(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим)
Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор и да го наречам гола сцена. Човекот се движи низ овој празен простор додека некој друг го гледа, и тоа е сè што е потребно за да биде ангажиран еден театарски чин.“ Оваа мисла е параван или инспирација за многу театарски уметници кои експериментираат со тој „празен простор“ и го проблематизираат на овој или на оној начин. Но, едно е точно и есенцијално: тајните што тој простор ги крие и можностите што ги нуди се недоброј. Влегувајќи и излегувајќи од тој простор театарските уметници интерпретираат живот и отвораат нови аспекти за оној живот што се случува надвор од театарската зграда во којшто публиката е главниот лик, а режисерот е совршено невидлив, но исклучително значаен.
„Бура и продор“ на Теа Беговска е претстава која по својот мирис и вкус многу потсетува на расположението токму во Бруковата „Сон на летната ноќ“. Заобиколени од сите четири страни, во „празен простор“, актерите во оваа претстава немаат ништо друго со себе освен нивното имагинативно лудило. Велам лудило затоа што она што е „нормално“ е тривијално и незабележливо. Нивниата егзистенцијалистичка мапа подразбира поместување на животните текови и таа релевантна патека е, се чини дел од концептуалниот аспект на оваа многу жестока претстава. Во педесетината минути колку траеше оваа претстава можевме да ги метаболизираме сите артикулации на актерите и актерике чии трауми не можат да се сокријат затоа што нивната „исповед“ која нема ни една вербална нишка, се одвива во нивното физичко и емотивно контткстуализирање. Теа Беговска во овој режисерски ракопис се стопува со она што значи актерска артикулација и тоа е, се чини, златната жица на целата претстава. Обидувајќи се да ја визуелизира стигмата на денешницата, Беговска се свртува кон беспричинските конфликти какви ги има во секоја минута околу нас. Но немајќи причина во ова небично, тензично и неочекувано секојдневие, значи да ја имаме најголемата и најцврста причина да заминеме/избегаме некаде каде што сега и овде навистина имаат смисла. Кога сме веќе кај смислата, тактилната иконографија на оваа претстава ја подарува вредноста на гестот на публиката како јадро на целиот сценичен молекуларен систем за изразот на сите шест актери да функционира како едно тело и една мисла. Повторно сме кај мислата во која актерскиот хабитус навлегува многу чудно и тоа е една од најинтересните линии на целата претстава. Имено, мислата во нивниот невербален дијалог е договор на паузата со крикот и тоа повремено звучи Бекетовски, но убавината на целиот овој процес е токму логиката на физичките дејствија кои го имаат својот пат на климаксот кон кодата да биде порака која ние како публика можеме да си ја интерпетираме како што сакаме, т.е. во зависност од нашиот духовен амалгам. Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим одигруваат улоги кои во кастингот на оваа претстава се како Бекетовските А,Б,В, или 1,2,3, но тоа во никој случај не значи нивна деперсонализација. „Бура и продор“ е претстава во која индивидуалноста се дисеминизира низ заедничката актерска енергија која е за секоја почит. Телентот и пластиката на сите актери и актерки има онтолошка вредност и во таа актерска „бура“, всушност се раѓа онаа солуција која евентуално би требало да си ја понесеме дома по завршувањето на претставата.
Многу е индикативно што оваа претстава освен актерите и режисерката немаат ништо друго. Нивната посветена актерска игра покажа дека всушност ништо друго и не им е птопребно. Ја имаат својата мисла и своето верување во ангажманот, а и довербата и водството на младата режисерка која допрва треба да го има својот „продор“ на македонските театарски простори.
Секако, оваа претстава е уште еден доказ дека независните театарски проекти се живот кој треба се повеќе и повеќе да се развива затоа што всушност, тие се лакмусот на реинституционализирањето на македонскиот театар кое е насушно потребно за нивната енергија да се канализира таму каде што им е местото – на сцената.
„Бура и продор“ говори за континуираното истоштување на човекот во времето на лажните информации, тензиите околу родовата дисторизија, политичките стигми, социјалните погубни инверзии и економските провалии. Гледајќи ја неа, ние го гледаме хаосот кој што се обидуваме да не го забележуваме и итаме во прегратката на погубноста. Извонредната веродостојност на актерскиот израз и компактната и органична режија не потсетија дека оние недоумици што ги потиснуваме во нас ќе го изродат новото зло кое ќе ја поклопи целата планета.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…