Почетна / Култура на живеење / Насловна / „Пркос кон заборавот“ е изложба на фотографии со 32 значајни личности од Битола на авторката Ивона Кочов
„Пркос кон заборавот“ е изложба на фотографии со 32 значајни личности од Битола на авторката Ивона Кочов
— 20 август, 2025
Во рамките на битолското културно лето, „БИТ ФЕСТ“, во Културниот информативен центар во Битола беше отворена изложбата на фотографии од авторката Ивона Кочов. Битола е град со големо културно – историско наследство. Изложбата содржи 32 фотографии на личности кои со нивната посветеност интелект и ангажман, создале трајна вредност за напредокот на градот.
Настанот истовремено претставува олицетворение на интелектуалниот, уметничкиот и занаетчискиот потенцијал кој го поседува Битола, што само по себе е доволна причина за привлекување на голем број туристи и посетители, кои би можеле да ги погледнат делата зачувани низ делувањето на овие наши сограѓани, кои не смеат да бидат заборавени.
„Замислата ја носев повеќе од година и пол, а сега конечно оживеа пред очите на сите вас. Благодарна сум на сите кои ми помогнаа, ме бодреа и веруваа во мене. Без вас ова немаше да биде возможно“, истакна Ивона на отворањето и додаде: „Вечерва не сум тука само како фотограф, туку како раскажувач на приказни. Приказни за луѓе кои со своите раце и срца го изградиле својот живот и животот на сите околу нив. На фотографиите ќе видите луѓе кои и во своето позно доба останале посветени на трудот, сè уште не ја напуштиле својата работна маса, своето поле, својата мисија“.
‘Пркос кон заборавот’ е нејзин начин да им каже дека ги гледа, дека ги цени и дека нивните приказни не треба да избледат.
„Секој портрет што ќе го видите носи дел од нивната младост, нивните битки, нивните победи и нивната љубов кон животот. Од срце им благодарам на сите што ми ја отворија вратата и душата за да ја создадам оваа изложба. А на вас ви благодарам што вечерва сте дел од ова патување со мене. И да не заборавиме – додека се сеќаваме на луѓето, тие живеат! Се поклонувам пред сите вас со благодарност“.
Фотографираните личности ги има од сите националности, што зборува за мултикултурна Битола, но и од различни области, од занаетчии, историчари, лекари и многу други, кои своевремено со својот труд оставиле силен печат во Битола, а некои од нив сеуште и пркосат на возраста и посветено работат. Ивона Кочов, со оваа изложба на едно место собра голем број значајни личности за Битола, овозможувајќи им и нив да се сретнат после многу години, да разменат идеи, мисли, искуства, желби. Сумирајќи ги впечатоците и сугестиите од присутните, Кочов нагласува дека истражувањето покажа дека мора да има и втор дел од оваа изложба, затоа што тоа е и желба на битолчани: Со „Пркос кон заборавот“, ја објавуваме листата на сите личности кои се дел од изложбата на Ивона Кочов:
1. Љубомир Трифуновски, 1938, диригент 2. Александар Стерјовски, 1933, универзитетски професор по литература, хроничар на Битола 3. Душанка Петличкова, 1937, професор по биологија со завршен природно математички факултет, група биологија 4. Лена Јовановиќ, 1945 примариус д-р, инфектолог, Светлана Гочева, 1953, дипломиран прехрамбен технолог; Лилјана Кепеска, 1948, археолог – кустос; 5. Бафтијар Шерифи, 1940, мајстор – ѕидар 6. Слободан Павловски, 1946 – 2025, киноапаратер во градски кина Битола 7. Неџат Јусуфовски, 1961, оџачар 8. Илми Мефаилов, 1950, дрвосечач и музичар 9. Димитрија Велески, 1950, музучар и изработувач на кавали 10. Петар Ѓорѓи Глигоров, 1947, учител по физичко и здравствено воспитание и педагошка академија, група историја и географија 11. Гордана Најдовска, 1960, наставник по македонски јазик 12. Христо Бојаџиев, 1948, музички илустратор, дизајнер и уметнички фотограф 13. Владимир Атанасов, 1947, судија на врховен суд 14. Малик Реџеп, 1947, одделенски наставник 15. Омер Сулејман, 1949, психијатар – детски младински психијатар 16. Олимпија Јовановски, 1949, примариус д-р, офталмолог 17. Васко Ташковски, 1937, академски сликар18. Зухди Малик, 1938, бербер 19. Јани Цветковски, 1938, чевлар 20. Кире Марков, 1951, тренер за пливање и скијање 21. Жан Христовски, 1951, машински инжинер – проектант за термотехнички инсталации 22. Вера Вељановска, 1955, атлетичарка 23. Никола Татарчев, 1937, лекар, општа пракса; Олга Татарчева, 1938, наставник по француски јазик 24. Јоце Смилевски, 1958,планинар, алпинист 25. Мендо Долевски, 1944, пожарникар 26. Аница Хентова Наневска, 1942, архитект конструктор 27. Димитрије Гиновски, 1952, фотограф 28. Рашко Т. Наковски, 1950, уролог 29. Антонијо Димитровски, 1949, судија и адвокат 30. Ѓорѓи Тромбев, 1950, професор д-р, област термотехника; Добрила Тромбева, 1950, професор по физика 31. Анастасија Петровска, 1943, педијатар 32. Ѓорѓи Кироваков, 1944, професор по македонски јазик.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…