(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников)
Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска слава, а е премиерно одиграна на Бродвеј во 1968 година со во тоа време славниот Пет Хингл во главната улога. Оваа пиеса обично е поставувана како камерна пиеса во која и самата приказна го наметнува тој просторен прерогатив. „Цена“ е пиеса која говори за периодот на обезвреднувањето во САД, кога се она што значело меркантилиевски однос се сведувало на контраверза и предизвикувало општа депресија. Но, во оваа пиеса Милер ја вовлекува и интимната нотка (како и во секоја друга пиеса) и поставува едно многу важно прашање: колку нашиот животен простор говори за нас, за нашите животни трауми и недозрабирања. Навидум многу симплифицираната состојба на продажба на стариот мебел во семејната таткова куќа се издигнува до тежок и масивен семеен конфчликт меѓу двајца браќа, една суштествено болна ситуација со големи последици. Но дали последиците се големи? Виктор Франц го продава мебелот на прагот од својот педесетти роденден, полицаец кој како што кажуваат забелешките произлегува од прототип на човек кој бил блисок пријател на самиот Артур Милер и кој се викал Ирвинг Абрамс, а кој бил студент на Колумбија универзитот и имал највисок IQ во полициските сили на Њујорк. Оженет со Естер, убавица која има сериозни проблеми со алкохолот овој веќе поранешен полицаец сака да се ослободи од мебелот на поткровјето од татковата куќа. Процесот на продажба шти ај води Грегори Соломон, руски евреин, трговец со антиквитети кого големиот британски театарски критичар Мајкл Билингтон го окарактеризира како „блажено комична креација која, на почетокот, изгледа како да заскитала од претстава на Нил Сајмон, но кој знае дека ова е неговата последна шанса да му пркоси на времето“, ја прекинува братот на Виктор Франц, Волтер Франц, успешен доктор кој со години не зборувал со Виктор.
Она што импонира во претставата на Александар Ивановски е успешното справување со масивниот текст на Артур Милер и одличното навраќање кон реализмот кој е алфа и омега во театарската уметност. Не излегувајќи од каноните на самата пиеса, Ивановски гради претстава која е чисто актерска и тоа е една од нејзините најблагородини чинители затоа што невидливоста на режисерот во самиот тек на претставата е, всушност негова најголема експонираност. Логичниот и повремено тензичен мизансцен го фокусира дејствието во нешто што се вика консеквентно решавње на проблемот и тематската определба. Во здравите режисерски раце на овој млад режисер беа четирите одлични актерски сензибилитети кои ни докажаа дека мошне успешно можат да одиграат и ликови триесетина години постари од нив. Овде е во прв план Томислав Давидовски кој ликот на Виктор Франц го донесува многу животворно, навлегувајќи во сите негови емотивни трауми и што е најважно успевајќи да ги сокрива како би ја задржал цврстината на полицаецот, една компонента која говори за проникливоста на овој млад актер. Виктор Франц е во некоја рака и најмасивната улога во ова апиеса и младиот Давидовски ја понесува во својот актерски хабитус со голема актерска енергија. Елена Кузманов не импресионира со сопругата на Виктор, Естер, која тешко може да се ослободи од нејзината наклоност кон алкохолот, сопруга која во секој момент го истура нејзиното разочарување од заедничкиот живот и несреќниот брак. Оваа млада актерка одлично ја одигрува вамп дамата налик на Ким Бејсингер од Л.А. Доверливо, трауматизирана и загадочна онолку колку што е загадочен и целиот проблем што го има нејзиниот сопруг со својот такто и својот брат. Горан Ников стариот руски евреин Грегори Соломон ни го презентира во еден хумористичен тон со сјајни говорни валери градејќи лик на човек којсе обидува целиот свој несреќен живот да го гледа од светлата страна. И конечно, Хари Михајловски кој здржаниот, но очаен лекар Волтер, ни го донесува со една суптилна говорна партитура која со својата опозитност кон другите ликови делува многу продуктивно. Овој талентиран млад актер ја води оваа линија на човек чија неоправданост е единственото што го довело до домот на неговиот татко многу сигурно со одлична поставеност на ликот; се на се едно мудро експонирање на лик кој се обидува да ја преврти драмската ситуација и да ја поведе во негова насока.
Во едноставната сценографија на Ненад Тонкин и низ преводот на Марио Стојаноски, „Поткровје“ е претстава која делува совршено живо, со актерска енергија која плени и поттикнува. Секако, ова театарско дело е уште еден бисер на македонската независна театарска сцена која зема се поголем замав, а уметноста на младите актери и режисери се повеќе и повеќе се валидизира.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…