Заврши турнејата на Македонската филхармонија во Кина
— 15 јануари, 2019Заврши турнејата на Македонската филхармонија во Кина која траеше две недели, од 26 декември – 9 јануари. Во рамки на музичкиот проект насловен „7 концерти во 7 градови во Кина“, македонските музичари настапија во концертните сали: Хохот – во театарот Хохот, Таијуан – во Шанжи театарот, Тангшан – во истоимениот театар, Женгжу – во истоимено здание, како и во театрите во градовите Хенгшуи, Хефеи и Донгуан.
Турнејата ја предводеше диригентот Јерухам Шаровски од Израел, кој неколку години е често гостин-диригент со Македонската филхармонија. Како солисти настапија кинескиот пијанист Хају Жанг и виртуозите на кларинети, браќата Даниел и Александар Гурфинкел, познати како Дуо Гурфинкел.
Оваа голема турнеја следува по претходните гостувања на камерниот оркестар на Филхармонијата во Казахстан и во Шпанија.
Инаку вториот дел од концертната сезона 2018/2019 Макеодонската филхармонија ќе ја отпочне на 24 јануари со концерт на кој солист на труба ќе биде Лусјен Ренодин-Вари, под диригентство на Петер Феранец од Словачка.
Автор:
Слични статии
-
-
Македонскиот народен театар оди на летна турнеја
1 јули, 2022 -
„Мастерклас со Лајовиц“ вечер во Македонска филхармонија
5 ноември, 2021 -
Концерт на Македонска филхармонија „Бетовен: Редефиниција“
25 февруари, 2021
Последни статии
-
Промоција на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека
— 7 април, 2026Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
-
Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ
— 31 март, 2026Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
-
Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски
— 24 март, 2026Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
-
Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц, добитник на наградата на Јадранската мрежа на фестивали
— 21 март, 2026За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
-
Пет кратки филмови, пет женски визии во рамките на проектот „Кадар-на“
— 29 октомври, 2025Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
-
„Ди-џеј Ахмет“на режисерот Ѓорѓи М. Унковски го затвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 28 септември, 2025Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
-
Отворено 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 21 септември, 2025Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
-
Вечерва во Битола ќе биде отворен 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 20 септември, 2025Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…











