Почетна / Насловна / Став / Невралгијата на патријархатот и идиомот на слободата
Невралгијата на патријархатот и идиомот на слободата
— 23 јули, 2023
(Кон претставата „Приспивна за Алексија Рајчиќ“ по текст на Ѓорѓе Косиќ, во режија на Југ Ѓорѓевиќ, а во продукција на Народниот театар од Белград, Србија. Главни улоги: Вања Ејдус, Ива Милановиќ, Новак Радуловиќ, Сара Ристиќ, Невена Милошевиќ и друи)
Имајќи го во предвид патријархатот како начин на живот и хиерархиска организација на семејството и бракот, ми се наметнува една контраверзна, но многу интересна размисла на Симон де Бовоар која вели дека: „Угнетувачот не би бил толку силен да нема соучесници во угентуваните“. Ова е една тенка асоцијативност кон женскиот мазохизам во патријархалните констелации од чии пак толкувања се раѓа хероизмот што во драмскиот текст на Ѓорѓе Косиќ станува еден вид на метафолклорна алегорија со повремени маскулинистички дисторзии. Што значи тоа? Во драмскиот текст на Косиќ ја препознаваме традиционалистичката деконструкција која и во дијалогот, а и во драмскиот тек звучи модерно, но не во вистинската смисла на тој збор. Звучи можеби дистописки сурово иако е затскриен зад мекоста на музичката вибрантност. Имано, „Приспивна за Алексија Рајчиќ“ донесува една многу специфична драматургија чии координати се смислата за постоењето на патријархатот во време на повторната „борба на половите“ и најразличното интерферирање на феминизмот во социјалното и политичко опкружување како што е транзитивното. Алексија Рајчиќ борејќи се против насилството на машкиот принцип својата слобода ја наоѓа во другото ропство – институционалното, а тезата дека таа како жена во тие околности нема избор со себе носи многу динамична симптоматика, која претпоставувам дека е основата врз која овој мошне талентиран драматичар ја гради својата пиеса.
Режисерскиот концепт на Југ Ѓорѓевиќ се движи во траекторијата на семејниот систем на вредности и хиерархијата која е неодредена (иако совршено наликува на Амишкиот) веројатно со намера проблемот на жените „злосторнички“ или „борци за својата слобода“ да го подигне на едно универзално ниво. Неговиот режисерски ракопис во оваа насока е консеквентен и доста успешно со себе ги повлекува и актерските персоналитети каде што во најголем дел ја имаме токму Алексија Рајчиќ. Тука застануваме на зборот „приспивна“ која во еврејската етимолоигја означува набркување на демонот кој сака да ги одземе децата, додека во англиската етимологија означува затишје во кое се смирува духот. „Приспивна за Алексија Рајчиќ“ во оваа режисерска констелација се движи по меките ритми на женската плот од чии талози се раѓа бунтот кој мажот во патријархатот не може да го разбере давајќи и ја со тоа можноста за бунт. Ова режисерско видување со себе носи суптилност која и актерите ја проектираат во својата енергија. Така Вања Ејдус како Алексија Рајчиќ, чиј актерски сензибилитет покрива многу голем дел од претставата формира многу интересн лик на жена која во себе ја носи храброста и пожртвуваноста на Медеја, но и рационалноста на една Антигона. Бунтот на Алексија оваа многу талентрана актерка го одигрува со една задушена резигнација од чии искри полека извлекува гнев кој исто така многу успешно го дозира онолку колку што им е потребно на ситуациите со кои владее доста суверено. Нејзината Алексија Рајчиќ е исклучително комплексна и совршено интересна актерска креација која импонира со својата специфика и суптилниот актерски израз. Лик кој со својата уникатност останува многу долго во сеќавање. Од другата страна хорот од четири актерки и двајца актери (Сара Ристиќ, Невена Милошевиќ, Вера Зечевиќ, Даниела Милошевиќ, Младен Лукиќ и Горан Милошевиќ) формираат карактер налик на античкиот хор чии аспекти и коментари допринесуваат фолклорната матрица врз која е наталожен овој драмски текст да звучи многу актуелно, отелотворувајќи ги дилемите и конструктите на патријархатот многу живописно, но на моменти и прилично апсурдно. Овде како два антоподи се појавуваат и двата хороводци (Ива Милановиќ и Новак Радуловиќ) кои градат една родова релација чија функција е реминисцентното повикување на семејните сцени како арена каде што Алексија ја одживува својата „револуционерност“ и „пожртвуваност“.
Но, тука се поставува прашањето колку крајниот резултат од оваа пожртвуваност е продуктивен и колкав е пресвртот и од социјален и од општествен аспект? Јувал Ноа Харари во своето дело „Сапиес: кратка историја на човештовото“ вели: „Кога општествената моќ би била поделена во директна врска со физичката сила или издржливоста, жените требаше да добијат многу повеќе од неа. Уште поважно, едноставно не постои директна врска помеѓу физичката сила и социјалната моќ кај луѓето.“ И Ѓорѓе Косиќ и Југ Ѓорѓевиќ и Вања Ејдус говорат со јазикот на издржливоста и апсурдноста на бунтот во време кога родовите интерферирања стануваат единствената револуција и каде што патријархатот е во извесна мерка циркус за социјално самозадоволуање. Тука некаде се движи и вузелниот контекст на оваа претстава каде што што Андреја Рондовиќ врамува епистоларен тип на куќа од каде што изникнуваат алегориските ликови, додека пак костимографијата на Велимирка Дамјановиќ дизајнирајќи ги костимите да наликуваат на Амишите го потенцира тој амбивалентен амбиент во којшто женскиот бунт има многу дискутабилна врска со надоаѓачкиот феминизам. Секако, еден од најубавите сегменти на оваа претстава е музиката на Невена Глушица која на некој начин со својот сензибилитет го спојува фолклорот со апсурдот на актулениот миг, музичка илустрација која е еден вид на естетска глазура на целото дејствие.
„Приспивна за Алексија Рајчиќ“ е претстава која го отвора феноменолошкоото јадро на системот на вредности сокриен зад традиционалните канони и зад фолклорната агностика, но отвора и безброј прашања за тоа каде се движат родовите релации, нивното социјално толкување и што е најважно дали евентуалната „рамноправна“ општествена матрица со себе носи и комодитет и емоционална рамнотежа. Силата на маскулинизмот е одамна приземјена, а патријархатот во многу наврати останува само изговор. Тоа во некои свои реплики како потткст го има и самиот Ѓорѓе Косиќ, но секако, дека и на тоа треба да гледаме како на вообичаено прашање на кое се придружува и прашањето за „пожртвуваноста“ од едноставна причина што отуѓувањето во дваесет и првиот век е веќе алфа и омега на сите приказни од животот. Алексија Рајчиќ со својата животна приказна не е дел од ниеден глобален мит, не е Пепелашка и нема златно чевличе, не е Трнорушка затоа што нејзиниот принц доаѓа од нива попатно посетувајќи ја првата кафеана и не може да ја бакне, а и да ја бакне здивот му смрди на алохол, а не е ниту Снежана затоа што куќичката на седумте џуџиња е одамна празна. Алексија Рајчиќ е очајна слика на она што не чека во оној момент кога човештвото ќе излезе од колосекот на разбирањето на својата фунција.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…