„Златна камера“ 300 ја доби Лукаш Жал за „Татковина“ на Павликовски на 47. „Браќа Манаки“
— 26 септември, 2026Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да биде во Битола, но е изненаден и почестен од наградата.
Годинава жирито во официјалната селекција за Камера 300 го предводеше оскаровецот Воли Фистер, заедно со Семи Капланоглу, Давид Шамбиј и Наташа Петровиќ.

Добитникот на „Златна камера“ 300, Лукаш Жал, кој се заблагодари и ги поздрави сите во салата преку видео порака
- Ви благодарам што сум повторно и годинава со вас на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Ова е магично место. Годинава имав можност да гледам многу филмови, за разлика од минатата година. Доаѓам од Холивуд каде се се врти околу парите и кога дојдов овде во Битола на вашиот фестивал видов уметност на големото платно и тоа ме воодушеви, рече Воли Фистер, кој ја доби наградата „Златна камера 300 минатата година на 46. „Браќа Манаки“.
Сребрена Камера 300 доби кинескиот кинематографер Жонгчијанг Лианг за „Непозната девојка“. Тој лично ја подигна наградата и се заблагодари за можноста во Битола да се сретне со неговите идоли од светската кинематографија. Бронзена Камера 300 Пол Спенгеман од Германија за филмот „До крајот на денот“.
„Наградата ми значи многу и ќе им ја посветам на студентите во Белград, кои сè уште се борат на улиците низ Србија“, рече Спенгеман.
„Кога дознав дека Агенцијата за филм го поддржа овој филм, пред 5-6 години, бев во овој град. Многу ми е драго што токму во истиот град, Битола, излезе и премиерата. Фала, Манаки, фала, Битола“, рече Јаниќијевиќ пред полната сала во Центарот за култура, а филмската екипа на крајот се поклони пред публиката.
По сценарио на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, филот е политички трилер со елементи на црна комедија ја прикажа најсуровата страна од работата на новинарите, кои во корумпираниот систем, опасните политички игри и уцените по животот на најблиските се обидуваата да направат сè за да го зачуваат својот личен и професионален интегритет. Работејќи во свет на корупција, злоупотреба на моќта и уцени, новинарите сепак ја објавуваат вистината, иако тоа ги чини живот.
Камерата е на Дејан Димески, играат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски. Монтажер е Мартин Иванов, композитор е Игор Василев Новоградска, дизајнер на продукција Иван Бартлинг, костимографка е Лидија Георгиева, дизајнерка на филмска шминка Снежана Ангеловска Живковска, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски.
Кристална Камера 300 за студентската програма ја доби кинематограферката Милда Јуодвалките за филмот „Зад ридот на Наполеоновата капа“. Од селекцијата на кратките филмови, Мала Златна Камера 300 освои Хулијан Амару Естрада за филмот „Никој не го познава светот“.
Жирито, кое одлучуваше за документарната програма, Железна Камера 300 ја додели на двајца добитници: Бенџамин Ечазарета за филмот „Кракатауа“ и Максим Катари за „Убавината на магарето“. Специјално признание доби и кинематограферот Ала Кеир за филмот „Ништо не се случува по твоето отсуство“, за вклучувањето на пустината во формат на слика 1:33, со ограничена опрема и специфичен мизансцен.
На церемонијата на затворањето преку магичен 3Д видеомапинг низ целата сала оживеаја снимените кадри на браќата Манаки. Директорот на фестивалот Димитрија Доксевски рече дека во изминативе седум дена се срушија рекорди по бројот на прикажани филмови – 82 – и одржани мастеркласови, работилници, како и по присуството на голем број кинематографери.













Напишете коментар