(Кон претставата „Животот е сон“ од Педро Калдерон де ла Барка во продукција на Театар „Зонг“ од Софија, Бугарија, а во режија на Дина Маркова. Гл. Улоги: Бојан Арсов, Вјара Коларова, Константин Икономов, Ралица Петрова, Румен Михајлов, Венцислав Сариев, Калојан Катинчаров и Ирина Прванова)
Круцијалниот текст на Калдерон „Животот е сон“ е текст на ликови – симболи, па како таков е многу подложен на различни прочитувања. Есенцијалните реченици во оваа сјајна пиеса која плени најмногу со својата густа и бајковита приказна се: „Што е животот? Лудост. Што е животот? Илузија, сенка, приказна.“ Претставата на независниот театар „Зонг“ од Софија е сконцентрирана токму на сегментите од оваа пиеса кои се однесуваат на рефлексиите на Калдерон во таа насока и токму затоа целото дејствие е посветено на главниот лик, Сигизмунд. Авторот во многу наврати во оваа пиеса ја негира стварноста, додека во концептот на младата режисерка Дина Маркова токму таа негација е инспирација низ оваа претстава да се проговори за животната филозофија која е исткаена од копнежи и тенденции. Сомнабулноста во оваа претстава е израз низ кој се прекршуваат сите ликови од пиесата, додека љубовта и ројализмот се затвор во којшто младиот Сигизмунд влегува како во свое живеалиште преживувајќи го целиот свој живот како сеќавање, како веќе видена матрица од која тој не се обидува да избега, туку ја наметнува на оној, надворешниот свет како дистопија, како иднина без смисла и логика. Дина Маркова историјата на Сигизмунд, Базилие и другите ликови ги сместува во магливите и црни предели на лошиот сон и создава претстава која е воглавно водена од физичкиот театар кој на многу наврати потсетува на оној на Кантор или на Гротовски. Дилемите за животот како илузија и сонот како бегство или можеби како оправдување, таа ги отвора најмногу низ ликот на Сигизмун, а повремено и низ ликот на Базилие, неговиот татко. Но, во оваа претстава тие дилеми се режирани и одиграни низ сосема поинаков регистар. Имено, Сигизмунд не излегува од затворот затоа што не сака, а не затоа што не може и Дина Маркова низ оваа интенција едноставно ја разбива небулозата на моќта на судбината говорејќи дека сонот е искривена слика на реалноста, а не бајка која ја произведува човечкиот ум. И самиот Фројд вели дека „сонот е (прикриено) исполнување на (потисната) желба.“ Во ова режисерско видување сонот е само излез од немоќта на главниот лик да постане крал. Сигизмунд има излез, а тоа е проектирањето на кралството во затворот. Дина Маркова низ физичките дејствија со оваа претстава не води низ црната патека на копнежот кој никогаш нема да се оствари напоменувајќи дека тука, во овие црни ходници се вкрстуваат лагата и непослушноста. Токму затоа и главниот акцент во оваа интерпретација е тоа демонско двојство на измамата од која Мефистофел направил цела животна филозофија, а Фауст останал само жртва на умисленоста.
Бојан Арсов носи огромен дел од актерската енергија во оваа претстава. Неговиот Сигизмунд на повеќе наврати е one man snow, додека пластиката на неговата интерпретација е она што конечно најмногу импонира во целата претстава. Неговиот Сигизмунд е суров, циничен и крајно деструктивен. Делува страстно и во исто време бескрајно патетично. Овој Сигизмунд живее во затворот кој е и кралство, но е и еден дистописки свет во којшто многу не останало од емоцијата, свет каде што љубовта е далечна желба и негова, но и на сите други ликови. Далечината на љубовниот флуид е исто така една од рефлективните точки на оваа претстава, па затоа тука ги немаме ни Росаура, а ни Стела, ги немаме женските стереотипи кои кај Калдерон се фигури, а кај Дина Маркова само замисли. Бојан Арсов со својата пластика делува многу уверливо, но и многу застрашувачки. Се чини дека Сигизмундо во негова интерпретација е некакво современо отелотворение на проклетството кое во текстот на Калдерон е претскажување од ѕвездите, а во дваесеттиот век е реалитет кој ја буди човековата промискуитетност и лакомост. Тука, на таа тенка линија се движат и другите ликови кои на некој начин се и дел од тој затвор, додека, новото чудовиште на дистописката иднина е самиот Сигизмунд.
