(Кон претставата „52 Херци“ по текст на Тијана Грумиќ, во режија на Мојца Мадон, а во изведба на Словенскиот народен театар од Нова Горица, Словенија. Главни улоги: Матија Рупел, Ивана Перцан Кодарин, Жига Удир, Марјута Сламич, Петер Харл и Ана Фаќини)
Семејните констелации понекогаш имаат и други созвучја. Имено, нашата визура за семејството многупати минува низ лавиринтите на искривената апатија која продуцира љубомора, неискажливост и нетрпеливост. Овие прилично далечни моменти се чини дека стануваат координати на драмскиот текст на Тијана Грумиќ кој има свои три драмски текови, големи монолошки пасажи, но и една податливост за интерпретација која режисерката Мојца Мадон ја искористила да состави една поинаква апокрифност на семејните вредности и релации. Заедничкиот именител, покрај текстот во оваа претстава е токму проблематизирањето на автентичноста кога е во прашање комплексноста на семејството. Двата антиподи и на текстот и на режијата се кловнот и китот. Кловнот како апсурдистичко соголување на стварноста, но и како единственото нешто што со себе ја носи спецификата на коментарот и дистанцата на судбинското и китот чија асоцијација на вечноста е кондензирана во звуците на тие 52 херци на кои се одзива и реферира на осаменоста што ја доживуваме во толпата, масата и групата. Семејстото е група во толпата. На словенечки тој збор е „дружина“ што е уште една ригидна асоцијативност на она што треба да биде првото и основно ткиво на социјалното милје и социјалните карактеристики на децата што излегуваат од него. Драмскиот текст на Тијана Грумиќ е дијалошка вознемиреност која осцилира токму меѓу коментарот и фарсичноста на осаменоста во моментот прилично храбро помножена со вечноста. Таа вознемирност Мојца Мадон ја претворила во претстава која пулсира меѓу трактатот и параболата и нуди едно видување кое можеби и си го наоѓаме самите во некои потсвесни интерпретации на траумите што доаѓаат во семејството и излегуваат од него. Овој режисерски ракопис е посветен на далечната асоцијативност која е прилично раширена, но е во исто време и полизначна, една семиотичка бура која на многу интересен начин се сублимира во типизација која не враќа на почетокот, онаму каде што сме почнале да ја реимагинизираме семејната констелација. Токму затоа рецепцијата на оваа претстава е со совршено позитивен ефект и покрај нејзината трочасовна должина. Секако, овој концепт на Мојца Мадон го вклучува и самиот театар како визуелен катализатор низ кој поминува кловновската горчина, а и актерската немилосрдност.
Да, кога сме веќе кај немилосрдноста, мораме да истакнеме дека актерската бравура во ова апретстава е она што всушност, најмногу импонира. Пловејќи низ концептуалните енигми и текстуалната многузначност, актерското мајсторство е она што најмногу возбудува. Овде првенствено станува збор за ликот на Кловнот во маестралната изведба на Матија Рупел, лик кој се движи од една актерска дистанцираност од дејствието и текстот, па се до неговата сплотеност со јадрото на самиот текст. Матија Рупел создава лик кој погледнува од двете страни на темата на претставата и неговиот кловн кој визуелно ги нема назнаките на кловн во класична смисла на зборот е емотивниот механизам на целата претстава, механизам во којшто неговиот актерски сензибилитет се вгнездува и во нашиот духовен немир, но и во немирот на другите ликови. Овој Кловн на младиот словенечки актер го исцртува ригидтетот на претставата низ актерскиот инструментариум, со алатки чија комплексност и дуалистичност воодушевуваат. Секако, овде ќе ја споменеме и Ивана Перцан Кодарин, девојчето со скоро ненаметлива суптилност и нежност, лик кој оваа млада актерка го донесува на многу чуден начин, со една тишина што пленува, лик од чија тага и радост можеме да ја согледаме својата апсурдност во моменти кога не знаеме како да реагираме и како да се однесуваме. Кон овој лик се придружуваат и родителите, Петер Харл и Марјута Сламнич кои пак од друга страна имаат еден сосема поинаков кловновски манир многу поблизок до класичниот кловн и кои се драматуршки, но и режисерски коментар, една совршено дискутабилна дистанца која на крајот се претвора во Јонесковска, донекаде и Канторовска темна и бавна гротеска. Секако, тука е и братот, младич чија динамика зборува за вибрантната типизација што потекнува од интерпретацијата на семејството како „дружина“ девастирана од она што значи систематско влијание на изобличените варијанти на ововековната неизвесност и несигурност. Динамиката на Жига Удир е онаа другата страна на несфатеноста во односите меѓу четири ѕида, неговата напната веселост има трагичен контекст, но е глазура на хипокризија која е толку насушно потребна за „мир во куќата“.
