Култура
  • Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“

    Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…

    Continue Reading ...
  • Вечерва почнува 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

    Вечерва започнува 45. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во Центарот за култура, свечената церемонија ќе започне во 19:45, со проекција на Канскиот хит „Партенопе“ под режија на Паоло Сорентино. Филмот е во официјалната селекција КАМЕРА 300. Годинашен добитник на наградата Златна камера 300 за животно дело е францускиот кинематографер Бруно…

    Continue Reading ...
  • Изложба на фотографии на Имре Сабо

    Во галеријата „Рудиќ“, е поставена изложбата на фотографии, што беше отворена вчера, на српскиот фотограф, Имре Сабо, со наслов, „Цртички на животот“. АСНОМ 74, денеска во 20 часот.Имре Сабо е роден во 1956 година во Мокрин, место во Кикинда во Северна Војводина. Завршил гимназија во Кикинда, а потоа студирал германски јазик и литература на Филолошкиот…

    Continue Reading ...
  • Мирко Попов: „Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Психички ни е неопходна таа борба. И музиката ни е неопходна.“

    Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…

    Continue Reading ...
  • ПОЧИНА МИРКО ПОПОВ, ЕДЕН ОД ПИОНЕРИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА

    Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…

    Continue Reading ...
  • Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“

    Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…

    Continue Reading ...
  • Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

    „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…

    Continue Reading ...
  • Македонскиот режисер Оливер Мицевски со „4.48 Психоза“ се претстави пред данската публика

    Режисерот Оливер Мицевски вчеравечер ја имаше својата втора премиера во реномираниот Хусет театар во Копенхаген, Данска. Синоќа, пред данската публика, беше одиграна претставата „4.48 Психоза“, по текст на британската драмска авторка Сара Кејн. Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот. Постановката на Оливер Мицевски на…

    Continue Reading ...
  • Во трка за наградата „Роман на годината“ пристигнаа 35 романи

    На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина…

    Continue Reading ...
  • „Кајмак“ на Манчевски доби награда во Сицилија

    Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната…

    Continue Reading ...