Почетна / Култура на живеење / Насловна / Љутков: Посебен акцент во Стратегијата е ставен на младите и нивното активно учество во културниот живот
Љутков: Посебен акцент во Стратегијата е ставен на младите и нивното активно учество во културниот живот
— 12 мај, 2026
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој на државата.
Во своето обраќање министерот нагласи дека новата Национална стратегија претставува сеопфатен и развоен документ изработен од вработени раководни службеници во Министерството за култура и туризам со долгогодишно искуство низ широк консултативен процес со вклучување на стручната јавност, институциите од културата, граѓанскиот сектор, универзитетски професори, уметници, претставници на МАНУ, Советот за култура и експерти на УНЕСКО.
„Културата не е само обврска и интерес на културниот сектор, туку и на сите други сектори во државата. Затоа културниот сектор треба да се интегрира во другите сектори, а другите сектори во културниот сектор“, истакна министерот Љутков.
Тој посочи дека културата мора да биде интегрирана во сите развојни политики на државата и дека новата Стратегија ја препознава културата како суштински ресурс за одржлив развој и општествена кохезија.
Во Националната стратегија се дефинирани пет приоритетни области кои се однесуваат на поттикнување и негување на квалитетот и разновидноста на креативните изрази, заштита и одржливо користење на културното наследство, преобликување на моделите на управување во културата, дигитализација и дигитална трансформација, како и развој на културата како ресурс за креативен, социјален и економски напредок.
„Предизвиците на новото време, глобализацијата, новите технологии и вредносните ориентации, на културата и даваат карактеристики на исклучително развојна сфера за целокупниот современ развој. Улогата на државата како институционална рамка е да ги стимулира, помага, унапредува и да ги развива културните односи во општеството. Во функција на целосна интеграција на културата приоритетно е таа да се третира како дел од сите развојни планови на државата. Развојот на културата не е само обврска и интерес на културниот сектор, туку и на сите други сектори во државата. Затоа културниот сектор треба да се интегрира во другите сектори, а другите сектори во културниот сектор. На овој начин се дефинира „одржливиот културен развој“.
Би сакал во оваа прилика да потенцирам дека на подготовката и изработката на Националната стратегија, која е сериозна и стручна работа и која подразбира широки теоретски познавања и практични искуства, и претходеа бројни анализи во кои посветено се вклучија стручни лица кои работат во Министерството за култура и туризам и кои со години ги следат состојбите во дејностите од областа на културата. Нацрт текстот на Националната стратегија за развој на културата беше изработен од вработени раководни службеници во Министерството за култура и туризам со долгогодишно искуство. Консултиравме многу автори, репродуктивци, граѓански здруженија, невладин сектор, а особено важно за нас беше и мислењето на групата истакнати интелектуалци, членови на МАНУ кои беа наши соработници. Секако голема благодарност и до Советот за култура и претседателката Ганка Цветанова за нивниот придонес и сугестии во изработката на документот. Со посебно внимание би сакал да го истакнам ангажманот на УНЕСКО-Антена канцеларијата во Сараево, која на наше огромно задоволство ни ја овозможи соработката со Академик и професор Милена Драгиќевиќ Шешиќ, на која сме и особено благодарни. Нацрт-текстот на Новата Стратегија го доставивме на мислење и до Националните и локалните установи и до други државни органи. Од 24 март 2026 година текстот на Националната Стратегија е објавен и на Единствениот национален електронски регистар на прописи, каде што може да се достават мислења, предлози и забелешки. По одржувањето на оваа јавна расправа, сите забелешки и сугестии ќе бидат внимателно разгледани, имплементирани во документот и истиот ќе се проследи до Владата и Собранието каде во една транспарентна и демократска постапка, очекуваме дека ќе се донесе наскоро.
Во Националната стратегија за развој на културата за периодот од 2026 до 2030 година, е препознаен потенцијалот на културата како двигател на плуралистичкиот, иновативниот и конкурентниот развој на општеството. Во таа смисла, со доследна имплементација на Националната стратегија и Акцискиот план кој е составен дел од истата, до 2030 година, нашата држава ќе развие културен систем кој е отворен кон нови идеи и различности, инклузивен за сите граѓани без оглед на нивната етничка, социјална, родова и генерациска припадност, динамичен и иновативен, способен да генерира културни производи што се конкурентни на европскиот и светскиот пазар.
Националната Стратегија идентификува 5 приоритетни области преку кои во следниот петгодишен период ќе се спроведуваат реформи во културата, и тоа:
1. Поттикнување и негување на квалитетот и разновидноста на креативните изрази во уметностите.
2. Заштита и одржливо користење на културното наследство.
3. Реобликување на моделите на управување во културата: Институционална автономија како основа за развој.
4. Дигитализација во културата и дигитална трансформација.
5. Културата како ресурс за креативен, социјален и економски напредок.
Стратегијата ги определува неопходните институционални рамки, административните алатки и мерки, приоритетните цели и проекти во културата, нивните носители, се со цел да се поттикне општествен амбиент за позабрзан, слободен и независен напредок на уметноста и на современите креативни културни практики во Република Македонија.
Во тој контекст, Стратегијата и нејзината имплементација отвораат многу прашања и многу иницијативи, кои иако не се секогаш во надлежност на Министерството за култура и туризам, јасно ги детектираат образовните и другите општествени потреби и укажуваат на нивно решавање.
Во фокусот на Стратегијата за развој на културата овојпат се младите, едукацијата на младата популација и нивната интегрираност во создавањето и практикувањето на културните вредности. Со сетот мерки што се предлагаат како создавање виртуелен простор за изразување на младите, летни школи за талентирани деца под менторство на етаблирани уметници, обезбедување вредносни ваучери за следење културни настани и купување книги, реализација на капитален проект за издавање на книги за деца и млади како и продуцирање на домашна играна или анимирана серија, уверени сме дека ќе влијаеме на градењето здрава младина која ќе биде носител на позитивните општествени промени. Преку останатите планирани активности и мерки содржани во Акцискиот план на Стратегијата ќе настојуваме да го збогатиме домашното творештво преку откупи на дела, а ќе ја возобновиме и уметничка критика која е клучен коректор на културните процеси во државата. Ќе го доближиме филмот до домашната публика преку осовременување на кино-прикажувачката инфраструктура. Во заштитата на културното наследство ќе ги интензивираме процесите на валоризација и ревалоризација и неговата понатамошна конзервација со ревидирање и намалување на административните и бирократските постапки. Наша цел ќе биде современа презентација на културното наследство и негово втемелување како фактор на одржливиот економски и културен развој. Со интегриран пристап, во наредниот петгодишен период фокусирано ќе дејствуваме на спречувањето нелегална трговија со културното наследство, ограничување на ризиците на кои е изложено наследството како климатските промени, но реституцијата исто така ќе биде приоритет кој ќе настојуваме да го оствариме преку соработка со надлежните од другите држави. Предуслов за сите мерки и активности особено во заштитата на културното наследство е стручниот кадар, рече министерот Љутков во неговото излагање.
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
Напишете коментар