Смртта е еден вид на освестување на дисторзијата во семејните односи. Таа драматуршка акцентираност, Мојца Мадон ја претвора во знаковна хистерија многу рационално водена до една хиперреалистична смиреност одлично вкомпонирана со криците на китот кој разбуден од тие 52 херци се сублимира во лелек во којшто ги препознаваме недоследностите на информативната бура на која со еден многу параболичен јазик не предупредува Кловнот уште на почетокот на претставата.
Визуелната констелација на оваа претстава претставува своевиден дијалог на сценографијата со костимите. Имено реализмот и во сценографијата на Урша Видиц кој е сфатен како инструментариум за создавање на едно алегориско просторно опкружување и во костимите на Андреј Врховник кои се движат од растурени елементи на кловн до симболистички интерпретации на семејната костимска постановка е азбука од која се создаваат синтагми со двојни значења. Претставата се одвива и пред театарот и во публиката и на сцената. Таа симболистичка динамика наведува на максима на големиот италијански драмтичар Луиџи Пирандело која вели: „Животот е полн со чудни апсурди, кои, дури и не треба да изгледаат веродостојни, бидејќи се вистинити.“ Автентичноста е она што претставува најголема игра во оваа алегорија која започнала од индикациите во текстот на Грумиќ, продолжила преку раскошниот апсурдистички концепт на Мојца Мадон и завршила со инспиративната игра на актерите каде што точката на „и“ е импресијата на публиката. Во онтолошка смисла „52 Херци“ е претстава за смислата на конвенционалноста затоа што „она што би требало да не држи заедно, не разединило по сите основи.“
Мојца Мадон не предупредува дека списокот на неодлучноста и недореченоста е огромен и дека тука покрај китовите се осамени и оние што се на сред толпата дизориентирани хомо сапиенси и дека за тој вид на редундантност веројатно нема лек.
Со проекција на македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, проект во кој кинематографер е Душан Кардалевски, вечер во Битола завршува 44. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Според востановената традиција, пред доделување на фестивалските награди за најдобрите кинематографери за кои одлучуваат неколку жири комисии, на сцената во НУ Центар…
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки“, денеска во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња. -Пораснав во мал град во Обединетото Кралство, во католичко…
Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ се потпиша меморандум меѓу седум киноприкажувачи во Македонија: Кинотека на Северна Македонија, Синема паркинг кино-Битола, 3Д Кино Битола, Центар за култура-Битола, Киноверзум Свети Николе, кино Фросина од Скопје, кино Милениум и Синеплекс, заедно со Агенцијата за филм и канцеларијата на…
Филмот „Совршени денови“ на Вим Вендерс се прикажа во рамките на официјалната селекција Камера 300 на 44. ИФФК „Браќа Манаки“, прекрасен филм на познатиот режисер Вим Вендерс, снимен во Токио, во кој се прикажани 17 различни архитектонски креации на тоалети во овој град. Убавината на филмот ја дополнува и прекрасната глума на шармантниот и харизматичен…
Проекцијата на турскиот филм „За сувите треви“ од познатиот турски режисер Нури Билге Џејлан, предизвика големо интересирање и покрај тоа што филмот трае 197 минути а почна речиси во 22 часот. Следниот ден на прес конференцијата, што исто така беше посетена од голем број новинари и филмски работници, беа кинематограферите Куршат Уресин и Џевахир Шакин,…
„Збирка на вокални дела на композиторот Љубомир Бранѓолица од опусот на популарната музика“ е наслов на проектот од кој што произлезе изработка на збирка ноти „Поп – музика за Пијано и глас“. Збирката се состои од 20 нотографирани композиции од композиторскиот опус на забавна – поп музика. Создавањето на оваа збирка на ноти е продукт…
Неапол e град на контраст, со прекрасни места и екстремно грди делови, каде царува екстремна сиромаштија, град познат по нарко мафијата, град каде има најмногу дилери на дрога. Зошто тој град е толку привлечен за снимање, беше едно од прашањето поставено на прес конференцијата по повод прикажувањето на филмот „Носталгија„ на Марио Мартоне, на вториот…
Мојата цел беше да пренесеме приказна која што е интересна и ќе има силно значење за гледачите, рече режисерот Горан Столевски на филмот, „Домаќинство за почетници“, со кој се отвори 44. „Браќа Манаки“ на денешната прес конференција на којашто присуствуваше заедно со кинематограферот на овој филм Наум Доксевски и со дел од екипата од филмот….