Култура

Почина Слаѓана Милошевиќ иконата на новиот бран во поранешна Југославија

На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија.

Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“ кои предизвика бум кај машката популација и доведе со експанзија на теретаните каде песната беше вистински хит и каде момчињата масовно вежбаа.

Тажната вест ја потврди нејзината пријателка Билјана Петровиќ. Милошевиќ починала во болница. Беше позната по тоа што ретко дава интервјуа и ретко се појавуваше во јавноста. Сепак, неодамна по долга пауза зборуваше за приватниот живот, но пред се’ за своето здравје.

На Милошевиќ ѝ беше дијагностициран Сјогренов синдром, хроничнаавтоимуна болест од ревматскиот тип и од групата на колагенози, во кои одредени имунолошки клетки ги напаѓаат егзокрините жлезди, особено плунковните жлезди и солзните жлезди, со лимфоцитна инфилтрација и прекумерна активност на Б-клетките, а може да дојде и до дополнителни воспалителни промени во внатрешните органи и централниот нервен систем.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија. На југословенската поп-рок сцена се појави во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имаше првиот голем настап на Концертот кај Хајдучка чешма, каде настапуваше пред Бијело дугме.

Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“. Во 1984 година со тато Топиќ ја сними песната „Принцеза“, која беше препеана и на англиски, а во 1989 година замина во САД, каде извесно време свиреше со групата „Бејби сестра“.

Извесно време била брокер на акции, а работела и во маркетинг агенции. Во Белград се врати во 1995 година.