Филип Грујиќ: Можноста да се досегне сегашниот миг
— 7 февруари, 2022
Филип Грујиќ со своите неполни 27 години многу успешно го започна својот поход по српскиот, но и регионалниот културен простор. Имено, автор е на два романи („Блудните денови на курестиот Џони“ и „Потстанар“) и неколку театарски пиеси кои веќе се наоѓаат на репертоарите на театрите во Белград и Нови Сад, а неговата пиеса „Големата депресија“ беше дел и од главната програма на минатогодишното Стериино позoрје. Неговиот роман „Потстанар“ веќе го имаме на македонски јазик во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје, а се подготвува и негов бугарски превод. Филип е добитник на Михизовата награда, на наградата Слободан Селениќ и Стериината награда по конкурс.
Прозаист и драматичар чии дела подеднакво се читаат и гледаат на сцените на Белградските и Новосадските театри. Што е посилно во твојот писателски ангажман – театарот или прозата?
Кога би се водел по чистата сметка, зад себе имам две изведени драми и два објавени романи, а во овој момент смислувам истовремено и нов драмски текст и нов роман. Мислам дека секогаш ќе биде така, односно, барем се надевам дека секогаш ќе биде така – дека театрите и прозата секогаш ќе се бркаат и дека, како кучиња, никогаш нема да си ја фатат својата опашка. Мислам дека секоја приказна може да се раскаже во повеќе уметнички медиуми, но ми годи можноста за промена. Кога ќе се уморам од прозата, кога ќе се уморам од реченицата, точката и запирката, се враќам на драмата и обратно. Сакам секогаш да имам на што да се вратам, како во животот, така и во текстот.
Во својот роман „Потстанар“ се занимаваш со младиот човек, кој борејќи се против противречноста на општеството и неговите апсурдности, всушност qualite injectable steroids avec expedition води војна со самиот себе, ставајќи ја на тест својата снаодливост. Колку има во тој роман автобиографија и дали кога пишуваш сакаш да тргнеш од себе?
Во почетокот, кога го објавив првиот роман, ми беше исклучително важно да се дистанцирам што повеќе од главниот јунак, да кажам дека е тоа книжевен лик и дека треба исклучиво така да се набљудува. Но, не можам да побегнам од себеси. Единствено секогаш се имам себеси, секогаш со себе си ја носам својата глава и своите раце, секогаш со себе си го носам својот грб и својот труп. Носам и органи и она што се крие одоздола. Јас сум создаден од различни искуства на своите родители, своите пријатели, својата држава, своето опкружување, своите љубови. Колку и да сакам да создадам лик далеку од својот карактер, секогаш се враќам на прашањето – што сум му јас на светот и што ми е светот мене. Сепак, на крајот се испоставува дека мене повеќе ми значи светот, отколку што јас му значам на светот и тоа е едноставно така. Но, се што сакам со пишувањето е да разберам кој сум, кое е моето семејство, моите пријатели, кои се моите љубови. Се додека не најдам одговори на тие прашања, претпоставувам дека дотогаш, секогаш ќе почнувам од себеси и од светот што го знам, за подобро да го запознаам и оној за кого што фантазирам и оној од којшто стравувам.
Претставите работени по твоите текстови кореспондираат со една по малку студена естетика и филозофска дистанца. Отвораш современи теми, но задираш и во теми што се далечни од нашето окружје. Кои се твоите сегашни и идни тематски и стилски возбуди?
Често се зборува како ние, како нова генерација сме свртени кон интимниот свет отколку кон општествено ангажираните теми. Но, тоа не е точно. Ми се чини дека со повторните преиспитувања на столбовите на општеството, со преиспитувањето на семејството, врските, пријателствата, родителите, ние всушност преиспитуваме горливи општествени теми. Се потекнува од куќата и додека не се реформира семејството, вистинска промена не е можна. Тоа се моите теми – пишувам за младичите и мажите што го губат тлото под нозете и не можат да се снајдат во денешниот свет. Голема е разликата меѓу нашата генерација и онаа на нашите родители – тие израснале во длабоко патријархален свет и тоа е свет со којшто сраснале. Нашиот свет денес не излегол од рамките на патријархатот, но тој почна да се разнишува и да се преиспитува и на нас е да гледаме во кој смер ќе се движи понатаму. Кога ќе ја погледнам досегашната работа, а и сегашната работа, се се однесува на прашањата на (не)одговорноста на поединецот кон заедницата.
Твоите романи подеднакво доминираат пред читателската публика како и твоте драмски текстови пред театарската. Дали српската публика сака повеќе да гледа или да чита, или што побрзо би прежалил: умирањето на литературата или на театарот?
Театарот и литературата ја имаат истата предност над ВХС касетите и ДВД-та, а тоа е што се тие секогаш ретро, а истовремено секогаш во моментот. Што се однесува до литературата, таа секогаш ќе постои во разни облици и мислам дека книгите, како физички предмети секогаш ќе постојат. Тоа нема врска со претенциозноста и нема врска со убавата реченица внатре во книгата, тоа едноставно има врска со естетиката и мирисот и начинот на којшто се вртат страниците – слично на тоа е прашањето за винилот и грамофонот – наспроти сите платформи за стримување на музика, плочите се враќаат во голем стил, затоа што постои момент во којшто физички бираш плоча, ја креваш иглата, ја ставаш плочата, ја слушаш песната. Чувствуваш како да си ја заслужил таа песна. Истото е и со книгата, освен тоа што го оплеменува изгледот на станот – кога ќе ја извадиш од полицата и ја свртуваш страницата – чувствуваш дека си ја заслужил.
