Култура
  • Почина академик Блаже Ристовски

    Почина академик Блаже Петров Ристовски (21. III 1931 – 28. XI 2018) рефовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Блаже Ристовски беше македонски славист, филолог, историограф, фолклорист и литературен историчар, член на МАНУ од 1988 година. По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, бил избран за прв потпретседател на првата Влада на самостојна…

    Continue Reading ...
  • Кинотеката на Македонија стана член на мрежата на Europa Cinemas/ Creative – Europe

    Кинотеката на Македонија од овој месец е член на мрежата на Europa Cinemas/ Creative – Europe – Media  европска и светска глобална мрежа. Поддржана уште од зачетокот од страна на Европската комисија (Креативна Европа / Програма за медиуми) и од Националниот центар за филм на Франција (CNC), Европската мрежа на киноприкажувачи „Europa Cinemas” е правата мрежа на…

    Continue Reading ...
  • Почина писателот и драматург Горан Стефановски (1952-2018)

    Ненадејно, вечерва,  почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски на 66 годишна возраст. Живееше во Англија, во местото Кентбери близу Лондон, каде предаваше драматургија на Canterbury Christ Church University.  Автор е на незаборавните драми „Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, „Огнени јазици“, „Јане Задрогаз“, „Хај-фај“, како и на легендарната тв-серија „Бушава азбука“, која…

    Continue Reading ...
  • Почина славниот режисер Бернардо Бертолучи (1941-2018)

    На 77 години, во својот дом во Рим, почина славниот режисер Бернардо Бертолучи кој ги режираше легендарните филмови „Последниот танго во Париз“ со Марлон Брандо и со Марија Шнајдер и на оскаровецот „Последниот император“ од 1987 година. Славниот режисер, кој паралелно работеше и во Европа и во Холивуд, со својот висок филмски стил инспирираше генерации…

    Continue Reading ...
  • Почина великанот на македонското вајарство Боро Митриќески

    Еден од великаните на македонското вајарство, академик Боро Митриќески, почина денеска на 91 година, соопшти Македонската академија на науките и уметностите. Во својата богата творечка кариера, Боро Митриќески, кој внесе радикални промени во македонското пластично творештво, има реализирано над 350 дела како фигури, актови, композиции, торза, потоа портрети и други кои што претставуваат трајна вредност…

    Continue Reading ...
  • Недела на босанскиот филм во Кинотека на Македонија

    Кога на почетокот на 2002 година на доделувањето на Оскарите во Холивуд во терминот за прогласување најдобар филм од неанглиското говорно подрачје беше прочитан насловот „Ничија земја“, на Данис Тановиќ,, секој втор наслов во медиумите во Босна и Херцеговина ги експлоатираше варијациите на старата изрека „Jebeš zemlju koju Bosnu nema” , Ебати земјата што ја…

    Continue Reading ...
  • Косовскиот кандидат за „Оскар“ на „Синедејс“: Се плашевме од закани за филмот, а добивме пофалби

    Анита и Беким се подготвуваат за својата венчавка во Косово. Таа чека информации за нејзините родители, кои се исчезнати во војната во 1999 година, а родителите на Беким сакаат да држат сè под контрола. Иако, идниот брачен пар успева да се организира околу подготовките за големиот ден, ненадејно се појавува Нол. Тој е поранешен геј-љубовник…

    Continue Reading ...
  • Филмот „Врба“ на Манчевски се снима на локации низ Скопје

    Вчеравечер, во центарот на Скопје се снимаше една од најефектните филмски сцени за најновиот долгометражен игран филм „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на Банана филм. Филмскиот сет беше отворен за македонските медиуми, кои можеа да посведочат на работната и беспрекорно креативна атмосфера во која беа вклучени поголемиот дел од актерите, кои…

    Continue Reading ...
  • Четири филма од раната фаза на Милош Форман на „Синедејс“

    Во чест на познатиот чешки режисер Милош Форман, кој почина на 13 април годинава, филсмкиот фестивал „Синедејс“ во соработка со Амбасадата на Чешка и Чешкиот национален филмски архив ќе прикажат четири филма од раниот творечки период на Форман (1932-2018). Филмовите ќе се прикажуваат во Џебното кино на Младинскиот културен центар со почеток во 22 часот. На 11…

    Continue Reading ...
  • „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање во Музеј на Македонија

    Во Музејот на Македонија, на 8 ноември во 12 часот ќе се одри предавањето на тема „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ на проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет – УКИМ. Ова предавање се одржува во рамки на изложбата „Духовите на Африка“, со цел запознавање со африканската…

    Continue Reading ...