(Кон романот „Мина“ на Игор Анѓелков, во издание на Или-Или, Скопје, 2023)
Помислувајќи на тематската определба на новиот роман на Игор Анѓелков, ни се наметнува зборот „фрагментарност“ иако главно во ова негово дело следиме две наративни линии. Тука ми се наметнува и една сентенца на Милан Кундера која вели: „ Човекот наведнат над својот мотор може да се фокусира само на сегашноста, фатен е во фрагмент од времето отсечено и од минатото и од иднината; нема страв, бидејќи изворот на стравот е во иднината, а ослободениот од иднината нема од што да се плаши.“
„Мина“ е токму тоа, приказна растегната во референцијалноста на самата себе и одделена од иднината онолку колку што и треба, за ние како читатели да сфатиме дека тој наративен дуализам ни се нуди како приказна – калеидоскоп: превртена од многуте води на значењето. Да, значењето е едната рефлексивна станица на ова мошне чудно, но мошне интересно дело на Игор Анѓелков. Овој исклучително „свој“ прозаист го гради својот стил низ значенските воденици кои се развиени како неколку толковни камења што се вртат и не запираат, како стилски уроборос од којшто пак, од друга страна се исплетуваат две приказни: едната посветена на Мина, жена со несекојдневно име и на нејзината референтната приказна со многу глави и двојно повеќе очи.
Патот на овој роман кај Игор Анѓелков има неколку пристани, а тоа е неговото комплексно и артикулаирано доаѓање до приказната за неговата баба и неговото апстрахирање на тематската определба затоа што кај овој писател референтноста не значи само тангенцијален допир со текот на приказната, таа значи и нејзино семантичко редефинирање и токму затоа го позиционирав тоа „апстрахирање“, но и затоа што во тоа значенско вреднување тој тргнува од себе и покажува дека неминовното враќање кон себе е само ехо на она што тој би сакал и да го напише, но и да го доживее.
Токму доживувањето е и лингвалното, но и духовното пристаниште на овој по многу нешта чуден роман. Доживувајќи го посредно, преку референцијалните пасажи на писателот, вие се одвојувате од светот на импресиите од самата приказна и навлегувате во една толковна гама, префрлувајќи се на феноменолошкото читање на судбината на Мина која има херојска вертикала, но и на едно споредбено поимање на сегашноста како околност и како судбина. И секако, како и во „Шрапнел“, ова четиво има димензија на реконтекстуализирање во други времиња, во спомени кои се дотркалуваат до нас следејќи го животниот пак на Мина, еден генеалошки топос кој сите го носиме во себе како сонда на припадност, како место што популарно се нарекува „корен“, но во онтолошка смисла е временска (донекаде и просторна) екумена на нашата духовна егзистенција. Повторувајќи го тоа „духовна“, би истакнал дека Игор Анѓелков низ овој роман носи и една критичка апологија на времето на Мина, на неговото и нашето време, но и на времето кое можеби би било иднина, но е секако недофатно, како што би го парафразирале гореспоменатиот Кундера.
Сортирајќи ги главите во тие две наративни линии: едната на приказната за хероината Мина, а другата за нејзината антрополошка референца, ние се соочуваме со роман кој го има мирисот на еден Фернандо Песоа чија нарација се сокрива зад неговите дваесетина псевдоними, но и зад камелеонскиот раскажувачки стил кој е и тоа како посветен на неговите корени, но и на еден Томас Берхнхард кој целиот свој книжевен опус го посветил токму на феноменолошките интерпретации на животот и смртта. Тие две линии не водат нас, читателите во себеспознавањето на нашата духовна вертикала, на нашиот код на припадноста, но и на нашето идно препознаање како интелектуалци, а и како просечни индивидуи затоа што комплексноста на романот е секогаш во неговата наративна флуктуалност и на нејзината издржливост. Игор Анѓелков е писател кој знае како да ги поведе наративните линии и на крајот да излезе со своја прозна делта чија порака е вицилизациски точна и целисходна колку и да звучи прозаично оваа квалификација. „Мина“ не е само негов предок, во неговата книжевна интерпретација, таа е и парадигма која во себе ги спојува и меморијата, но и интенцијата, она што ние го нарекуваме животна тенденција во која се собрани сите наши желби, планови, склоности, цел еден живот кој можеби нема да се случи затоа што е заклучен во иднината, но барем ќе остане во малите фиокички на инспирацијата. Така „Мина“ станува книжевна егзалтација која пулсирајќи во својата многу умешно водена референцијалност се обидува да влезе во нас, во нашиот замислен апсолут, во нашата недефинираност, но и во нашата возбуда за која многу често не знаеме од каде доаѓа, но се обидуваме да ја артикулираме со она што значи талент и умешност.
Фернандо Песоа во една прилика ќе каже: „Ако го напишам она што го чувствувам, тоа е за да се намали треската на чувствата. Она што го признавам е неважно, бидејќи сè е неважно.“ Игор Анѓелков ја води својата Мина како да е невидлив дел од нешто што значи живот со се околу него и затоа таа „неважност“ е чудна, но многу важна глорификација на една од најважните личности од нашиот живот, а тоа е нашиот „предок“ и неговата антрополошка позиционираност во информацискиот хаос кој многу еуфемистично се нарекува информациска бура.
На крајот, би сакал да го цитирам и Томас Бернхард со една многу важна реченица од неговото дело „Собирање докази“ која вели: „Не сакав да бидам ништо, и природно не сакав да се претворам во обична професија: сè што некогаш сакав беше да бидам свој.“ И тоа е она што е Игор Анѓелков и во „Шрапнел“ а уште повеќе во „Мина“: свој автор со свој ракопис и своја филозофска поставеност. „Мина“ ја заклопувате со мисла која ќе ве наведе да се протресете и да се побарате во времето во кое сте биле во најголемата референтност со неговите чинители и да дознаете што всушност сте направиле и кои прашања сте му го отвориле на светот и на животот.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…