Во галеријата „Рудиќ“, е поставена изложбата на фотографии, што беше отворена вчера, на српскиот фотограф, Имре Сабо, со наслов, „Цртички на животот“. АСНОМ 74, денеска во 20 часот. Имре Сабо е роден во 1956 година во Мокрин, место во Кикинда во Северна Војводина. Завршил гимназија во Кикинда, а потоа студирал германски јазик и литература на Филолошкиот факултет во Белград. Со органиозирање на изложби на негови фотографии започнал во 1974 година, а оттогаш учествувал на над 200 изложби во земјата и во странство, на кои има добиено повеќе награди и признанија, од кои реализирал 23 самостојни изложби. Од 1980 година професионално се занимава со фотографија како фоторепортер, прво во редакцијата на „Илустрована политика“ (до 1989 година), потоа многу кратко во дневниот весник „Политика“, потоа во редакцијата на неделникот „Интервју“ (до есента 1991 година) и во „Нин“ до 1995 година, кога одлучил самостојно да се занимава со применета фотографија. Неговите фотографии беа објавени во многу значајни светски списанија („Стерн“, „Фокус“, „Шпигел“, „Ле монд“, „Тајм“…) и во повеќе југословенски весници, како и во повеќе монографии, каталози и публикации на УЛУПУДС од 1985 година.
– Уметноста на Имре Сабо, преку фотографскиот објектив, прецизно бележи фасцинантни настани, семејна интимност, прекрасни ликови, портрети на познати и непознати личности, градски пејзажи и градски вибрации. Го снима животот. Потоа оние моменти кога животот ни ја покажува својата суровост и нè води по сложени и скриени патеки и заобиколувања. И уште повеќе кога окото на објективот нè носи на „сончевата“ страна, каде што му се предаваме на сјајниот сјај. Фотографијата на Сабо претставува слика на животот. Никогаш не е статична, никогаш не мирува. Човек има впечаток дека танцува, се движи, оживува пред очите. Неговиот запрен момент има приказна, неговиот талент има посебна извонредна смисла да вгради трајна вредност во неговото уметничко творештво, онаа на која ќе се враќаме. Окото на уметникот, преку објективот, прецизно бележи фасцинантни настани во кои, ако повторно ги погледнеме, се откриваат деталите и на фотографијата ѝ даваме нова димензија и нова вредност – истакнува Вера Благојевиќ Угринов за изложбата „Цртички од животот“. Изложбата на Имре Сабо е потпомогната од српскиот културно-информативен центар „Спона“.
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…