Почетна / Некатегоризирано / Димек и Јоланда, кинематографери од Полска: искуството е единственото нешто што останува кога работите на филм
Димек и Јоланда, кинематографери од Полска: искуството е единственото нешто што останува кога работите на филм
— 24 септември, 2024
Кинематограферот на филмот „Девојката со иглата“, Михал Димек, на прес коференцијата рече дека имале мошне долг подготвителен период и одлучиле да се фокусираат на убави детали, да ја следи динамиката на приказната која е мошне интуитивна. Филмот почнал да се работи во Данска, потоа Шведска влезе како копродуцент и Полска како копродуцент…и целата работа ја преместивме во Полска поради малиот буџет. Искуството е единственото нешто што останува кога работите на филм, искуство што го применувате во понатамошната работа, рече Димек. Тој низ црно-бела визура ја наслика драматичната приказна од периодот на Првата светска војна, работена според вистинска приказна. Долгите и темелни претподготовки со режисерот Магнус фон Хорн многу придонеле филмот да биде снимен за помалку од 30 дена. Иако дејството се случува во Копенхаген, поради исклучително малиот буџет снимале на локации во Полска.
– Тоа беше добро решение зашто тешко би го доловиле времето пред 100 години во Копенхаген каде денес секој објект е реновиран и во одлична состојба. Цело време додека снимавме имаше отворена и постојана комуникација меѓу актерката и режисерот. Магнус прикажа женска приказна од машка перпектива. Раскажува многу тешка тема која секако влијаеше на секој од нас, и по снимањето имавме сите малку одмор, рече Димек.
Фокусот на лицето е мошне важен во кариерата на Јоланта Дилевска, годинашна добитничка на наградата Специјална камера 300 за особен придонес во филмската уметност. Филмот „Тулпан“, чија кинематограферка е токму Дилевска. Таа на прес конференцијата говореше за нејзиното фокусирање на лицата на луѓето и животните и зошто тоа е толку многу важно за неа, за жените кинематограферки, но се осврнаи на значењето на наградата која и беше врачена на свеченото отворање.
-Би сакала да истакнам дека јас и Михал Димек дипломиравме на Полската национална академија за филм. Кога дојдов да студирам на Академијата никој не веруваше дека е возможно жена да биде кинематогафер. Само еден професор кој е познат полски кинематографер, Јержи Војчик, веруваше во мене и создадовме силна конекција како ученик и професор. Тој имаше холистички пристап и не учеше дека камерата снима и она што се гледа и она што не се гледа. Му приоѓам на лицето како на огледало низ кое минува времето. Мислам дека најинтересно нешто е лицето пред камерата без оглед дали станува збор за документарен или играм филм, рече Дилевска.
Марко Брдар, кинематограферот на филмот „Безбедно место“ во рамките на европската Lo-Cap програма, денеска на средбата со новинарите проговори за темата која ја обработува филмот, со оглед на тоа дека станува збор за мошне вознемирувачки филм-интимна приказна која говори за самоубиството на авторот на сценариото на филмот.
-Режисерот го знаев само како братот на Јаков, но кога дознав дека сака да снима филм за оваа приказна веднаш се вклучива и поминав две години со него работејќи на филмот, рече Брдар.Секогаш сакам да преснимам кадри. Се разбира, тоа никогаш не е возможно.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…