(За четириесеттото издание на Театарскиот фестивал во Алмада, Португалија, 4-18 јули, 2023 година)
Театарските фестивали се еден вид на рекапитулација на театарскиот моментум, но и едно своевидно патување во светот на новите промислувања. Во текот на четирите децении, овој исклучително значаен фестивал на своите сцени донел големи театарски имиња како што се Питер Брук, Питер Штајн, Еимунтас Некрошиус, Оскарас Коршуновас, Лаура Бети итн. Алмада е мало, но живописно местенце на само пет километри од Пацификот, во кое стигнувате поминувајќи го големиот мост при напуштањето на Лисабон. Маѓијата на овој театарски фестивал е токму имагинативноста на селекцијата на театарски претстави кои се одигруваат на просторите на театарот Жоаким Бените, во дворот на училиштето Д. Антионио де Коста и во велелепниот културен центар „Белем“ во Лисабон. Овогодишните театарски имиња кои ја посетија живописната Алмада се Питер Штајн, една од најголемите живи театарски легенди кој ја потпишува режијата на Пинтеровата „Роденденска забава“, продукција на Театарот Тиефе од Милано, Италија, големиот кореографски маг Охад Нахарин чија извонредна кореодрама „Момо“ во продукција на неговата „Батшива танцова компанија“ ја гледавме во културниот центар „Белем“, монодрамата (или можеби дуодрама) на Мило Рау „Еverywoman” по текст и во изведба на Урсина Ларди, а во продукција на театарот Шаубине од Берлин, Германија, како и одличната продукција на Калдероновиот „Животот е сон“ на Националниот класичен театар од Мадрид во режија на Диклан Донелан. Во меѓувреме, покрај овие големи театарски имиња на фестивалот се случија и уште 14 претстави од Франција, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Либан. Овде би требало да ги споменеме и претставата „Еден, два, три“ авторски проект на швајцарскиот кореограф Мартин Цимерман, маѓичните претстави на францускиот компании на Јоан Буржуа (Полноќ) и на акробатската трупа „Галактик“ чија претстава „Оптракен“ ја фасцинира публиката. Секако, не можеме да не се осврнеме и на неколкуте мошне интересни монодрами на Либанската актерка Ханан Хаџ Али „Џогирање“, на Експерименталниот театар Каскаис со изведбата на монодрамскиот текст на Даг Рајт „Јас сум својата сопствена сопруга“ во изведба на Марко д’Алмеида, на монодрамата на Руи Д. Силва „Екипа“ по текст на Алфонсо Круз, како и на монодрамата на шпанскиот актер Гонзало Чунили „Енциклопедија на болката. Том прв: ова не е засолено од овде“.
Фестивалот во Алмада е совршен спој на новиот театарски навев и експериментот со жанровите. Театарските форми се менуваат и носат нови начини на мислење. Во текот ан своите четири децении постоење, од еден локален фестивал, овој театарски фестивал стана еден од најзначајните на светската мапа на театарски фестивали. Неговата волшебност доаѓа од посветеноста на неговите организатори, но и од разноликоста на театарското промислување. Самиот тој, на некој начин претставува пресек на се она што е ново и интересно во театарскиот свет. Така, публиката која ја имаше во огромен број можеше да го проследи новиот концепт на Диклан Донелан кој донесе сосема поинаков прочит на класичниот текст на Калдерон, да ужива во брилјантната интерпретација на Сигизмундо на Алфредо Новал, млад и моќен Шпански актер, можеше да се соочи со строгата и остра конципираност на големиот Питер Штајн кој првиот драмски текст на Харолд Пинтер го постави точно на сечилото на егзактното отчукување на дејствието на овој голем драматичар, кој ни намекна дека реализмот не е такстаивен, туку е длабоко понирање во општественото и социјално лудило правејќи го овој драмски текст напишан пред скоро седумдесет години да биде исклучително актуелен. На сцените во малата Алмеида која во тие две недели блескаше со маѓијата на театарот, можевме да ги проследиме и ригидните понираа во новите театарски изрази што ни ги донесоа француските акробати на „Галактик“, но и на чудното поимање на животнит епроцеси на Јоан Буржуа кој акробатиката на некој начин успеа да ја метаболизира во актерскиот израз. Овде не можеме, а да не ја споменеме емигрантската драма на трупата „Номад “ од Франција која на еден многу интересен (музички) начин ја донесе достагата на имиграциските трауми низ текстот и режијата на Абделвахеб Сефсаф, еден особено интересен театарски подвиг кој отвори многу прашања во врска со имиграцијата и нејзините трауми.
Фестивалот во Алмада не може да се пофали само со својата шареноликост. Овој прекрасен театарски фестивал во себе носи театарски живот кој се живее и надвор од претставите, низ комуникацијата со театарските уметници, низ инспиративниот простор каде што се сретнуваат тие театарски уметници, низ дебатите и изложбите на значајни Португалски уметници како што е Жоао Мота, а и низ концертите кои секоја вечер ги разубавуваат тие средби.
На овој фестивал секако учествуваше и самиот театар на Алмада насловен по неговиот доајен Жоакин Бените со продукцијата „Голгота“ по текст и во режија на Родриго Франциско, кој е и директор на фестивалот, една многу интересна комедија чија тема е самиот театар, што е уште еден мошне интересен аспект во целиот феативал.
Ова зборува дека фестивалот во Алмада во својата концепција ги има двете најважни компоненти: актуелноста и ангажманот. Акуелноста е аспект кој зборува за тоа дека на овој фестивал доаѓаат големи театарски имиња со продукции кои го претставуваат театарското „сега и овде“, а ангажманот е аспект кој ни поткажува дека овој фестивал се занимава со многу жешки теми кои ја интересираат човечката цивилизација како што е имиргацијата, социјалните немири, интимните отуѓувања итн. Родриго Франциско како прв човек на овој фестивал направил концепција која со актуелноста на театарските промислување и ангажманот на самиот фестивал од него да направи автентичен театарски настан достоен за секоја почит. Театарскиот момент со овој фестивал станува вечност. Живописноста на малата Алмада и големиот артизам на Португалија се поле на кое се одигруваат најголемите театарски доживувања, начини на мислење кои се на некој начин координата на светскиот театар. Уметниците што застанаа на сцените на Алмада и на центарот „Белем“ во Лисабон донесоа синтеза на една креативност која е флуктуална и која низ тивките чекори на балетските играчи на Охад Нахарин и крикот на несреќниот Сигизмундо во брилјантната креација на Алфредо Новал ни претскажуваат дека човековиот живот не е само судбина, дека уметноста е израз кој ќе ја пронајде новата порака и ќе не поведе во свет брз лага и измама и дека овие уметници ќе остават зад себе неизбришлива трага во ерата на новиот хуманизам.
Театарскиот фестивал во Алмада ни ја донесе и апстракцијата, но и стварноста на едно време кое е турбулентно во внатрешноста на својот организам, но ни донесе и една надеж дека светот кој живее во информатичката бура и новите милитантни чекори не смее да го заборави човекот, оној без кого ќе остане само пуста земја. И таа порака е силна и несовладлива.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…