Изложба на фотографии „Кина во моите очи“
— 3 јули, 2019По повод 70 години од создавањето на Народна Република Кина, министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата на фотографии „Кина во моите очи“.
Исмаили додаде дека изложбата, на која низ фотографии се доловени природните убавини и урбаните знаменитости на Народна Република Кина, е само уште една потврда за длабоките врски меѓу двете земји на кои посветено се работи и преку Координативниот центар за соработка меѓу Кина и земјите од ЦЕИ и од особено значење е токму развојот на културната соработка меѓу земјите од оваа иницијатива.
Изложбата на фотографии „Кина во моите очи“, која е во организација на Aмбасадата на НР Кина во Република Македонија и Град Скопје, ќе биде отворена до 7 јули.











