(Кон збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков во издание на Или-Или, Скопје, 2022)
Кога писателот пренесува сегмент од животот на хартија, неговите креативни конвулзии се движат во насока на околностите и внатрешните процеси и обратно. Тие осцилации изнедруваат една многу зачудна визура на секојдневието кое во принцип го формира нашиот животен тек. Во една фигуративна форма го имаме насловот на оваа по многу нешта интересна збирка раскази „Двојна експозиција“ на Игор Анѓелков, автор чија раскажувачка суптилност многу често носи голема возбуда, а неговите креативни набљудувања трепет кај читателот. Двојната експозиција е уметничко „дотерување“ на една фотографија.
Сите дванаесет раскази во оваа збирка на еден симболичен начин го артифициелизираат човековиот живот во различни фази. Затоа и се поделени на шест дела: Невиност, Љубов, Бизар, Афион, Статус и Смрт и имплицираат разни фази во развојот на човекот. Анѓелков во оваа збирка раскази ги вткаил двата аспекти на човековиот живот: оној намислениот и оној одживеаниот. Се чини дека токму затоа и сите делови имаат по два раскази. Затоа и „двојната експозиција“ која со себе ја носи таа неизбежна феноменолошка спротивставеност на одживеаното и замисленото, но нереализираното. Читајќи ја збирката раскази низ мислите ми пролетаа некои мисли на Џорџ Сондерс, еден од најзагадочните американски прозаисти, авторот на култниот „Линколн во Бардо“. Тој во една прилика ќе каже: „најстрашната мисла на светот е дека еден ден ќе се разбудам и ќе сфатам дека месечарам низ мојот живот: дека ги потценувам луѓето што ги сакам, правејќи ги истите болни грешки одново и одново, дека сум роб на неврозите, стравот и вообичаеното.“ Овие раскази се занимаваат со таа друга страна на животниот комодитет кој многу неосетно ги донесува сите наши трагедии и недоразбирања. Игор Анѓелков во првиот дел „искреноста“ ја преформулира со „невиност“ и тоа е една многу продуктивна тематска дихотомија која се проткајува во двата негови раскази и која означува чистина на душата, отворен лист хартија каде што животот ќе го напише „романот“ што ние не го читаме, па го оставаме тоа на оние што не гледаат од страна. Судбините на Јаков и Сашо во двата раскази се две компатибилни не/среќи каде што овој, земски живот се претвора во тенка метафорична линија во која многу сурово се вовлекле и болестите на дваесет и првиот век: радијацијата, ковидот итн. На сличен начин Анѓелков не води низ човечкиот живот користејќи го инструментариумот на еден Вим Вендерс во чии филмови ликовите низ своите микросудбини ги преживуваат глобалните страдања кои за жал, уште во првите две декади од овој грешен дваесет и први век ги има многу. Во сите понатамошни раскази овој многу вешт раскажувач ги испрелетува судбините на своите ликови низ амалгамите на еден свет за кој понекогаш си помислуваме дека не го живееме во целата своја срж, дека песната на Слободан е достигнување на „фантомот на слободата“, дека Горан од „Некролог“ успешно или неуспешно бега од предрасудите што му отвораат низа прашања, дека уметничката гама на расечената чизма во истоимениот расказ станува горчлива инспирација со која авторот не потсетува на тоа дека суровоста станува нераскинлив дел од животот во време кога социјалните мрежи креираат и сомнабулност, но и облик на опипливост чија опскурност не само што не лаже, туку и не воспитува да го започнеме процесот на духовна емиграција. Овде многу дијахронично, но и многу контраверзно се потсетувам на еден цитат од „Фукоовото нишало“ на Умберто Еко кој вели: „ секој од нас понекогаш е кретен, будала, морон или лудак. Нормален човек е само разумна мешавина од овие компоненти, овие четири идеални типови“. Сите „двојни експозиции“ во расказите на Игор Анѓелков се една еуфемистична зона на она со што се соочуваме сите ние: урбана иконографија чии рецидиви се во целата наша pulp историја која сакаме да ја кондензираме во мудрост и да се оправдаме самите себеси, не пред другите, туку пред самите себеси.
Исклучително е индикативно што збирката раскази започнува со книга, а завршува со поет. Поет кој умира и книга што е на некој начин недостижна. Во меѓупросторот Игор Анѓелков ни отвора свет кој се одживува низ звуците на дисхармоничната сегашност и не наведува на тоа дека не треба да се откажуваме од нашите животни процеси, ниту пак да им се предаваме лесномислено, туку да се потрудиме да ги „метаболизираме“, од нив да создадеме своја животна „апстракција“ која некако алхемично ќе ја претвориме во филозофија, начин на битствување, па да се движиме по слободната зона на логиката, а не да одиме по жица. Пандемијата, Чернобил, Дауновиот синдром, војната во Украина, бегалците од Босна, заграбувањето на инспирацијата од книгите, смртта како синхроницитет на огорченоста се полиња на борба во која секојдневието е само рамка, а урбаниот човек во нив покрај обидот да ги сублимира се внесува и во неговата деструктивност сфаќајќи ја како премин во некој друг свет, во нешто што засега е бегање во празно затоа што на другата страна нема ништо опипливо освен нашата сенка, нашите обриси и неисполнетите желби.
Конечно, каде е вербата на сите херои од овие раскази? Во урбаниот блуз и пластичните херои конструирани во вид на инсталација или во нешто што се уште не сме го испитале, а се надеваме дека ќе се појави, но индикативно е дека не знаеме што е тоа: „Затоа Горан не можеше да продолжи да се гледа со нив. Неговиот став беше дека нешто што поминало – поминало, и нема враќање назад.“ Колку е точна оваа сентенца ќе покаже излитеноста на времето кое во денешниве дни поминува многу побрзо од порано. Игор Анѓелко мошне умешно го насетил сето тоа и напишал дванаесет раскази што не потсетуваат дека времето всушност се таложи во нас. Дека на другата срана од животот има нешто што никогаш нема да го дознаеме затоа што ете, „таков е векот“. Раскажувачката постапка на Анѓелков е длабока перцепција на она што значи пропуштање на замислениот живот и одживување на овој, непосакуваниот со кнедла во грлото. „Двојната експозиција“ е можеби и една таква книжевна возбуда: да се растурат урбаните честички и повторно да се приберат во некој друг редослед, да се понуди една филозофија која не не наведува на помисла дека „тоа е тоа“, но дека „тоа и тоа како се менува“. Тоа што „поминало“ е интерпретација и се напластува како искуство од кое бегаме само ако полудиме. Овие раскази се еден вид на метроном на животните процеси зад ѕидовите, во дворот, на плоштадот, низ искривените прозорци на трошните куќи, во трепетот на лицето предизвикан од желбата да се има книгата од книжарницата; тие се литерарна музика чија каденца никогаш нема да не остави рамнодушни и токму нивниот тивок продор во нашите духовни ганглии ќе не замисли и ќе не натера да се присетиме на се она што поминало „незабележано“ и „нема враќање назад.“
Игор Анѓелков со оваа зборика раскази не потсетува дека времето застанува, но дека ние треба да сме тука за тогаш кога тоа ќе продолжи понатаму да бидеме во него. Оваа констатација е сублимат на книжевната осцилација на ова прекрасно литеарарно искуство, на нејзините навлегувања во нашето духовно премреже кое на многу наврати наликува на овие животни стории.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…