Почетна / Насловна / Некатегоризирано / Став / 45. ИФФК „Браќа Манаки“: Иднината на фестивалот зависи од она што ќе им го пренесеме на младите
45. ИФФК „Браќа Манаки“: Иднината на фестивалот зависи од она што ќе им го пренесеме на младите
— 1 октомври, 2024
На годинешното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, најстар фестивал и еден од трите фестивали во светот посветен на кинематограферите, кој се одржа од 21 до 27 во Битола, главната награда „Златна камера 300“ му припадна на германскиот филм „Наставничка канцеларија“ односно на кинематограферката Џудит Кауфман. Секако, одличен филм, безвременски, што се однесува до темата и пораката што ја пренесува филмот, а тоа е односот на системот, во овој случај образовниот, претставен преку наставниците од една страна и поединецот, односно младите кои што треба да не наследат и да бидат подобри од учителите, a нели, иднината на општеството зависи од знаењето и мудроста што ќе им ја пренесеме на нашите деца. Поединцитешто го сочинуваат системот, се, повеќе или помалку, способни да допрат до учениците и да постапат правилно во одредени ситуации на патот кон созревањето. Ова е филм за сите времиња и за сите возрасти. Филм кој се гледа во еден здив и кој не те „пушта“ ни за миг да ти одлетаат мислите во некој друг правец, филм со одлична динамика и режија, секако и одлична камера, но самата содржина на филмот, (дејството се одвива главно во училниците, спортската сала и канцеларијата на професорите), како да не и дава доволно простор на камерата да се искаже, да постигне одредена иновативност, едноставно да дојде до израз… На ова 45 издание се прикажаа многу добри филмови во кои видовме одлична режија и камера, како на пример кинескиот филм „Црно куче, кој остана без награда на овој фестивал. А тука е и „Девојката со игла“, најнов филм на Магнус фон Хорн, заснован на вистинска приказна од Данска во раните години по Првата светска војна. Фотографер е одличниот Михал Димек од Полска, кој е познат на битолската публика по одличниот филм во кој главната улога ја има едно магаре за кој филм е доби награда.
Но, секако и жирито го сочинуваат луѓе, кои покрај објективноста, со која ги донесуваат одлуките, ја имаат и субјективната страна градена под влијание на околината, нивниот сензибилитет, убедувањата, наклонетоста, образованието и тн.
-Ова беше многу тешка одлука. Сите филмови беа со многу интересна фотографија поради што многу ни беше тешко да одлучиме. Откривме дека филмот „Наставничка просторија“ имаше многу добра кинематографска поддршка и одржуваше многу добра и конзистентна слика која ја маѓепснички ја прикажа драмата во сценариото, рече Џон Сил, кинематографер од Австралија, соопштувајќи го името на добитникот на оваа награда, на церемонијата на доделувањето на наградите. А останатите членови на ова жири беа: француската кинематограферка , Ањес Годар, исландската кинематограферка Биргит Гудјонсдотир, нашиот Владимир Блажевски, македонски режисер и сценарист и Џевахир Шахин, добитник на „Златна камера 300“ минатата година, на 34 издание на „Браќа Манаки“ заедно со Курсат Уресин, за одличниот филм на познатиот турски режисер и фотограф, Нури Билген Цејлан за „Сувите треви“, одлука која кај малкумина ќе предизвика сомнение за нејзината исправност.
Жирито во овој состав одлучи и за наградите: „Сребрена камера 300“ и ја доделија на Ранабир Дас за филмот „Се што замислуваме како светлина“, индиски филм за којшто жирито зазеде став дека станува збор за мошне иновативна и интересна презентација на кинематографијата, додека „Бронзена камера 300“ му припадна на Расмус Видебек за филмот „Ветена земја“, со уште една одлична остварена улога во овој филм на познатиот дански актер, Мед Микелсен, одличен филм во сите аспекти и можеше да се најде и како добитник на Златна или Сребрена камера 300.
