Националниот џез оркестар на 5 мај во Брисел на Денови на македонска култура
— 4 мај, 2026Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.
„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар Bozar претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.
Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика.
Автор:
Слични статии
Последни статии
-
Националниот џез оркестар на 5 мај во Брисел на Денови на македонска култура
— 4 мај, 2026Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
-
Во петок, 8 мај, ќе се отвори Македонскиот национален павилјон во Венеција
— 4 мај, 2026Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
-
Со балетот „Лебедово езеро“ во изведба на Националната опера и балет почнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија
— 2 мај, 2026Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
-
Промоција на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека
— 7 април, 2026Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
-
Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ
— 31 март, 2026Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
-
Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски
— 24 март, 2026Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
-
Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц, добитник на наградата на Јадранската мрежа на фестивали
— 21 март, 2026За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
-
Пет кратки филмови, пет женски визии во рамките на проектот „Кадар-на“
— 29 октомври, 2025Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…












Напишете коментар