(Кон претставата „Лимениот барабан“ по романот на Гинтер Грас, во адаптација и режија на Васил Христов, а во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Миодраг Драгиќевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ)
Гинтер Грас е круцијален книжевник кој во својата проза ја преврти ракавицата на политичките „реформатори“ и на еден прилично ригиден начин ја покажа егзистенцијалистичката апокрифност на националсоцијализмот, но и на социјализмот кој подоцна го имал истиот политички инструментариум. „Лимениот барабан“ е првиот дел од неговата Данцишка трилогија во која двата други дела се романите „Мачка и глушец“ и „Кучешки години“. Одлуката на Оскар Мацерат „никогаш да не порасне“ и аспектот на Грас да го разгледува овој лик на дете со персоналитет на возрасен човек е еден вид на фројдовски приод кон општествената дисторзија на времето кое политички паѓа во амбисот на самобендисаноста на фашизмот. Грас низ дисторзиите на ликовите ги отвора раните на извитоперенета социјала која експлодира во страотна војна со невидени размери. Имано, Оскар се обидува да го допре целиот свој интимен и социјален ентитет не бегајќи од дилемите кои си ги поставува и детето, но и возрасниот човек: кому припаѓа и што бара на овој свет. Токму тука се чини дека се крие и режискиот концепт на Васил Христов кој ја „прелапнува“ оваа приказна во постдрамска, реторичка инсценација каде што ликовите излегуваат и влегуваат во гамата на Оскар преформулирајќи ги своите животи, рекапитулирајќи ги околностите и изместувајќи го она што во стварноста не било изместено и останало во таа, тажна и деструктивна состојба. Неговиот режисерски концепт ги компримира сите останати ликови освен Оскар каде што и Јан Бронски и Алфред Мацерат, таткото на Оскар се мултиплицираат во конгломератот епизодни ликови одигрувајќи едно време на недореченост и несфатеност. Имено, театарот во оваа сценска „рекапитулација“ е основен двигател на Оскаровата биографија, место од каде што се испружа една гротескна апотеоза на времето кое од него прави и криминалец.
Имено, семејната трагедија и неговите дилеми околу „паушалноста“ на родителството го извитоперуваат самиот негов поглед на светот и во овој простор Христов ги сместува сите недоумици на средината на на дваесеттиот век каде што емиграцијата била единствениот лек. Ова сценско читање на „Лимениот барабан“ е еден вид на театарско истражување каде што актерскиот израз е линија по која режисерот ја трасира својата порака кон публиката. Во интактноста на Оскар се огледуваат сите оние што ја испишале таа кружница на историската недокваканост каде што и Гинтер Грас човековиот инвалидитет го дотура како аномалија, духовен затвор од којшто никој не излегол.
Миодраг Драгиќевиќ го гради Оскар кој во своето тивко лудило ја крие изопаченоста на целиот свет. Извонредно координираниот актерски израз на овој исклучително талентиран млад актер донесува лик на возрасен лик кој својата инфантилност ја премачкува со тоа суптилно лудило. Раскажувајќи го својот живот, Оскар на Драгиќевиќ се прекршува со секое свое искушение, со секое свое прашање и недоумица, но овој умен актер успева овој лик да го внесе во неговиот одлично компониран актерски сензибилитет. Неговата интерпретација е на некој начин и инспирација и на другите ликови во кои се истакнува Марко Јанкетиќ кој заедно со улогата на неговиот татко одигрува и уште неколку ликови (впрочем како и сите други актери) и кој е на некој начин пан дан на интактноста на својот син, промислен и лукав човек од чија „умешност“ во животот не може да добие ништо освен припадност кон нацизмот, лик кој овој актер го донесува со голема смисла за коментар, или можеби би рекле дистанца, додека Јована Беловиќ одигрува дама која е случајно мајка на Оскар, но е и анимир дама, госпоѓа која делува по малку кабаретски, но со ситна и помалку почувствувана грижа на совест кон својот син. Сјајно одиграна, оваа дама е целосна спротивност на ликот на Јанкетиќ.
Од другите улоги (со оглед на тоа што скоро за цело време на претставата сите ликови се на сцената не би диференцирале главни од епизодни улоги) би ги истакнале мошне сликовитите ликови на Теодор Винчиќ и Јоаким Тасиќ, млади актери кои импонираат со својата пластичност и мошне изразита диференцијација на ликовите што ги одигруваат.
Во визулениот дел од претставата би ја споменале колоритната костимографија на Марија Марковиќ Милојев која е голема спротивност на сценографијата која повеќе подразбира реквизити на празна сцена на Константин Трпеноски и која делува сиво доловувајќи ја атмосферата од романот на Грас.
Мошне интересен е фактот што Фолкер Шлендорф, кој за филмот работен по овој роман доби две големи награди не го опфатил целото негово сиже. Филмот завршува со почетокот на војната истакнувајќи ја тенденцијата на нобеловецот Гинтер Грас да се занимава со причините, а не со последиците од рушењето на човековиот дух. Дваесеттиот век донесе многу повеќе трауми од сите други векови по Христа, како што е синхронитетот на апсолутизмот кој ден денес е присутен со мошне цврста и густа мимикрија, автократичност која Оскар се обидува да ја метаболизира и да ја претвори во метафора. Конечно, ова видување на „Лимениот барабан“ е токму тоа – метафора на времето што ја повлече кочницата во развојот на хуманизмот.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…