Посебно признание во главната селекција му беше доделено на Пабло Лозано, единствениот присутен од наградените, за аргентинскиот филм со религиозна содржина, „Хроники на една скитничка светица“. Приказна за еден постар симпатичен брачен пар, однос исполнет со љубов и разбирање. Признанието му го врачи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Најдобар краток филм кој ја доби наградата „Мала камера 300“ е бразилскиот „Амарела“ односно кинематограферот во овој филм, Хелсио Алемао. Во оваа програма можеа да се видат одлични кратки филмови, а во овие спаѓа и македонскиот филм „Мала шега“ во кој зад камерата стои Сергеј Сарчевски. Истото жири во состав, Ненси Шрајбер, претседателка, Уна Менгес и Ѓорѓи Клинчаров одлучуваа и за студентските филмови. За најдобра ја прогласи работата на Марго Бесон во филмот „Ананси“. Посебно признание доби Кинан Масарани за „Добро момче“.
Наградата „Железна камера 300“ за најдобар документарец ја доби Хатем Нечи за „Најголемата лага“. Жирито беше во состав: Куршат Уресин, претседател, Јани Петери Паси и Нурија Ролдос. Во рамките на Европската Ло-Кап програма беше награден Витаутас Каткус за филмот „Токсичен“. Последен филм што се прикажа на ова 45 издание на Манаки, со кој и се затвори фестивалот, беше македонскиот филм, „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец. Филм кој што од првиот кадар ве држи и не ве остава да здивнете, со одлична глума на младите актери, кои и глумат тинејџери во филмот кои случајно влегуваат во криминалното подземје. Убаво раскажана приказна со холивудска разрешница.
Посебно убав настан беше средбата со жените кинематограферки од различни земји, собрани во киното Манаки а така беше и насловен настанот, „Моќните жени на Манаки“, на кој се слушнаа прекрасни инспиративни приказни за нивните почетоци, определби, зошто ја одбрале оваа професија, нивните искуства како жени во оваа професија, макотрпна работа и истрајност да се изборат во оваа професија. Со присутните, нивните животни приказни ги споделија, Алис Брукс, Ненси Шрајбер, Агнешка Селига, Клери Пиџман, Брижит Гудјонсдотир, Кристина Новак, Тереза Медина и Уна Менгес.
„Моќните жени на Манаки“, слушнавме прекрасни инспиративни приказни за нивните почетоци
И оваа година фестивалот се покажа како добар домаќин, угостувајќи учесници и гости на фестивалот дојдени од повеќе странски земји, за кои се потруди престојот да им го направи убав и забавен, меѓу другото и со еднодневната прошетката во Охрид, да го видат овој наш убав град.Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа под мотото „Еден е Манаки“ во смисла дека овој фестивал е единствен во светот. И навистина е единствен по она што го гради и остава трага во филмскиот свет и тоа на глобално ниво.
Новинарите ветерани на 45 издание на Манаки: Душко Димитрoвски и Гордана Блажевска
Но, на крајот од овој текст да завршиме како што и почнавме, со младите и она што ќе им го оставиме, во овој случај, овој прекрасен фестивал. Прашање е колку фестивалот работи за да ја привлече младата публика, бидејќи во двете сали, Домот на културата и Кино Манаки, во кои се одвиваа проекциите, почесто се наоѓаа странските како и домашни гости поврзани со филмот, меѓу кои и новинарите, кои оваа година ги имаше во помал број во споредба со изминатите изданија. Единствено повеќе гледачи дојдоа за двата филма од САД: „Сценарио од соништата“ со одличната глума на Никола Кејџ, напишан и режиран од норвежанецот Кристофер Боргли, црна комедија, хорор и фантазија и „Избегани кукли“, филм кој спаѓа во квир програма. Фестивалот ќе мора да најде начин и да направи план, изготви стратегија или што и да е, да почнат да го посетуваат, пред се млади гледачи, во поголем број. Една индијанска изрекавели, а се однесува и за се останато: „Однесувајте се добро кон Земјата, не сте ја наследиле од вашите родители, туку сте ја позајмиле од вашите деца“. Всушност, ние сè позајмуваме од идните генерации. Иднината на општеството зависи од знаењето и мудроста што ќе им ја пренесеме на нашите деца.
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…
На годинешното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, најстар фестивал и еден од трите фестивали во светот посветен на кинематограферите, кој се одржа од 21 до 27 во Битола, главната награда „Златна камера 300“ му припадна на германскиот филм „Наставничка канцеларија“ односно на кинематограферката Џудит Кауфман. Секако, одличен филм, безвременски, што…