Култура

Режисерот Оливер Фрљиќ бара од Европа да го заштити од медиумските хајки во Полска

Новата театарска претстава „Клетва“ во режија на Оливер Фрљиќ, која беше премиерно прикажана на 19 февруари во Варшава, ги крена на нозе и Црквата и конзервативните организации и предизвика протести на стотици демонстранти пред театарот каде се изведува претставата.

Пред почетокот на секоја изведба, пред театарот демонстрираат членови на Здружението на католичката младина, а театарска зграда ја чува полицијата. Варшавскиот театар ги предупредува незадоволните дека смртните закани и заканите за физички напад се казниви дела.

Од Берлин стигна апел до полската влада да ги заштити актерите и вработените во театарот „Повшехни“ (Powszechny). Берлинскиот театар „Максим Горки“ испрати писмо за поддршка по жестоките напади врз претставата „Клетва“ на режисерот Оливер Фрљиќ, чија премиера се одржа пред една недела.

Бидејќи целата оваа хајка нема да престане самата од себе, решивме да ја информираме меѓународната јавност и на тој начин да се обидеме да извршиме пртисок врз полската влада да го запре овој медиумски линчБидејќи целата оваа хајка нема да престане самата од себе, решивме да ја информираме меѓународната јавност и на тој начин да се обидеме да извршиме пртисок врз полската влада да го запре овој медиумски линч, кој веројатно нема да запре сè додека некој физички не настрада“, вели Оливер Фрљиќ, за „Јутарњи лист“. Пред секоја претстава има протести организирани од здруженијата на католичката младина, а полицијата мора да го чува театарот.

„Ќе испратиме писмо до голем број меѓународни организации за заштита на човековите права, до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, до најзначајните европски театри и фестивали, до низа европски театарски мрежи, вклучувајќи ја и Европската театарска конвенција и ќе ги замолиме јавно да реагираат на оваа срамна хајка, започната и оркестрирана од медиумите во Полска, а којашто актерите и менаџментот на театарот„Повшехни“ ги изложува на големо медиумско насилство и ја загрозува нивната и безбедноста на нивните најблиски“, изјави Фрљиќ.

Улогата на театарот

„Оваа масовна хистерија ја произведе полската национална телевизија, со објавувањето на неавторизирани снимки и инсерти од претставата, како и со тенденциозен прилог, кој не ги следеше правилата за објективно известување на културен настан, туку беше стигматизација на неговите продуценти, автори и изведувачи“, потсетува режисерот.

Конзервативниот дел на полската јавност ја гледа оваа претстава како сквернавење поради тоа што го користи распетието и фигурата на папата Павле Втори.Конзервативниот дел на полската јавност ја гледа оваа претстава како сквернавење поради тоа што го користи распетието и фигурата на папата Павле Втори.
„Сликите од претставата се авторска фикција смислена за изведба во театар, јавноста не може уметноста да ја третира како ситуација од стварноста“, вака тимот на театарот ги поучува невештите хејтери.

„Напаѓачите и оние што шират омраза не ја погледнале претставата, ниту пак можат да разликуваат што е уметност, а што е реалност. Веруваме дека улогата на театарот е да поставува тешки прашања, да отвора болни теми и јавно да проговори за важните општествени теми“, порачуваат од варшавскиот театар.

Кателан во Полска

Особено во време на растечки социјални судири, делото на Оливер Фрљиќ и на Театарот ‘Повшехни’ ни изгледа како темелен придонес за неопходната расправа, не само за Полска, туку и за Германија и за целата Европа.Особено во време на растечки социјални судири, делото на Оливер Фрљиќ и на Театарот ‘Повшехни’ ни изгледа како темелен придонес за неопходната расправа, не само за Полска, туку и за Германија и за целата Европа. Тоа е причината што, откако ја видовме премиерата во Варшава, ги поканивме на гостување во Берлин, во јуни“, се наведува во соопштението за поддршка на берлинскиот театар. Уметничката слобода е тешко освоена вредност која им припаѓа на темелите на демократското општество, предупредуваат од Берлин.

Во Полска, сè уште не е завршено судењето на конзервативниот политичар Витолд Томчак, кој во 2000-та година ја уништи инсталацијата на италијанскиот уметник Мурицио Кателан, „бидејќи сакал да го заштити Папата.“
Инсталацијата на Кателан кај конзервативците предизвика бес, бидејќи го прикажа папата Павле погоден од метеор.

Во 2014 година Полска се скандлизираше од претставата „Голгота Пикник“ на аргентискиот уметник Родриго Гарсија, кој го прикажа Исус како неодговорен лудак. Гостувањето на Малта фестивалот во Познањ било откажано заради жестоките протести.

Оваа година, Фрљиќ и српскиот драматруг Горан Игњац (соработник и за претставата „Клетва“), кои се куратори на Фестивалот Малта што ќе се одржи од 16 до 25 јуни, под името „Балкански платформи“, имаат цел да ги претстават земјите од поранешна Југославија и покрај негативните стереотипи за Балканот.

Во 2013 година, заради медиумските напади на Фрљиќ му беше откажана премиерата на претставата „Небожанска комедија“ во Стариот театар во Краков.

Минатогодишното гостување на љубљанско-ријечко-германската копродукција „Нашето насилство и вашето насилство“ во Бидгошч резултираше со кривична пријава.

Извор: Јутарњи лист

Слични статии