(Кон претставата „Евангелие по Достоевски“ по текстови од делата на Ф.М. Достоевски, во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српскиот Народен Театар од Нови Сад. Главни улоги: Душан Вукашиновиќ, Радоје Ќупиќ, Ненад Пеќинар, Марија Меденица, Димитрие Аранѓеловиќ)
Епистемолошкото потекло на зборот „евангелие“ е „радосна вест“, додека во прагматична смисла тоа се раскази за животот на Исус пишувани од неговите ученици. Ова го пишувам за да се обидам да го најдам начинот на кој раскажувањето за делата на Достоевски и неговиот живот во концептот на Јернеј Лоренци и играта на актерите на театарот од Нови Сад се претвора во потсетување на нашите ригидитети, на нашите темни посланија од никаде, на нашите потиснувања на среќата, на нашиот евентуален преграб нерсеќа, на нашите погубни констатации и конечно на нашето вкусување на ледениот здив на смртта. Тој начин е тесно поврзан со режисерскиот ракопис на Лоренци кој добар дел од неговите последни режии ги „раскажува“ создавајќи една многу продуктивна дистанца која не е ни по Брехт, а ни по последните драмски апсурдисти.
Ова симбиличко и метафорично одделување од текстот и негово „метаболизирање“ во израз натопен со „став“ и „однос“, многу повеќе отколку со емотивен полнеж прави мотивот да се расточи на моменти што во нас се претвораат во сеќавање и во повлекување на нашето животно искуство од комотната зона во јавната сфера и во соголувањето на нашиот духовен набитус, остро и некомпромисно. Исто како и во „Орфеј“, „Ајхман во Ерусалим“, можеби и во „Илијада“, и во оваа претстава се отвораат и дилемите, но и неодлучноста на мотивите на Достоевски за, преку раскажувањето на делови од неговите дела да се допре многу тенката и длабока повразност со демоните што го навеле овој голем проазист да ги стави ха хартија. Конечно, актерскиот ангажман и симболистичката шема на Лоренци се на некој наин компатибилни со формулирањето на самиот Достоевски токму на своите мотиви во проза.
Дали раскажувајќи го својот живот ние се криеме зад него? Дали сме начисто со смртта и со злото кое го сретнуваме многу често и се обидуваме да се оддалчеме од него за тоа да не дојде и на нашиот праг? И конечно, дали Господ Бог и Ѓаволот се борат на нашиот терен, таму каде што духовноста треба да го одвои човекот од лесномисленоста и лакомоста, од наивноста и крвожедноста. „Евангелие по Достоевски“ е претстава која прекројувајќи ги извадоците од делата на Достоевски ги контекстуализира во една модерна матрица која ние сакале или не ја чувствуваме и ја носиме во себе. Првиот дел од претставата е чудно и некако суптилно поистоветување на актерите со мотивите од раскази и романи на Достоевски. На сцената која претставува леплива и неизбришлива кал, актерите се обидуваат мотивите од прозата на Достоевски да ја вовлечат во својата интимна матрица, да ја почувствуваат на еден сосема друг начин, поинаков од оној што наметнува конвенционално одигрување на ликот. Овие разговори повремено се рекомпонираат во исповеди и тоа циркулирање на прозата на Достоевски низ актерскиот хабитус преку нивните исповедни монолози открива еден сосема друг квалитет кој можеби означува синергија која својата крајна цел ја има кај нас, гледачите. Вториот дел од претставата е повеќе посветен на романот „Браќата Карамазови“ каде што актерските персоналитети се претопуваат со ликовите на тројцата браќа и некако се спојуваат со нивните филозофски полемики. Јернеј Лоренци во овој дел импрегнирал симболика која ја формулира низ музички, но и низ визуелните конструкти кои совршено се вклопуваат во актерскиот израз кој се чини дека е крајниот продукт на ова театарски истражување. Овде би го истакнал извонредниот монолог на Душан Вукашиновиќ кој од позиција на Иван Карамазов говори за темниот дел од човековата душа инспирирано, емотивно и со одлична актерска експресија.
Во овој монолог можеме да ја согледаме целата интенција на оваа претстава, но можеме да ја извлечеме и пораката која „евангелието“ не го третира како продуховена приказна, туку како сурова и тешко искажлива вистина. Душан Вукашиновиќ низ овој сјаен монолог сака да не праша дали ни е тешко да бидеме искрени и дали ќе заминеме во смртта неискажани, излажани и недостојни. Осцилирајќи меѓу Иван Карамазов и себеси/ние, овој сјаен актер го преформулира мракот од сите нас во едно недофатливо тело кое не сакајќи го носиме со себе и не можеме да го отрфлиме. Затоа е недофатливо. Низ овој извонреден монолог кој трае исклучително долго, Вукашиновиќ се прашува и себеси и другите: каде е животната радост на човекот кој смислил неискажливо зло и зошто не престанува да го прави тоа исто зло гледајќи го неговиот ефект и неговите последици.
„Евангелие по Достоевски“ е претстава есеј, како што се и другите претстави во театарскиот ракопис на Лоренци. Како кондензат на неговите дела е и ликот на старецот во одличната интерпретација на Радое Чупиќ кој и преку Зосима, а и преку моделот на мудроста со која се поигрува и самиот Достоевски зборува за една многу сигнификантна отуѓеност која можеби е другата страна на координатата во темната матрица на современото живеење. Таа матрица ја сочинуваат компактните и органични, одлично артикулирани актерски партитури на Димитрие Аранѓеловиќ, Марија Меденица, Ненад Пеќинар, Лидија Стевановиќ, Соња Кеслер, Нина Пророчиќ Рукавина.
Визуелниот аспект на ова апретстава е минималистичката сценографија на Бранко Хојник која е заглавена во калта како површина која потсетува на тој темен дветнаесетти век, но и прекршена низ расфрланите реквизити чија семантика многу возбудува за во перспекттива да ги видиме и видеата намекнати од фотографиите на децата што актерите ги донеле со себе. Оваа визуелна верикала совршено ја надополнува костимографијата на Белинда Радуловиќ, а која се движи од конвенционално темната боја на прототиповите на Достоевски се до модерната колоритност на митските детали. Музиката на Бранко Рожман и Димитрие Бељански совршено добро го следат внатрешниот мрак со којшто се занимава оваа претстава повремено оставајќи еден мошне ригиден впечаток на катастрофичност.
Достоевски во своите дела се занимавал со злите сили во човекот и успеал во нив да закова дел од темните коридори на неговата душа и живот. Во „Евангелие по Достоевски“ тие мракови стануваат автентични и за ова време. Лоренци и актерите се обидуваат да ни покажат дека злото е нераскинлив дел од човековиот живот и неговата темна страна секогаш ќе биде присутна, само што таа, веројатно ќе има сосема поинакво обличје во зависност од нивото на цивилизацијата и дека нејзината софистицираност ќе биде само една темна патека на човекот кон другиот свет. Секако дека и Достоевски оставил многу неодговорени прашања. Ако сме ги одговориле сите што ќе ни е земскиот свет. Или можеби не чека некое ново откровение?
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…