Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Владимир Пиштало. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 17 септември.
Станува збор за писател што ги означи еволуцијата и достигнувањата на современата српска проза при крајот на 20 и почетокот на 21 век, како што стои во образложението за доделување на наградата.
„Тоа што го возбудува секој приврзан читател кон прозата на Пиштало, е еден многу редок спој на изграден стил и експериментаторски нагон: тој како шетач низ просторот и времето многу внимателно ги забележува деталите на животот, а од друга страна го искушува обликот на пишување. Оттаму наградата „Прозарт“ сосема заслужено и праведно припаѓа на еден од големите балкански мајстори и иницијатори на создавањето врвна проза на овие простори“ – се вели во образложението за доделувањето на „Прозарт“.
Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.
Владимир Пиштало е роден во Сараево во 1960 година. Израснал во Мостар, Краљево и Белград, каде завршил основно училиште и гимназија. Студирал право во Белград и Сараево. Завршил докторски студии на Светска историја и Американска историја на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД. Тој бил опкружен со книги уште пред да се роди. Неговата мајка работела во библиотеката и од работното место отишла право во болница да се породи. Неговиот татко бил библиотекар во Националната библиотека во Босна. Во моментов е директор на Народната библиотека на Србија.
Како писател тој е заинтересиран за психологијата на поединечни луѓе и градови. Тој ја раскажува историјата на јазикот на поезијата. Ако неговата проза не ги содржи двата зачини – поезија и хумор – тој не би бил заинтересиран да ја пишува. Пиштало верува дека добро воочените и остро изразените детали ни обезбедуваат порта кон другиот свет.
Пиштало ја објавил својата прва приказна во списание уште кога имал 18 години, а првата книга уште на 21 година. Како студент ја основал книжевната група „Белградско производство на соништата“. Објавил 14 книги белетристика, од поетска проза до романи – „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтезе“, „Витраж во сеќавањето“, „Александрида“, „Приказни од целиот свет“, „Милениум во Белград“, „Тесла, портрет со маски“, „Венеција“, „Сонцето на овој ден: писмо до Андриќ“, „Значењето на Џокерот“ и „Песната за три света“. Неговите раскази се вклучени во сите поголеми антологии на српската проза.
Неговата книга „Тесла, портрет со маски“ е преведена на 20 јазици. Неговиот роман „Милениум во Белград“ е преведен на десет јазици.
Истакнат сараевски критичар во една прилика изјавил дека: „Пиштало знае сè. Тој е поет кој размислува, способен да раскаже добра приказна“. Жан Кристоф Бусон од „Фигаро“ го нарече Пиштало „уметник со ретка книжевна дарба“, додека Рене де Чекати од „Ле монд“ тврди дека Пиштало ни дал: „уникатен српски глас, звучен и урбан и нов…“ Чекати исто така додал дека „среќни сме што најдовме толку внимателен длабоко образован раскажувач со иронична нота, кој на уникатен, често халуцинаторен начин, ја опишува последната деценија на 20 век во градот со кој тој се поистоветува: Белград, тоа сум јас!”
Пиштало ја има добиено наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на песните на Чарлс Симиќ. Неговиот роман „Тесла, портрет со маски“ е награден со книжевната награда НИН за најдобар роман, што е најпрестижната литературна награда во Србија. Ја има добиено и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга во библиотеките на Србија во 2009 година.
Ги добил и наградите Меша Селимовиќ и Бора Станковиќ. Делови од неговиот роман за Тесла се вклучени во училишната програма за средните училишта во Србија. Неговиот роман „Милениум во Белград“ беше финалист за Prix Femina за најдобар преведен роман во Франција меѓу 700 романи во 2008 година.
Пиштало сè уште верува дека „реалноста е всушност руда од која, кога ќе се исплакне, добиваме соништа“.
Освен Пиштало, гости на 12. издание на фестивалот ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и домашните претставници Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски.
Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 11. програма „Скопје фелоушип“, која годинава се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…