(Кон претставата „Орачот и смртта“ по поемата на Јоханес фон Тепл, во продукција на Народниот театар „Василе Александри“ од Јаши, Романија. Режија: Силвиу Пуркарете. Гл. улоги: Калин Кирил, Дијана Кирил, Петронела Григореску, Ирина Радуцу Кодреану, Малина Лазар)
Поемата на Бохемискиот поет од четиринаесеттиот век Јоханес фон Тепл „Орачот од Бохемија“ популарно позната како „Орачот и смртта“ зборува за суштинските дијалози на еден орач чија жена Маргарита починува многу млада. Оваа поема чиј оригинал е неодамна пронајден се занимава со есенцијалните прашања на животот и смртта, со одбивањето да се согледаат судбинските референци на заминувањето од овој свет, но таа во исто време е и лирски паноптикум на страдањето на човекот кому му е многу рано одземен животниот сопатник и чија осаменост е попогубна од самата смрт.
Пишувана на Гетеовски принцип, оваа поема во себе ја содржи токму таквата драматика, полна со поетски резонанци, со морализаторски пасажи, но и со отворени прашања за смислата на животот. Големиот романски режисер Силвиу Пуркарете прави драмска предлошка која е рефрентна на човековото препознавање во ѓаволот. Во оваа претстава која трае само седумдесет минути текстовната маса е прилично редуцирана за сметка на визуелната компонента во која главниот лик има свој одраз во појавата на смртта/ѓаволот. Секако, тука се поставува прашањето дали смртта би ја идентификувале со било какво вообличување на нечестивиот кој во оваа режисерка концепција го има ликот на орачот, но прилично традиционално визуелизиран. Имено, Пуркарете во својот концепт многу точно се обраќа кон човекот барајќи го во него целиот грешен животен век и компарирајќи го со смртта која е дел од него, т.е. од нас. Дијалогот кој го има малку и воглавно го говори главниот лик е сведен на филозофска расправа е натопен со многу емоции. Пуркарете, како голем театарски уметник низ снимениот сегмент и живиот кој се случува на сцената успева да го одвои тој свет „овде“ и оној „таму“. Смртта е дел од животот без оглед на тоа што таа го означува крајот на животот. Внатрешниот монолог на главниот лик се одвива во обична домашна атмосфера која подразбира брачно гнездо, а неговиот виртуелнен двојник навлегува во неа на начин типичен за филмовите на Дејвид Линч, низ оние најпрозаични места, додека орачот кој постанува писател се обидува забележувајќи ја својата фантазмагорија да ја надмине, да и докаже на смртта дека е ирационална и деструктивна.
Калин Кирил кој ја игра двојната улога на орачот и смртта прави вистинска бравура играјќи два лика кои консекутивно се претопуваат еден во друг. Неговиот орач е дијамтерално различен од доминантниот карактер на смртта која дошла по неговата сопруга и која е крајно рационална за разлика од него чија тага му ги отвора дилемите за човековото постоење. Бескрајната тага на орачот во режијата на Пуркарете не асоцира на ирационалност, напротив, тој постанува писател и се обидува да се дистанцира од својата емотивна состојба. Визијата за неговата жена останува како дел од неговата мотивираност која на некој начин смртта и ја оправдува. Калин Кирил гради еден амбивалентен лик кој на многу суптилен начин ја изразува својата различност. Неговиот орач Пуркарете го пресликува врз смртта, но неговата психологија е дијаметрално различна. Калин Кирил многу умешно го дозира емотивниот израз обликувајќи го овој лик многу филигрански во секој миг свесен за неговата сенка која ја фрла смртта врз него. Тој во ниеден момент не одигрува резигнација, тој успева тагата да ја рециклира и од неа да направи нов мотив за ревитализирање на неговата сакана, да и најде место на љубовта и смислата на постоењето. Кирил низ овој лик прави актерска студија која говори за тоа колку актерските сегменти можат да обликуваат лик чија духовна определба е иницијација за филозофски расправи; неговиот орач е и реторички и емотивно длабок со многу суптилни актерски изразни средства, додека смртта чија доминанта е совршено истакната на почетокот на претставата се служи со сосема друг актерски инструментариум. Секако, таа погоре спомената амбивалентност говори за тоа дека комплексната улога на Карлин Кирил ни донесува лик чија полемика е цивилизациски есенцијална, лик чија слоевитост е парадигматична, голема семантичка структура која Пуркарете ја водел совршено добро и која во тие седумдесет минути ни понуди едно големо филозофско откритите, а тоа е дека смртта може да инспирира и да предупреди колку животот може да има смисла само ако се победи осаменоста.
Во оваа претстава која на моменти наликува на монодрама, свој голем придонес имаат и младите актери и актерки: Петронела Григореску, Ирина Радуцу Кодреану, Малина Лазар Јоана Ачобаница, Камелија Боглеш, Смаранда Хајсан, Роберт Агапе, Маријан Александру Кикулица, Флавијус Грушка, Александру Максим и Валентин Мокану чии кореографски делници се импознатни. Што се однесува до визуелниот аспект, со својата кафкијанско сценографско решение импонираше сценографијата на Драгош Бухаѓиар, а тука, во тие загаснати бои се вклопува и костимографијата. Она што остава голем впечаток е моќната музичка илустрација на Василе Ширли која како да ја заграбува целата сцена и да ја подигнува турбоната атмосфера на митско ниво. Секако, не можеме, а да не го споменеме видео дизајнот ан Андреј Козлак кој е лавовски дел од претставата, еден голем дел и од улогата на Калин Кирил, но и од концептот на Пуркарете.
Неодамна починатиот Жорж Бану, големиот романски театарски теоретичар ќе каже за оваа претстава: „Смртта е во нас. Последната сцена е незаборавна, дава одговор на почетната, онаа што се отвора со баналниот кревет кој на крајот во испразнатиот простор на некако бетонски елемент се превртува за да се претвори о гроб. Смртта е блиску до нас, во нас. Овде, сега.“ Да, крајот на претстаата на Пуркарете е нов почеток, како и што смртта секогаш е крај од којшто започнува некој нов живот. Тоа е веројатно одговорот на застрашувачката закана на осаменоста.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…