лик на Поповиќ го донесува со сите негови валери и значења. Радован Вујовиќ ликот на Витомир Камбасковиќ го донесува мошне сликовито, истакнувајќи ги неговите полтронски аспекти со одлично извајана надворешност, но и со една духовитост која на сцената донесува антологиски моменти и детали. Радован Вујовиќ гради лик на млад и амбициозен комунист кој преку својата снисходливост и поводливост не успева да стигне никаде и паѓа во истиот амбис во којшто паѓа и неговиот лидер Боро шивачот. Јасен во сите детали, импактен и одлично донесен, овој лик на Радован Вујовиќ е една од најинтересните ролји во претставата. Овде ќе го посменеме и Ирфан Менсур кој недокваканиот и стар Селимир, висок партиски функционер, го одигрува со една многу двосмислена и тешка смиреност на човек свесен за својата власт, лик чија суптилност во изразот делува исклучително фарсично. Бранислав Лечиќ кликот на Пикља Ширгиќ, еден од главните „муватори“ во општината го донесува многу сликовито, додека Бранка Шелиќ, својата Лина, родена Перекитка, инаку благајничка, секретарка и што уште не на назначениот претседател на општината креира лик на искусна „другарка“ која знае да се снајде нудејќи ги своите телесни „квалитети“ секому што ќе достигне до власта, а најмалку на својот сопруг Пикља. Во целата оваа одлично оцртана галерија се наметнуваат и епизодните улоги на Небојша Миловановиќ кој во само една сцена одигрува одличен кроки на човек кој знае што прави со својот живот, ликот на Спиро Клонфер, најомразениот на целата општина токму заради својата способност и на младата Розика, девојка која на најдобар начин ја користи интимната наклонетост на власта во сјајна интерпретација на Тамара Драгиќевиќ.
Кога станува збор за визуелниот аспект на претставата мораме да споменеме дека и костимографијата на Лана Цвијановиќ и сценографијата на самиот режисер не се одвојуваат многу од назнаките што ги носи самиот текст, но би рекле дека нивната складност и функционалност допринесуваат за квалитетот на ова мошне интересна сценска поставка на оваа горчлива комедија на Александар Попоивиќ. Музиката во оваа претстава е своецидна музичка меморабилија која на сцената во живо ја изведува Лука Лопичиќ, а сценскиот говор на овој лексички многу комплексен драмски текст на Поповиќ го води Лилјана Мркиќ Поповиќ.
Самиот Александар Поповиќ вели: „по убедување сум комунист и на таа страна ме определила човечноста“. „Развојниот пат на Боро шивачот“ зборува за темните рецидиви на лошо интерпретираниот комунизам, таму каде што сега веќе погребаната Југословенска федерација никогаш не достигнала. Не припаѓајќи никому и никаде во тогашната политичка стварност, Александар Поповиќ ни подари драмски дела во кои не предупреди дека ова што се случило во неговите дела влегувајќи во историјата ќе се повторува на секои педестина години и дека таа цикличност на хипокризија и недоличност ќе одземе многу од духот и човечноста, а ќе го нагризе и хуманизмот. Неговите пораки, за жал, се уште не ги слушнале оние авторитети што тој ги насликал во своите дела, затоа што еве веќе три децении по таа федерација и недостижниот комунизам се останало исто само со различен инструментариум.
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…