Почетна / Насловна / Став / Демоните на архаиката и проклетството на емиграцијата
Демоните на архаиката и проклетството на емиграцијата
— 8 јануари, 2024
(Кон претставта „Збогум Линдита“ по концепт и режија на Марио Бануши, а во изведба на Националниот театар на Грција од Атина. Главни улоги: Марио Бануши, Бабис Галијацатос, Александа Хасани, Ерифили Кицоглу, Катерина Кристо и други)
Големиот американски писател Џон Штајнбек во една прилика рекол: „Збогувањето има сладок звук на неподготвеност. Збогум е краток и последен, збор со остри заби што се загризуваат низ конецот што го врзува минатото со иднината.“ Балканот е место кое лежи врз матните води на неодлучноста и недефинираноста која историјата ја прекрила со тенкиот плашт на митологизирањето, па така овој дел од светот на некој начин станува мистично-егзотичен. Кратката претстава на Марио Бануши „Збогум Линдита“ зборува за една историска апокрифност чии тенки изданоци се склоп на патетика и емотивна апстракција. Во мазохизмот на овие назнаки животната аналогија на овие простори се одвива низ калдрмата на конфузнијата која пак, од друга страна е лесно и континуирано премивана од историски и фолклорни апстракции кои сакале или не, ги вовлекуваме во нашите животи секогаш и секаде, но најмногу кога традиционализмот ќе не потсети на тлото и неговата заумна „стаменост“. Во седумдесетината минути, овој режисерски концепт не натера да поверуваме дека еклектиката на традицијата е само назнака, само трошка од натурализмот кој кон нас се однесува како ние кон „конструкцијата“ на реализмот – и во естетска и во историска смисла. Марио Бануши градејќи ја оваа претстава на тенката нишка која води од еросот кон танатосот не наведува на помислата дека секоја животна приказна е, всушност, иста, колку небулозно да звучи сето ова.
Нашата симултаност во овие делови од светот е склоп на поданичката подаденост кон традицијата што се пластела како животно искуство. Измислувајќи го својот паралелен живот, човекот се облекува во симболи и конструкти за најважните денови и настани од својот живот да ги преживее како лична, психолошка рамнотежа. Во оваа претстава нема текст. Има симболи и значења кои не вовлекуваат во еден свет во којшто и традицијата, но и емиграцијата била болна и неизлечива. И токму таа емиграција ја изродила таа симултаност на народите и државите за транзицијата да ги нурне во матните и никогаш неразбрани води на различноста.
Актерската енергија во „Збогум Линдита“ е вулкан чија лава не потсетува на се она што не сме можеле да си го преведеме, а уште помалку да го оправдаме. Свадбата како нова врата во животот на човекот и смртта како влез во другиот свет од кој никој не се вратил се две животни искуства преполни со митолошка и фолклорна сигнификантност. Напоена со миграциските трауми, оваа драмска конструкција, или поточно, би рекле, ова театарско патување зборува за недоразбирањето кое, како што ни намекнува Марио Бануши, единствено нема своја симболистичка поставеност. Токму затоа и додавањето на таа маѓичност и традиционалност во универзална димензија треба да не потсети на тоа дека човечките својства се неизбришлив дел од духовната егзистенција на homo faber кој во овие миграциски превирања постанува homo ludens. Марио Бануши, Бабис Галијацатос, Александа Хасани, Ерифили Кицоглу, Катерина Кристо, Хелен Набија Нзанга, Васијана Скопетеа и Криси Видалаки одушевуваат со својата компактност и органичност притоа диференцирајќи ги ликовите на семејство со историски и лилни трауми. Актерската игра која во оваа претстава подразбира многу емоција и сигнификантност на движењата, суптилна кореографираност чија иконокластика е од големо значење, е вруток на значенски констелации кои си ги склопува самата публика затоа што во овие седумдесетина минути, младиот и извонредно талентиран Марио Бануши успева да ја соочи нашата традиционалистичка меморија со онаа што ја сублимирал од целиот Балкански простор. Оваа средба е совршено продуктивна и мошне инспиративна, а во театарска смисла фантастично комуникативна. Нашата историска неодлучност е товар што го носи обичниот Балкански човек. Се чини дека и тоа е една од премисите на оваа претстав. Токму таа недореченост се синтетизира во емотивната гама на сите ликови, поддржана, (но не и оправдана) од самата традиционалистичка симболика. Овие осум актери, вклучително и режисерот, секој на свој начин креираат ликови кои остануваат во сеќавање, во една меморија што не си ја приуштуваме секогаш, најмногу заради потисувањето на колективните трауми кои, за жал, со новите миграциски процеси стануваат јавни и многу болни.
Во ова претстава импресивна е и сценографијата и костимографијата на Сотирис Меланос која се движи од реалистичните назнаки на дневна соба развивајќи се кон фолклорните разноликости, за на крајот да се замрачат со маѓиската констелација, се на се една извонредна корелација кој делува совршено импресивно. Овде мораме да ја истакнеме доминантната музика на Емануел Ровитис во која, би рекле, е сублимиран скоро целиот режисерски концепт. Оваа музичка подлога, се чини дека во себе ја проектира целата емоција на претставата. Страстна, демонски застрашувачка, но повремено и суптилно плачлива, оваа музичка подлога потсетува на сјајната исландска композиторка Хилдур Гиднадотир, една извонредна умешност варијацијата на тонот да се претвори во симбол од исклучителна важност и за дејствието, а и за режисерскиот концепт.
И конечно, претставата ме потсети на една многу интересна, круцијална сентенца на големиот поисател Карлос Фуентес која вели: „ Препознајте се во тој и таа кои не се како мене и тебе.“ „Збогум Линдита“ ја има димензијата на несовладливоста на митот и во таа феноменолошка и онтолошка одредница се движи нашата внатрешна сага на наметнатите и судбоносни движења тука, околу себе, во себе и надвор од себе. Внатрешниот контекст на судбината во сите тие движења и традиционални опкружувања се паралелен општествен и социјален организам кој живее и се храни со континуитатот на недоразбирањата. Конечно, крајот е секогаш блиску, но е Танталовски недофатлив.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…