Режисерот од Турција, сценарист, актер и историчар, Емин Алпер, добитник на Сребрената мечка во Берлин, е лауреат на 11.ИФФ Киненова
— 8 септември, 2026Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи неуморно по новиот: Фелини, Бергман, Кишловски, Тарковски, Трифо, Антониони, Линч, Вендерс, Ценевски…, бидејќи во Македонија постои филмска публика која е многу поинаква од онаа која ги следи трендовските и веќе познати наслови и стории, што повеќето од фестивалите го нудат. Секој со своето, затоа и годинава почесен гостин и лауреат на Киненова 2026, ќе биде филмскиот уметник од Турција, смелиот и бунтовен маг на психолошката драма, Емин Алпер, кој годинава со својот најнов филм “Спасение“ (Kurtuluş) во Берлин ја понесе Наградата на големото жири, Сребрената мечка. Во „прегратките“ на филмовите на Емин Алпер, секој се чувствува „беспомошно“, им се препушта како на свој близок. Во неговите стории, стамено и режисерски скроени, помеѓу минатото и сегашноста, помеѓу руралното и урбаното, традиционалното и актуелното, цврсто ги поставува своите ликови и ги води во очекуван конфликт во најнепредвидливите моменти од ткаењето на приказната, неодминливо потсетувајќи на сите видливи и скриени контрадикторности кои ги нуди модерната Турција.Неговите ликови се многу обични на првата средба на гледачот со нив, но со еден мајсторски мигновен сценаристички „скок“, Емин Алпер ја менува и би рекле ја трансформира нашата визуелна перцепција и ние веќе ги прифаќаме како херои или антихерои, како оган или вода, како земја или воздух. Така тие ликови, нивните дилеми, нивните навидум необјасниви одлуки поставени во одредени околности и во филмски пејзаж, што Алпер одлично го владее, не освојуваат. Од неговиот прв независен краток филм Писмо во 2005 и по 20 години тој не престанува да потсетува на оние другите, невидливите, заборавените и замолчените во својата земја. Користејќи го често режисерскиот концепт на филмовите од Црниот бран, тој осаменоста ја претвора во предност, неугледноста во доблест, презирот во наследство. Со своите филмови Зад ридот (2012) Френзи (2015), Пеколни денови(2019) Приказната на трите сестри (2022) беше наградуван и славен на голем број меѓународни филмски фестивали. Почестени сме што овој почитуван автор ќе биде наш лауреат на ова 11. издание на Киненова.













Напишете коментар