Култура

Почина Томислав Петернек, легендарниот фотограф кој ги овековечи последиците од скопскиот земјотрес

Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС.

Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува РТС.

Почнал да се занимава со новинска фотографија во Светлост од Крагуевац. Наскоро се преселил во Белград и ја продолжил својата работа во Борба, Младост, Југословенска ревија, Економска политика.

Цели 24 години, од 1970 година, тој беше уредник на фотографии во белградскиот неделник НИН, а на таа функција остана до пензионирањето во 1993 година. Неговите фотографии беа објавени на 700 насловни страници на тој неделник.

Посебно значаен момент во неговиот богат опус е фотографирањето на Скопје по земјотресот во 1963. Половина век подоцна, тој ги претстави овие фотографии на изложба во МАНУ.

Петернек се бавел и со модна, применета, рекламна и подводна фотографија, снимајќи во Црвено Море, Карипско Море и Индиски Океан.