Од друга страна театарот има нешто што ниеден друг медиум (освен перформансот) го нема – а тоа е можноста да е секогаш во сегашниот миг. Театарот е настан исто како што е и вечерата во ресторанот настан. Можат да постојат сите можни достави за храна – и Волт и Глово и Донеси – но, рестораните никогаш нема да изумрат – зато што мораш да одбереш маичка или кошула, затоа што мораш да прошеташ до ресторанот, да направиш резервација, да одбереш јадење – сето тоа претставува дел од ритуалот. Тоа е и театарот – еден ритуал, една вечер, еден миг на спојување.
Вирусот направи голема дисторзија во уметноста не само на овие подрачја, туку и во светот. Дали би требало да се плашиме дека театарот еден ден ќе замре во својот класичен облик со обѕир на тоа дека овој вирус откри и онлајн верзија на театарот?
Мислам дека делумно одговорив на ова прашање во претходниот одговор. Не треба да се плашиме дека ќе замре, нема да замре. И ова сега го зборувам како да имам некој одговор од иднината, иако го немам, но не можам да замислам и не сакам да замислам свет во кој не постои физички допир, во којшто човекот не постои – можеби тоа звучи антропоцентрично, но баш ми е гајле. Секогаш ќе ми биде повеќе грижа за пријателите отколку за омилените билки, за семејството отколку за омилените животни и не можам да лажам дека е поинаку. Што се однесува до театарот, во мене се борат две страни: едната која говори дека театарот треба да оди во чекор со времето во смисла на премин од физичкиот во онлајн просторот и другата во која верувам повеќе и која зборува дека театарот треба секогаш да остане физички и дека треба да биде доживеан. Затоа што, како што реков во претходниот одговор, театарот не е само претстава, театарот е само настан и театарот е пијалок после претставата. Некои работи, сепак, Zoom-от не може да ги надомести.
И книжевноста и театарот имаат своја мисија. Така е отсекогаш и таа мисија бара жртви. Дали е српската книжевност доволно ангажирана и дали е српскиот театар импактен на општествените превирања или и двете уметности се само нивни жртви?
Секоја приказна, ако е доволно добра е и доволно ангажирана. Постојат наменски текстови кои се пишуваат со цел да се укаже некој проблем во општеството, како такви тие не можат да допрат подлабоко од првиот слој, но во општествено-ангажирана смисла се исклучително корисни за да покажат: ова се случува и ова не е добро, нешто мораме да смениме. Тие, наменските текстови како такви, тука и го завршуваат својот живот и ја исполнуваат својата функција. Доколку се бара „вистинитоста“ во човекот (каква и да била таа) тогаш приказната не може никогаш да биде до крај еднострано ангажирана. Таа мора да задира подлабоко, а она што се крие подлабоко никогаш не може да се стави како слоган на некоја компанија.
Во Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година, Агенцијата за филм не обезбедила објективност и непристрасност кај сите учесници преку кои се спроведувал овој Конкурс, поради што биле исполнети услови истиот да биде оценет како нелегитимен и незаконски, оценува Транспаренси Интернешнл Македонија. Имено, во декември 2022 година, Транспаренси Интернешнл Македонија примила пријава од граѓанин…
Филмскиот проект „Генералот и пеперугата“ се најде меѓу 24 селектирани проекти од вкупно 225 пристигнати на ФЕСТ Пичинг форумот, кој ќе се одржи во рамките на 19-тото издание на ФЕСТ од 19-ти до 26-ти јуни 2023 година во Еспињо, Португалија. Сценариото е на Венко Андоновски и Антонио Митриќески и е работено според истоимениот роман на…
Тина Тарнер, американската рокенрол ѕвезда, по долго боледување почина денес, на 83-годишна возраст. Таа беше во лоша здравствена состојба во последниве години, при што во 2016 година и беше дијагностициран рак на цревата, а во 2017 година имаше трансплантација на бубрег. Тарнер го засили уделот на обоените пејачки во рокенролот, дефинирајќи ја таа ера на…
(Кон шестото издание на театарскиот фестивал Полис во Равена одржан од 2-7 мај 2023 година во Равена, Италија) Театарскиот феномен има само една иднина, а тоа е неговиот израз. Сценската уметност не разликува народи и места, таа разликува пораки и ставови, отвора нови начини на мислење и делува прагматично, но совршено импактно. Театарскиот фестивал Полис…
Историјата има свое ехо и во сегашноста и во иднината. Книжевноста е духовната татковина на сите нас, но е и универзалното живеалиште во кое битствуваме сите: и оние што пишуваат и оние што читаат. Книжевната резиденција што секоја година ја организира Центарот за култура „Вук Караџиќ“ од Лозница е токму таков спој: на историјата и…
Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе…
Најновото 44. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија, традиционално и оваа година ќе се оддржи во Битола во септември. Објавени се три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни. Се очекува, во…
(Кон претставата „Како паднало дрвото“ по текст на Катарина Морано во режија на Жига Дивјак и во продукција на Словенечкиот народен театар од Љубљана, Словенија. Главни улоги: Јанез Шкоф, Силва Чушин, Грегор Зорц, Маруша Маер, Тимон Штурбеј) Пишувајќи за оваа претстава на Жига Дивјак имам потреба да го споменам Харолд Пинтер и неговата изјава дека:…