Иако во претставата станува збор за копнежот по слободата, се чини дека Сигизмунд не сака да излезе од неговиот затвор, туку дека ги посакува сите други да влезат во него. Визуелниот момент во оваа претстава, нејзината сцнографија, како и нејзините костими се исто така на актерот Бојан Арсов, така што поедноставената сцена на затворот каде што престолот се обични скали, а просторот повремено се замеѓува со јажиња и костимите кои се стриктно цено бели зборува за еден геометриски заграден свет на вечната непослушност и недоразбирање.
Калдерон во овој текст на многу наврати зборува за неискажаната љубов, за судбинското разминување, но и за слободата. Претставата на Дина Маркова е на некој начин и крик по слобода за која сме свесни дека надвор од театарот ја имаме се помалку и дека хипокризијата е таа која не натерала да помислиме дека сме слободни, но дека горчливата измама е конечно она што ќе ни го уништи духот. Тука некаде се движат допирните точки на претставата со филозофијата на Калдерон кој овој стремеж го облекол во дебела бајковита тога и со тоа понудил можности за неговот поинакво читање.
„Животот е сон“ е претстава од која излегуваме среќни што имаме во главата помисла дека слободата се уште ја има меѓу нас, само шпо ние мора да направиме многу нешта за таа да ни биде на дофат. Дина Маркова, Бојан Арсов и целиот кастинг на оваа претстава проговорија за многу варијанти на слободата, но и за неможноста да му се препуштиме на флуидот на љубовта најмногу заради опседнатоста од измамата. Секако, оваа претстава говорејќи за слободата, говори и за фрагилноста на човечкиот дух да го понесе и нејзиното бреме, да ја одбрани нејзината смисла, но и да ја сочува од оние кои ја немаат.
Со проекција на македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, проект во кој кинематографер е Душан Кардалевски, вечер во Битола завршува 44. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Според востановената традиција, пред доделување на фестивалските награди за најдобрите кинематографери за кои одлучуваат неколку жири комисии, на сцената во НУ Центар…
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки“, денеска во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња. -Пораснав во мал град во Обединетото Кралство, во католичко…
Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ се потпиша меморандум меѓу седум киноприкажувачи во Македонија: Кинотека на Северна Македонија, Синема паркинг кино-Битола, 3Д Кино Битола, Центар за култура-Битола, Киноверзум Свети Николе, кино Фросина од Скопје, кино Милениум и Синеплекс, заедно со Агенцијата за филм и канцеларијата на…
Филмот „Совршени денови“ на Вим Вендерс се прикажа во рамките на официјалната селекција Камера 300 на 44. ИФФК „Браќа Манаки“, прекрасен филм на познатиот режисер Вим Вендерс, снимен во Токио, во кој се прикажани 17 различни архитектонски креации на тоалети во овој град. Убавината на филмот ја дополнува и прекрасната глума на шармантниот и харизматичен…
Проекцијата на турскиот филм „За сувите треви“ од познатиот турски режисер Нури Билге Џејлан, предизвика големо интересирање и покрај тоа што филмот трае 197 минути а почна речиси во 22 часот. Следниот ден на прес конференцијата, што исто така беше посетена од голем број новинари и филмски работници, беа кинематограферите Куршат Уресин и Џевахир Шакин,…
„Збирка на вокални дела на композиторот Љубомир Бранѓолица од опусот на популарната музика“ е наслов на проектот од кој што произлезе изработка на збирка ноти „Поп – музика за Пијано и глас“. Збирката се состои од 20 нотографирани композиции од композиторскиот опус на забавна – поп музика. Создавањето на оваа збирка на ноти е продукт…
Неапол e град на контраст, со прекрасни места и екстремно грди делови, каде царува екстремна сиромаштија, град познат по нарко мафијата, град каде има најмногу дилери на дрога. Зошто тој град е толку привлечен за снимање, беше едно од прашањето поставено на прес конференцијата по повод прикажувањето на филмот „Носталгија„ на Марио Мартоне, на вториот…
Мојата цел беше да пренесеме приказна која што е интересна и ќе има силно значење за гледачите, рече режисерот Горан Столевски на филмот, „Домаќинство за почетници“, со кој се отвори 44. „Браќа Манаки“ на денешната прес конференција на којашто присуствуваше заедно со кинематограферот на овој филм Наум Доксевски и со дел од екипата од филмот….