Почетна / Насловна / Настани / Со изведба на претставата „Орфеј“ на театарот од Софија, прогласена за најдобра претстава, се затвори 17. МТФ Скупи фестивал
Со изведба на претставата „Орфеј“ на театарот од Софија, прогласена за најдобра претстава, се затвори 17. МТФ Скупи фестивал
— 11 октомври, 2023
Со претставата “Орфеј” на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија, којашто се одигра вчера во НУ Албански театар, заврши 17. издание на на МТФ Скупи фестивал, што од 5 до 10 октомври се одржа во Албанскиот театар во Скопје. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и доделува три награди: за најдобрa претстава на фестивалот, за најдобар актер и специјална награда. За најдобра претстава, одлучи тричленото жири, Снежана Конеска Руси, Вјољца Бектеши Хамити и Теја Шугарева кои едногласно се сложија наградата за најдобра оретстава да ја понесе театарот од Софија „Иван Вазов“ за претставата „Орфеј“ во режија на Јернеи Лоренци и драматургија на Матиќ Тарина.
Улогите ги одиграа, Александра Василева, Гергана Змичарова, Билјана Петринска, Радена Валканова, Ева Данаилова, Василена Винченцо, Надја Керанова, Јорета Николова, Владимир Пенев, Валентин Ганев, Дејан Донков, Стелијан Радев, Ненчо Костов, Дарин Ангелов, Димитар Николов. Во образложението на жири за најдобра претстава на фестивалот се вели дека наградата се добива за грандиозност во пропорциите на композицијата, необична структурална естетска целовитост на формата, тотална хармоничност на текст, драмска игра, музички партитури, визуелни ефекти. Базирано на античкиот мит за Орфеј, замислен и создаден преку модерни рефлекси и сетила на човештвото, вткаени се сериозни теми за војната, смртта, радоста и љубовта во животот. Режијата ја бара врската меѓу митот и реалноста на нашето време, во сета нејзина јасност, поетичност и жестокост и ги преминува границите на текстот за да изнајде едноставни иновативни решенија за целосно дејствување. впечатливи визуелни решенија, изразени минималистички. Умешна примена на музичките инструменти како симболи или клучни елементи во спектаклот. Постигнато взаемно дејство: актер – гледач на интелектуално и емоционално поле. Зачудна, необична интеракција на актерите со гледачите
Наградата „Луран Ахмети“, која се додлеува за најдобар актер ја доби Албан Укај, за улогата на Стенли во претставата „Трамвај наречен желба“ од авторот Тенеси Вилијамс во изведба на Сараевскиот Воен Театар. Оваа награда се доделува за интерпретативна моќ, прецизност во текстуалните пасажи, како и пластичност еластичност во неговата интерпретација.
Специјална награда за сценската игра ја добија актерките Пинар Акузу и Ѓулден Јануз, за нивната изразена актерска индивидуалност, во претставата “Под замокот“ во режија: Гурај Динкол од Истанбулскиот театар, која ги исполнува четирите својства на секое уметничко дело: форма, целокупност, леснотија и убавина. Двете актерки успешно ја третираат живата форма на своето тело, па физичкиот театар го издигнуваат на степен на сеопфатен театар. Колку се ова можеби први лекции во педагогијата на идните актери, толку нашите-турски актерки со нив создаваат жив живот на сцена, театарски чин под и на земјата, заснован на измислениот лик Буфон – стил на изведба со фокус на исмејувањето. Актерките Пинар Акузу и Ѓулден Јануз понудија моќна физичка сценска раздвиженост, пластичност, гестовна мимика, гласовна трансформација, душевно доживување, сето вклопено во една реална, симболична, имагинарна, а сепак сатирична игра. Базирано на текст, тема, ликови од делото Магбет, актерките слободно ја изразуваа својата индивидуалност, интерактивност, и успешно и функционално ја реализираа импровизацијата.
Под мотото “Блесок во театарот” , годинава 17. издание на Меѓународниот театарски фгестивал Скупифестивал тоа го доживеа во вистинска смисла на зборот – преку приказот на различни сценски форми, истражувања, експериментирања, работилници, адаптации, драматизации, перформанси, спектакли…
МТФ Скупифестивал и годинава е поддржан од Министерството за Култура, Бугарскиот Културен Центар Скопје, Францускиот Институт, Македонскиот Телеком, Премиум Резиденц, Весникот Коха и Албанскиот театар – Скопје.
Директор на фестивалот: Музбајдин Ќамили – Мучи, претседателот на уметничкиот совет: Сенко Велинов, уметничкиот директор: Осман Ахмети, координатор: Џанер Мусиќ, Теа Беговска одговорна за работилницата на МТФ Скупифестивал.
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…