Култура

Промовирана збирка ноти забавни мелодии од композиторот Љубомир Бранѓолица

„Збирка на вокални дела на композиторот Љубомир Бранѓолица од опусот на популарната музика“ е наслов на проектот од кој што произлезе изработка на збирка ноти „Поп – музика за Пијано и глас“. Збирката се состои од 20 нотографирани композиции од композиторскиот опус на забавна – поп музика.

Создавањето на оваа збирка на ноти е продукт на долгогодишна работа на евидентирање, архивирање и дигитализација на богатото музичко наследство што го создаде композиторот Љубомир Бранѓолица.

„Со оваа збирка ноти од опусот на популарната – забавна музика , на своевиден начин му се заблагодарувам на композиторот за долгогодишната соработка која ја имавме и верувам дека оваа збирка на ноти ќе претставува вреден извор за сите музички изведувачи, композитори и љубители на музиката.“ – рече авторот на овој проект, Андреj Блажевски.

Збирката ноти „Поп – музика за Пијано и глас“ е поставена и е достапна на онлајн архивата Бранѓолица

Линк до Архив Бранѓолица :

https://ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica/%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B8

Проектот e подржан од страна на Министерството за култура на Република С. Македонија

Автор: