Култура

Заканата за крајот и свртувањето кон почетокот

(Кон претставата „Геа“, во режија на Давиде Сако и во изведба на театарската трупа Ерос АнтЕрос, фестивалот Полис од Равена, во копродукција со фестивалите ФИАТ од Подгорица и МОТ од Скопје. Главна улога: Агата Томшиќ)

Геа или Гаја е персонификација на Земја, синоним за прагматиката на животот отелотворена во божица која ги родила Титаните, Киколопите и џиновите, а од друга страна апологет на вечните конфликти што човекот ги носи како своја борба или можеби револуција. Претставата на Ерос АнтЕрос се занимава со човековиот насетен дефетизам кон својата околина, но и кон самиот себе. Синонимот Земја во концептот на Давиде Сако е еп кој трае бесконечно затоа што историјата ја пишуваат не само победниците, туку и хероите, оние што се жртвувале за различни каузи. Фундаменталните придобивки на нашата планета се подарок, како што е и животот подарок, но се и обврска, па така овој начин на мислење е крајно референтен на значењето на земјините богатства и нивното инкорпорирање во човековиот физички и духовен корпус.

„Геа“ на многу наврати зборува за небрежноста и елементарните човекови гревови апликативни на земјиниот животен циклус, а една од круцијалните ангажмани на оваа претстава е улогата на човекот во задржување на својата околина и конечно на развојот на нејзините придобивки. Концептуално, „Геа“ е замислена како визуелен дијалог со човековиот дух, па така освен главната улога на Агата Томшиќ, во оваа претстава мошне симболично се појавуваат и нејмладите изданоци на човковиот род: младите и децата. Во овој режисерски ракопис се издвојува едно многу важно прашање, а тоа е: може ли земјата, нашиот есенцијален родител, да се реконтекстуалириза? Дали се можни преформулации на она што значи пририоден мејнстрим и дали човекот ќе ја заземе нејзината улога во некоја утописка или дистописка иднина? Визуелната компонента на претставата не носи и во минатото, но и во иднината. Актерите излегуваат и од публиката, а влегувајќи во длабочината на сцената ни намекнуваат една загриженост која веројатно ја насетуваме во нас, но немаме храброст да си ја признаеме. Освен Агата Томшиќ, која со малку актерски изразни средства создава многу интересн лик на божица чија грижа е доминатна и чија тага е неутешна, во претставата учествуваат и студенти од ФДУ во Скопје кои создваат еден друг актерски корпус сосема референтен на несреќните природни рекапитулации иницирани од човекот. Затоа нивните реплики излегуваат од безживотните челусти на гмизавците, нивните движења говорат со јазикот на очајот, а децата што се обидуваат да си поиграат на таа пуста земја се само предупредување дека ќе ги има се помалку. Геа на Агата Томшиќ се навраќа кон елементарноста и настанувањео на човековиот вид, но нејзината тага и нејзината надеж кои Агата Томшиќ ги одигрува со голема посветеност говорат за една длабока загриженост која планетата Замјеа веќе сериозно ни ја донесува пред очи.

RAVENNA FESTIVAL. GAIA – ErosAntEros ideazione Davide Sacco e Agata Tomšič

Давиде Сако гради театарски настан со голема импактност. Говорејќи за климатските промени, во оваа претстава и тој како режисер, а и Агата Томшиќ како актерка, а во голем дел и студентите на ФДУ многу сликовито ни ја отвораат бездната во која ита човекот несвесен за своите социјални и општествени застранувања.

„Геа“ е претстава – трактат, претстава – ораториум, претстава – крик чие ехо е заглушувачко, а чија порака далекусежна. Едноставноста на ова претстава е референтна на комплексноста на проблемот кој човекот го фрла кон себе како бумеранг, проблем кој на некој начин станува почеток на крајот доколку процесите на глобалното затоплување и климатските промени продолжат со исто темпо. Емотивната улога на Агата Томшиќ заедно со моќниот режисерски израз на Давиде Сако ги контекстуализраат најгорливите проблеми на човековиот род повикувајќи се на митот како иницијација, така што наративот на текстуалната матрица неоптоварен со непотребни обајснувања влегува во мислите на гледачот отворајќи го овој проблем како најсуштествен и длабоко алармантен.

„Секој од нас мора да дејствува.

Ова е нашата последна шанса да направиме нешто.

Нашата последна шанса да го спасиме светот каков што го знаеме.

Ние немаме резервна планета.

Ова не е вежба.“

Ова се репликите што делуваат како молња и околу кои овие двајца исклучително талентирани театарски уметници ги расплетуваат сите последици од небрежноста на човековиот вид. Секако, овде би требало да се споменат и музичкиот дизајн на Давиде Сако со особена моќна изведба, но и костимите на Аријана Фантин чиј колорит се еден вид на пан дан на земјата и морето, а една од најинтересните и најатрактивни компоненти на ова апретстава е видеото на Франческо Теде.

„Геа“ или „Гаја“ е симбиоза на животот кој континуирано започнува и завршува. Циклусот на самата планета Земја е идентичен на оној на човекот, а нивниот заеднички, метаболитички процес ја формира рамнотежата која човековото рацио може да ја уништи многу побрзо отколку што би ја одржал. Токму затоа сликовитоста и актерскиот израз на учесниците на „Геа“ треба да ја отворат нашата свесност за она што значи „овде и сега“ на нашата есенција, на нашата духовна траекторија.

Рецензија на Сашо Огненовски

Слични статии