(Кон претставата „Големата депресија“ од Филип Грујиќ во режија на Марко Челебиќ, а во изведна на Српскиот Народен Театарод Нови Сад. Гл. улоги: Бранислав Јерковиќ, Тијана Марковиќ, Аљоша Ѓидиќ, Предраг Момчиловиќ, Страхиња Бојовиќ)
Цивилизациските недоразбирања секогаш ја имаат највисоката цена. И секако, не познаваат ниво на развој на самата цивилизација. Пиесата „Големата депреција“ на Филип Грујиќ со книжевен наслов „Вилиците на Ибан Баерс“ се занимава со едно од поопсежните катастрофичности на периодот меѓу двете светски војни во Америка, а тоа е „лековитоста“ на радиумот, верување кое во тоа време го усмрти и њујоршкиот плејбој, син на индустријелец, Ибан Баерс, аматерски шампион во голф. Она што импонира во пиесата на Грујиќ е нејзината метафундираност врз античката трагедија, една рамка која тој во драматуршка смисла ја преформулира корристејќи го хорот како поетичен коментар, а ликовите како своевидна реплика на нивните прототипови. Самата претстава е вовлечена во една клаустрофобична опкруженост која ги отвора сите фарсични компоненти на историјата за небрежното самоубиство на плејбојот Баерс кој како претставник на тогашната Њујоршка аристократија го конзумирал Радитор-от, „лекот“ кој го измислил квази докторот Вилијам Бејли со лажна Харвардска диплома. Големата депресија која во тоа време ја тресела Америка го има својот опонент во бонвиваните кои бараа најразлични начини да ги задоволат своите лудости. Филип Грујиќ во овој текст говори низ виорни реплики кои имаат чуден исповеден карактер, така што ликовите сместени во таа мета-античка констелација делуваат повремено фарсично, но повремено и длабоко трагично. Цинизмот во односот кон бесмислените констелации на тој маглив период во Америка се чувствува скоро кај сите ликови, па така и трагичниот мотив во нив има една апсурдна нишка изразена стилски низ поројот од зборови налик на монолозите во кратките пиеси на Бекет.
Марко Челепбиќ, како што реков погоре просто го вовлекува тој конгломерат од ликови во клаустрофобичноста на „раскошот“ симболизиран во базен кој наликува и на турска бања каде што сите ликови барајќи го своето место, всушност не можат да се ослободат од стегата на својата судбина, од своите стравови и непознатици. Неговиот режисерски концепт кореспондира со едно британско студенило од кое многу егзактно се екстрахираат сите тие стравови и дисторзии на „големата депресија“ и неизбежната „прохибиција“ во тој период во Америка и всушност, тоа е таа специфика која остава вепаток на далечен призвук на античката трагедија. Претставата има една лебдечка атмосфера која го вклучува гледачот во нејзиниот брановит ритам, но го вовлекува и во една расправија со самиот себеси. Челебиќ многу умно го повлекол тоа чкрапало на интроспективност и направил претстава која својата трагика ја еманира кон публиката на еден благo фарсичен и циничен начин. Без симпатички мост, строго аргументирано и актерски точно формулирано.
Кога сме веќе кај актерските партии Бранислав јерковиќ својот Ибан Баерс го одигрува со една иронична смиреност многу глатко излегувајќи и влегувајќи во просторот на емотивноста. Во неговиот актерски сензибилитет се насетува едно самообвинување кое повремено го промешува со неговата ирационалност што тој ја пласира на пибликата како единствено оправдување. Овде се приклучува и младата Тијана Марковиќ која госпоѓата Баерс ја одигрува многу живо и темпраментно, дама која својот статус го сфаќа како своја крвна група, нешто со кое се родила, а со кое и ќе одумре заедно со одумирањето на тој период на „големата депресија“. Овој лик е дијаметрално различен од оној на Јерковиќ и Тијана Марковиќ го одигрува извонредно со целиот нејзин богат актерски регистар. Со сличен темперамент е и ликот на Баерс помладиот кој не излегува од својата веселост и живост, лик кој евентуално би требало да биде Баерс постариот доколку не би станал жртва на својот снобизам и Радитор-от. Овие четири лика се координатата врз која лежи и пиесата на Филип Грујиќ, а и претставата на Марко Челебиќ. Њујоршката аристократија за време на големата депресија и излуденоста по новите пронајдоци, како и енормното конзумерство се главните карактеристики не само на овие ликови, туку и на целиот начин на мислење на Американската цивилизација после Втората светска војна кога големата слободна земја ќе стане посакувана од сите кои сонуваат за сладок живот. Наспроти овие ликови, тука се и ликовите на стариот индустријалец Баерс кој го толкува Предраг Момчиловиќ со една замисленост и горчина заради трагиката на богатството за која сите големи магнати се плашат дека кога тогаш ќе ја почувствуваат, како и ликот на шарлатанот Бејли, кој во интерпретација на Страхиња Бојовиќ делува најреалистично и „најнормално“ од сите, човек кој е сигурен во себеси онака како што се и сите измамници сигурни во длабочината на својата измама.
Една од најинтересните компоненти на оваа претстава се Радиум девојките, кои се една фарсична варијанта на античкиот хор, девојки чија сомнабулност, всушност е и естетската глазура на целата претстава, една колективна „мудрост“ која се граничи со гротескност. Овие девојки низ чудната кореографија на Андреја Кулешевиќ ги играат: Емилија Милосављевиќ, Уна Беиќ, Сара Симоновиќ, Магдалена Мијатовиќ и Милена Даутовиќ.
Една од најинтересните компоненти на ова апретстава е визуелната, т.е. сценографијата на Катарина Шљачиќ која со својот базен и скалила над него точно го определува целото расположение на претставата на кое се приклучува и костимогравијата на Сташа Јамушаков која се фокусира на бела долна облека. Овие два одлично поставени визуелни антиподи зборуваат за едно многу универзално отсликување на аристократија која е на работ на исчезнување. На меката и глатка кореографија на Андрија Кулешевиќ одлично се провлекува и музиката на композиторот Новак Ашковиќ.
„Големата депресија“ е претстава за заумноста која ја продуцира едно време кое со својата лага ги уништува сите човечки вредности. Пиесата на Филип Грујиќ зборува за фрагилноста на човечката личност, за една совршено добро сокриена ординарност под плаштот на гламурот и сето тоа низ темните и магливи Њујоршки улици полни со просјаци и проститутки. „Големата депресија“ не е само приказна за трагичната судбина на бонвиванот Ибан Баерс, таа е една трагична фарса која зборува за ирационалноста и самобендисаноста на едно општество чие лицемерие, за жал го чувствува целиот свет дури и во овој, уште погрешен дваесет и први век.
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…