Почетна / Насловна / Настани / Краткиот „Дали си маж?“ на Ѓорче Ставревски и „Зад стоговите сено“ на Асемина Проедру, го отворија осмото издание на МФФ „Киненова“
Краткиот „Дали си маж?“ на Ѓорче Ставревски и „Зад стоговите сено“ на Асемина Проедру, го отворија осмото издание на МФФ „Киненова“
— 14 октомври, 2023
Во преполнетата сала во едно од кината на „Синеплекс“ во Скопје Сити Мол, вчеравечер започна осмото издание на МФФ „Киненова“ а се отвори со филмовите, краткиот „Дали си маж“ на Горче Ставревски и веднаш потоа долгометражниот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу. Со слоганот „Прв филм, осмо сетило“, во текот на следните шест вечери во кината на Синеплекс ќе може да се почувствува моќта на филмот. Овој фестивал ги слави делата на новите филмски автори кои доаѓаат и ги предводат новите бранови во филмската уметност.
Бранимир Јовановиќ, директор на фестивалот, режисерките, Елеонора Венинова (лево) и Асемина Проедру
Фестивалот го отворија македонската режисерка Елеонора Венинова и грчката режисерка Асемина Проедру, која се заблагодари на честа да го отвори фестивалот со проекцијата на нејзиниот филм „Зад стоговите сено“.
-Киненова е еден од ретките фестивали во Македонија и во регионот што ги слави првите, вторите и третите долгометражни филмови што за нас авторите е многу значајно. Ова е фестивал кој сака да ризикува и да открива нови филмски автори. Уште повеќе ми е драго што ќе го отвориме заедно со мојата колешка Асемина Проедру од Грција со која се запознавме пред десет години на фестивал во Драма, Грција, каде беа прикажани нашите кратки филмови, а сега десет години подоцна се среќаваме во Скопје на фестивал со нашите први долгометражни филмови, рече Венинова.
Нашиот познат драматург, Дејан Дуковски, е член на трчленото жири на Фестивалот заедно со Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер од Полска и Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија
Следуваа проекции на краткиот филм на Ѓорче Ставревски „Дали си маж?“ и „Зад стоговите сено“ на Асемина Проедру, а на српскиот актер Бранислав Лечиќ му беше врачена наградата за особен придонес во филмската уметност.
-Филмскиот актер е тој што ги оживува и ги остварува сите замислени емоции и слики на авторот и режисерот. Актерот е тој кој ги носи најсилните пораки преку ликовите кои ги гради и оживува. А нашиот лауреат оживеа многу ликови на филмското платно и со својот став и посебен актерски сензибилитет одбележа едно време на овие простори, беше речено при претставувањето на годинешниот лауреат на наградата за посебен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ.
Наградата на лауреатот му ја врачи директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, кој раскажа дека улогите на Лечиќ ја одбележале неговата младост.
-Во својот уметнички живот кој брои 45 години сум добил многу награди, како млад, во средни години, и театарски, и филмски, и меѓународни, и на домашен терен, и не само во Србија, туку и во целиот регион, но, морам да ви кажам дека оваа награда за мене претставува нешто особено. Таа гласи за посебен придонес во филмската уметност и навистина ми е драго што во таа уметност, која многу ја ценам можам некако да придонесам. Македонија ја сакам и ги ценам вашите уметници бидејќи имате квалитетни филмски уметници и актери. Секогаш сум бил инспириран кога сум се среќавал во вашите уметници и во театар и на филм. Наградите обично се добиваат на крајот од кариерата, тоа се награди кои некако сублимираат и прават некаков круг, собираат некаква работа, но јас оваа награда нема така да ја доживеам. Се чувствувам дека сум во полна сила, што можеби е парадокс, но тоа е навистина мое чувство и оваа награда ќе биде моја инспирација да дадам уште поголем придонес во филмската уметност, рече Лечиќ.
Присутните ги поздрави и Малгоржата Скулска, директорка на полскиот патувачки филмски фестивал „Вистула“, кој од минатата година соработува со Киненова и ја презентира полската кинематографија.
-Прв пат сум во Скопје и многу ми се допаѓа. „Вистула“ ја формиравме пред 16 години и полската кинематографија ја презентиравме досега во 28 држави. Четири полски филмови ќе бидат прикажани на Киненова и ве поканувам да ги погледнете, рече Скулска.
Годинава за филмовите во главна конкуренција ќе одлучуваат членовите на меѓународното жири: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…