Изложба на Демијан Хирст во Македонија
— 21 јуни, 2016Во Музејот на современата уметност на 22 јуни, вторник, во 20 часот ќе биде отворена излоѓбата „Нова религија“, прво претставување на познатиот ликовен уметник од Велика Британија, Демијан Хрст во Македонија.
Демијан Хирст е роден во 1965 година – англиски уметник, претприемач и колекционер на уметнички дела. Тој е најистакнатиот член на групата позната како Млади британски уметници, кој доминираше на ликовната британска сцена во текот на 1990-тите. Интѕернационално познат и признат уметник, тој се смета за еден од најбогатите живи уметници во Обединетото Кралство, со своето богатство во вредност од £ 215 милиони во 2010 година.
Смртта е централна тема во делата на Хирст. Тој станал познат по серијата на уметнички дела со мртви животни, ( ајкула, овци и една крава) користејќи формалдехид. Во септември 2008 година, тој организирал надавање на своите дела во Сотби, заобиколувајќи ги галериите со кои соработувал долги години. Аукцијата ги надминала сите предвидувања. Тој заработил 111 милиони фунти, или 198 милиони евра, со што го срушил рекордот на заработка на една аукција на било кој изведувач и го надминал и сопствениот рекорд.. Хирст на таа аукција добил 10,3 милиони фунти за златното теле, животно со 18-каратно злато рогови и копита, сочувани во формалдехид.
Изложбата во Музејот на современа уметност ќе содржи 44 графики и четири скулптури. Делата ги истражуваат вечните теми: живот, религија, смрт и вера. Ова се главни теми на интерес на уметникот, фокусирајќи се на сложените односи помеѓу медицината и религијата, како и помеѓу уметноста и религијата. Оваа изложба до сега е прикажана во Лондон, Осло, Москва, Венеција, Софија и Гдањск.
Оваа изложба доаѓа во Скопје по повод 20 годишнината од работењето на Британски совет во Македонија и е резултат на соработката со Галеријата „Пол Столпер“ и НУ Музеј на современата уметност Скопје.
Изложбата ќе биде отворена за посетители од 22 јуни до 11 август.