(Кон претставата „Мојот маж“ по расказите на Румена Бужаровска во драматизација и адаптација на Томислав Зајец, во режија на Дора Ружѓак Подолски, а во продукција на Загрепскиот театар на младите од Загреб, Хрватска. Главни улоги: Дадо Ќосиќ, Адријан Пездирц, Пјер Меничанин, Анѓела Рамљак, Дорис Шариќ Кукуљица и други)
Новата инсценација на двете збирки раскази на Румена Бужаровска отвора сосема други прашања врзани за овие многу мудро напишани раскази. Имено, „Мојот маж“, како исклучително популарно четиво на долги патеки, барем на овие простори (а еве сега и во европски рамки) ја обедини и интелектуалната, а и онаа другата читателска публика која бара сочна литература со добро третирани настани и ликови. Дора Ружѓак Подолски во ова театарско читање на „Мојот маж“ и на „Не одам никаде“ се чини дека подвлече линија на сите компримирани проблеми кои се однесуваат на релацијата маж – жена, но и на една заеднички препознатлива социјална слика од регионот која се повеќе и повеќе се искривува под налетот на хедонизмот и хипокризијата. Во целиот тој конгломерат на жени кои исчекориле од конвенцијата и создале една сива зона и мажите чија деструктивна канонада од понижување веќе има гротескен предзнак се случува едно закрупнување на интимните релации кои според Дора се одамна нарушени. Румена предупредува на родовиот геноцид (иако овој термин звучи малку преостро) и на редовното апстрахирање на женскиот принцип за сметка на навиката на машката доминација и на социјалната беда која се напластува во човекот како вулгарен талог.
Драматизацијата на Томислав Зајец многу умешно го контекстуализра целиот тој наметнат живот потцртан од страста без смисла и се претвора во една предлошка на тотален театарски имагинариум кој совршено потсетува на нам секогаш загадочниот Виктиевич. Ликовите во оваа совршено дијаболична адаптација излегуваат од мрачната направа/градба која потестува на темен брод изгубен на отворено море и создаваат бура која има многу сигнификантна обвивка. Филозофската обвивка на оваа верзија на „Мојот маж“ која е секогаш и дел од „Не одам никаде“ со себе ја носи исконската генеза на самиот homo sapiens кој со голем напор бидувајќи homo faber, останува на позицијата на homo erectus. Имено, ако белградската верзија беше дуодрама со многу сочна исповедничка линија, скопската постдрамска реминисценција која завршува со пошироки акцентирања на женскиот аспект, а словенечката длабоко нурната во една кореодрамска содржајност, оваа верзија на ЗКМ навлегува во самото ткиво на социјалниот немир кој има совршено универзално значење. И токму затоа го посменав Виткиевич. Заради феноменолошки осложнетиот семеен конструкт и заради неговото суптилно надреалистичко акцентирање. Дора Ружѓак Подолски ја започнува и ја завршува претставата во рамките на приредбата на жената на американскиот амбасадор од расказот „8 Март“ во збирката „Не одам никаде“ раширувајќи ја таа палета на социјално дементни дами и лошо дистингвирани мажи. Интимата во оваа нејзина режија е чисто асоцијативна за различните ликови да ја одживеат својата интимна болка како да се еден лик, а страдањето да биде отсликано како универзално наметнат начин на живот. Да, во овие рамки на режискиот концепт на Дора можеме да видиме одлични актерски партии како онаа на Пјер Меничанин кој со огромна страст го одигрува малиот Нено на возраст од 4 до 10 години, со целата своја инфантилност заробена во телото на средовечен човек, како онаа кутра Лиле на Дорис Шариќ Кукуљица која токму од тоа средовечно тело извонредно инспирирана ја раскажува потресната приказна за небрежно убиената ќеркичка на простодушната Ана, која пак одлично ја донесува Анѓела Рамљак, чија простодушност трепери пред младиот и строг сопруг што го одигрува Адријан Пездирц кој, од друга страна, во една друга релација и со друг сензибилитет го игра и партнерот на Ава во расказот „Вазна“. Овие две спротивни интимни заедници што ги играат исти актери и актерки исцртуваат една координата од која режисерката ги изнедрува брачните релации чија редундантност е всушност иста, само дијалошкиот регистар е поинаков. Секако, и Румена и Дора ја потенцираат растечката вулгарност на ововременското секојдневие, па така доминатните мажи во овој концепт и адаптација се воглавно фарсични, па тука можеме да се воодушевиме на извонредните улоги на Дадо Ќосиќ и неговиот Крешо, сопругот кој ја руши својата доминација сфаќајќи на фаталната вистина за своето потекло и Милан, исто така надмениот љубовник во љубовниот триаголник. Тука ќе ги споменеме и Наташа Дорчиќ чиј одлично извајан лик на универзитетската професорка се провлекува низ целата претстава наметнувајќи ја таа потајна подреденост која се чини дека не се крие во неа, туку во традиционалното поимање за неколку пати и да се појави и во демонстрациите кои исто така се провлекуваат како линии што го потенцираат социјалниот немир кого го чувствуваме сите. Младите и несфатените во оваа времеска рамка се бледа илузија зад нелогичноста и деструктивноста на лошо сфатената интима и бракот како институција, па тука го имаме и тој, прилично натажен Лав во одлична интерпретација на младиот актер Иван Пашалиќ.
Визуелната страна на претставата, дело на Стефано Катунар е прилично мрачна, со сценографија која покрај реализмот се потпира и врз една фарсично робустна направа која, како што кажав погоре, совршено наликува на брод или црна подморница од која излегуваат сите тие хаотични персони, несфатени дами, груби мажи и натажени млади синови и ќерки, додека костимографијата на Марта Жегура се потпира врз колоритот на секојдневието, а она што навистина импонира е извонредната музичка илустрација на Станислав Ковачиќ која е претстава сама за себе, но која извонредно се вклопува во режисерскиот ракопис и драмската адаптација.
Ова сценско читање на „Мојот маж“ е некаков широк, универзален summa summarum кој ни наметнува дека овој недоделкан свет не е жртва на насилното недоразбирање, туку е еден вид апотеоза на духовната беда која се надвиснува над нас, над нив и над нивните мажи чие облагородување е само слатка површина под која има нешто темно и лигаво. Можеби збирките раскази на Румена Бужаровска кријат уште значења и тоа е одлика на комплексна проза достојна за секаква почит, но едно е сигурно: нивните инсценации говорат за раните, болките и стравовите на човештвото кои се повеќе се продлабочуваат.
Во галеријата „Рудиќ“, е поставена изложбата на фотографии, што беше отворена вчера, на српскиот фотограф, Имре Сабо, со наслов, „Цртички на животот“. АСНОМ 74, денеска во 20 часот.Имре Сабо е роден во 1956 година во Мокрин, место во Кикинда во Северна Војводина. Завршил гимназија во Кикинда, а потоа студирал германски јазик и литература на Филолошкиот…
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…