Почетна / Насловна / Настани / Турскиот филм „За сувите треви“ од 197 минути е уште едно ремек дело на Нури Билге Џејлан
Турскиот филм „За сувите треви“ од 197 минути е уште едно ремек дело на Нури Билге Џејлан
— 26 септември, 2023
Проекцијата на турскиот филм „За сувите треви“ од познатиот турски режисер Нури Билге Џејлан, предизвика големо интересирање и покрај тоа што филмот трае 197 минути а почна речиси во 22 часот. Следниот ден на прес конференцијата, што исто така беше посетена од голем број новинари и филмски работници, беа кинематограферите Куршат Уресин и Џевахир Шакин, кои одговараа на прашања поврзани со филмот како и за нивната кинематографска работа, за соработката со познатиот режисер и за необичната одлука на режисерот да ангажира двајца кинематографери за овој филм.
-Одлуката да ангажира двајца кинематографери секако беше на режисерот, а ние знаејќи го како тој работи, лесно ни беше да се усогласиме во нашата работа, посебно во однос на фотографијата и во однос на светлото,
-Откако го прочитавме сценариото, одредивме и со кои објективи ќе се снима и на кои локации. Беше одлучено да се снима на три локации: Екстериерите се снимени во зима во некои денови таа беше -30 С ц, втората ликација беше во училиштето и во домовите на главните актери и третата локација исто така екстериер, се снимаше во лето. Следно беше со колку објективи ќе се снима, па се прилагодивме на нешто што веќе ни беше познато со оглед на тоа што режисерот веќе има еден препознатлив стил. Негативната линија и мрачноста на главниот лик сакавме да ја доловиме со светлото и со камерата. Сакавме да го насликаме внатрешниот психолошки свет на ликовите, па така Садек секогаш беше во сенка, за разлика од останатите ликови кои беа осветлени, рече кинематограферскиот тандем.
Во филмот има и колаж на фотографии кои се направени од режисерот и неговата сопруга, кои се мошне познати фотографи, но и фотографии кои ги направиле додека ги барале локациите за снимање. Во моментот додека се одржува овој фестивал, режисерот Нури Билге и неговата сопруга се автори на фотографии од нивна заедничка изложба што е поставена во Истанбул.
Ракел Фернандез Нуњес е потпретседател на шпанската кинематограферска асоцијација и една од најдобрите шпански кинематографери. Добитничка е на „Награда за најдобра жена кинематографер“ на Фестивалот на независен филм за жени во Лос Анџелес.
Нејзиниот филм „Анка“ во рамките на документарната програма на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ вчера беше прикажан во киното „Манаки“. Во филмот станува збор за жени кои преживеале насилство.
-Во фокусот ни беше да ја истражиме болката што ја преживеале овие жени, биографскиот дел не ни беше важен. Тешко беше да се допре до нив и затоа одлучивме да работиме со екипа која ќе биде составена само од жени за тие да се чувствуваат покомотно. Во спротивно сметавме дека нема да проговорат за насилствата кои ги преживеале, рече Ракел Фернандез Нуњес.
Гијом Ле Гронтек, кинематограферот на филмот „Кратко патување“ кој имаше премиера на фестивалот во Венеција, а вчера беше прикажан и на „Браќа Манаки“ денеска на прес-конференција рече дека е многу среќен што е во Битола заедно со неговиот филм, работен со мошне млада и талентирана актерка и режисерка која е во подем.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…