(Кон 48-то издание на Младиот отворен театар одржано од 8 до 18 ноември 2023 година во Скопје)
Театарот со својата актуелност неизбежно станува нераскинлив дел од ткивото на општествените и политички движења особено на овие простори. МОТ веќе скоро пет децении е токму тоа: театарски фестивал кој не потклекнува на ниедно искушение и тој е фестивал кој, конечно не го растурил својот континуум наспроти сите големи предизвици со кои се соочувал и во времето на своите почетоци, а и во ова време полно со тензии не непредвидливости. Оваа година МОТ ги отвори вратите за многу театарски проекти чиј ангажман ја возбуди театарската јавност, но и театарските професионалци и теоретичари. Двата големи сегменти на овој фестивал: меѓународниот и македонскиот, донесоа исклучително интересни проекти со разлини начини на мислење, но и големи пораки за иднината на човештвото, овоременските духовни болести, па така секој од тие десет дена театарска маѓија пренесе по некое искуство преточено во инспирација и театарски израз.
Така официјалната програма на овогодинешниот МОТ беше составена од претставите: „Декамерон“, по расказите на Џовани Бокачо во режија на Мартин Кочовски и во продукција на Народниот театар од Прилеп, „Браќа Карамазови“ по Ф.М. Достоевски во режија на Оливер Фрљиќ во продукција на театарот ЗКМ од Загреб, Хрватска, претставата „УФО – омаж за Каталин Ладик на „Завод Сплох“ од Љубљана , Словенија, „Слугинки“ на Жан Жене во режја на Сибел Абдиу и во продукција на Турскиот театар од Скопје, а тука ексклузивно ја имавме и премиерата на „Геа“, претстава на театарската група Ерос АнтЕрос од Равена која беше копродукција со фестивалот МОТ, и фестивалот ФИАТ од Подгорица, Црна Гора, во режија на Давиде Сако; претставата „Оро“, на независната група Станица од Белград, Србија, „Скопје, големото бекство“ во режија на Атила Антал и во продукција на ИНБОКС од Нови Сад, Србија и Harabel Contemporary од Тирана Албанија, „Франкенштајн“ по романот на Мери Шели во драматизација на Димитрие Коканов, во режија на Кокан Младеновиќ и во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, премиерата на „Поол“, по драмскиот текст на Марк Рејвенхил, во режија на Шејла Мандак, а во изведба на независната театарска група Хибрид, „Роденден“, многу интересно видување на режисерот Васил Христов на пиесата на Харолд Пинтер во продукција на Народниот театар од Штип, моноперформансите „Некомплетно“ од Германија во режија на Мирза Метин и „Сингуларност“ од Естонија и Норвешка во режија и изведба на Кули Росна и одличната „Евангелие по Достоевски“ по избор текстови од делата на големиот руски класик во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српскиот народен театар од Нови Сад, Србија. Селекцијата на независни проекти „Биш“ беше составена од шест претстави „Нерон“, по текст на Христо Христов во режија на Ѓорѓи Ризески, независниот проект „Немиот келнер“ по пиесата на Харолд Пинтер во режија на Александар Ивановски, „Вилицата на Ибен Баерс“ по текстот на Филип Грујиќ, во режија на Борис Василески, а во продукција на независната трупа „Штрих“, „Кенди“ , по текстот на Лук Дејвис и материјали на ХОПС во драматизација и режија на Тамара Стојаноска и во изведба на независниот театар „Златен Елец“, независниот проект „Спасени“ по текстот на Томислав Зајец во режија на Дамјан Костовски и претставата „Бакхи: Агава“ инспиририана од древната трагедија на Еврипид и по текстот на Тамара Барачков во режија на Нина Николиќ, а во изведба на Перипетија продукција. Веќе втора година по ред, МОТ ја доделува наградата „Биш“ за најдобра независна продукција и со тоа го поттикнува независното театарско творештво во нашата земја како еден сосема појнаков глас во театарската инспирација и практика.
Меѓународното жири составено од Дора Ружѓак Подолски (Хрватска), Маја Митиќ (Србија) и Сашо Огненовски (Северна Македонија) оваа награда ја доделија на претставата „Кенди“ која особено се истакна со својот автентичен израз и длабоката ангажираност говорејќи за наркоманијата како болест или можеби кобно бекство на младата популација. Независниот театарски израз во Македонија зазема се поголем замав и се чини дека младите театарски уметници се повеќе се одлучуваат својот аспект и своите согледби за општествената социјална и политичка стварност да ја визуелизираат токму низ ваквов вид на проекти. Сегмент кој не само што е релевантен, туку е особено потребен во време во кое тензиите и несигурноста го замениле духовниот мир и благосостојбата.
МОТ има своја приказна. Долга и густа со настани, со возбуда и бунтовност. На овој фестивал нема да видиме само театарски претстави. Овој фестивал ќе проговори и низ дебати и низ разни други презентации, така што тука го имавме и Душан Пернат, големо продуцентско име кој говореше за силата, а најмногу за предизвиците на театарската продукција, а тука се и дебатите на Локомотива и ППЖ, „Дијалог кој недостасува“ и „Испробување феминистички вистини“, како и работилниците на пост-драмски театар и танц водена од Филип Петковски наречена „Мац мац“ и „Карневалот за себеси“, работилница на Мирза Метин од Германија. И секако, едно од збогатувањата на овој секогаш возбудлив фестивал беше и проектот „Градот како сцена“, театарска инсталација во три чина, колаборативен проект на Филип Јовановски, претставен во рамките на националниот павилјон на нашата земја на Прашкото квадриенале. Неизбежнен настан на самиот крај на фестивалот беше промоцијата на книгата „Чашуле: приказнувачот“ на Ана Стојаноска, писателка и порфеор на ФДУ, Скопје, посветена на работата на овој голем маг на македонската драматика. Том Стопард во еден момент ќе каже: „На сцената правиме работи што треба да се случат. Што е еден вид интегритет, ако на секој излез гледате како на влез на друго место.“ Овој театарски настан е влез во новите аспекти на театарската уметност, нејзината автентичност и актуелност, секако водена од инспирацијата, мотивираноста и имагинативноста.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…