Почетна / Насловна / Настани / „Кралицата на танцот“, „Фантастичната тројка“ и „Сестри“ – најдобри филмови според жирито на 11. „Џифони Македонија“
„Кралицата на танцот“, „Фантастичната тројка“ и „Сестри“ – најдобри филмови според жирито на 11. „Џифони Македонија“
— 12 октомври, 2023
Норвешкиот „Кралицата на танцот“ во режија на Аурора Госе за јуниорите, францускиот „Фантастичната тројка“ на Михаел Дихтер за кадетите и македонскиот „Сестри“ на Дина Дума за сениорите се најдобрите играни филмови за кои гласаше жирито на 11. Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Наградите беа соопштени синоќа на затворањето на фестивалот во преполната сала на скопското кино „Милениум“.
Најдобри кратки филмови според возрасни категории беа – „Магијата на Валентина“ на Ан Кристин Жирардо од Холандија (јуниори), „Марипоза“ на Маурицио Форчела од Италија (јуниори) и „Врати се дома безбедно“ на Тамара Дениќ од Германија (сениори).
Во категоријата на анимирани филмови за најдобар филм е прогласен „Ана Морфоз“ во режија на Жоао Родригез од Португалија, а најдобар краток филм снимен од ученик е „Средба“ во режија на Анастасија Петровиќ од Србија. Младите џифонци од земјава и од странство низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии покажаа што научиле во изминатите пет фестивалски дена. Низ работилниците ги водеа врвни професионалци: Роберт Јанкулоски (фотографија), Ладислав Цветковски и Линда Трајкоска (дигитален дизајн), Мартин Чичовски (видео репортажа), Здравко Гиров и Давор Драмиќанин (стрип), Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов (видео во еден кадар) и Филип Лафазановски (едноминутно видео) кои работеа со кадетите и сениорите. Работилниците за јуниори ги водеа: Моника Мотеска (ликовна уметност), Лада Шоптрајанова-Петровска (мјузикл) и Предраг Вукосављевиќ (краток филм).
Со громогласен аплауз младите џифонци го поздравија настапот на јуниорите од работилница за мјузикл, кои ја изведоа песната This is me од мјузиклот „Најголемиот шоумен“. Следуваа проекции од сите изработени филмови, цртежи, графички работилници, стрипови, фотографии.
– Имавме повеќе од 500 учесници од повеќе земји, гледавме филмови, работевме, разговаравме и најважно – се забавувавме. Ви благодариме за ова искуство, беше фантастично за сите. Вие ова го направите – рекоа водителките чии зборови џифонци ги наградија со бурни овации. Присутните ги поздрави Марио Де Роза, заменик амбасадор на Италија во нашата земја и самиот поранешен џифонец. Тој ги соопшти наградите ЕПИК (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity). Овој проект е новина на фестивалот и преку креативноста на младите го промовира мирот, а е поддржан од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка. Во оваа категорија беа доделени три награди во категоријата краток филм: за млад автор, за автор од Балканот и награда за најдобар ЕПИК филм. – Среќен сум што сум тука повторно и што гледам дека фестивалот расте. Ова е многу важно за соработка и дијалог меѓу вас младите кои доаѓате од различни земји и култури, од различни религии. Токму тоа е поентата на проектот ЕПИК, затоа продолжете да го промовирате мирот и слогата, особено во овој момент тоа ни е на сите најнеопходно. Фантастични сте, и секоја година сте сè подобри – рече Де Роза.
ЕПИК наградата за најдобар филм од млад автор ја доби американскиот „Смрт во Нормандија“ на 13-годишниот Лео Кан, Дамир Мехиќ од Босна и Херцеговина ја доби ЕПИК наградата за автор од Балканот за филмот Going Diaspora, а за најдобар ЕПИК филм е прогласен „Светла“ во режија на Јитка Немикинсова од Чешка. Традиционално беа објавени имињата на дел од џифонците од нашата земја кои ќе нè претставуваат на „Џифони Италија“ идната година. Михаела Душански, Максим Јосевски, Срна Ѓорѓиевска и Вања Марковиќ беа избрани меѓу најактивните учесници на ова издание според традиционалните критериуми. Оваа година беше воведена и една новина: во вид на „лотарија“ беше извлечено едно име од сите оние што годинава биле домаќини на учесник од странство, а најмногу среќа имаше Билјана Савиќ. Останатите претставници за гостување на фестивалот во Италија и на другите партнерски фестивали ќе бидат избрани во следните месеци.
Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, како и од Град Скопје, МКЦ, Кинотека на Македонија, Амбасадата на Италија во Скопје, како и спонзорите: Роса, Дивела, Фиат и Херц, Макдиа, Европорц, Конфиндустрија на Северна Македонија, Ресторанот „Џино“, „Пакомак“ и бројни пријатели и поддржувачи.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…