Култура

„Зад стоговите сено“ ќе го отвори 8. фестивал „Киненова“, награда за особен придонес на српскиот актер, Бранислав Лечиќ

Филмот на грчката режисерка Асимина Проедроу, „Зад стоговите сено“, (Behind the Haystacks), каде копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“, ќе го отвори 8. издание на Киненова. Овој филм доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. Награда за особен придонес во филмската уметност, тимот на фестивалот одлучи да му ја додели на српскиот актер, Бранислав Лечиќ 

Во натпреварувачката програма МФФ Киненова ќе прикаже осум филма на дебитанти и перспективни автори кои ги рушат стереотипите на воздржаност, филмови кои користат и класични и експериментални концепти.

„Киненова“ во својата осма едиција се обидува да ги одржи високо поставените стандарди во однос на квалитетот на филмовите што се прикажуваат на Киненова, рече директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ.

-Малку повеќе калкулиравме и ги чекавме да завршат фестивалите во Карлови Вари и Локарно, фестивали во чии програми се вложува огромен труд, посветеност и доверба во младите и перспективни филмаџии, потенцираше уметничкиот директор на фестивалот, Гена Теодосиевска. 

Така и овојпат, го создадовме овоа наше осмо патување преку осмото сетило со филмови кои знаеме дека долго ќе се паметат, заради нивната авторска умешност и занаетска сензибилност. Главната селекција ја започнвме да га градиме почнувајќи со два филма од годинешново Берлинале прикажани во Главната и програмата Панорама: 20.000 видови пчели на исклучителната баскијка Естибалиц Уресола Солагурен. Во Берлин 11 годишната талентираната Софиа Отеро ја понесе наградата Сребрена мечка за актерско остварување. Филм за збунетоста на едно дете, кое е во потрага по својот идентитет, опкружено со жени пчеларки, кои живеат во еден затворен екосистем на матријархат во едно баскиско село. Овој  филм годинава е кандидат за Оскар на Шпанија, вклучен во 40те играни филмови кои се во трка за Европскиот оскар, а нејзиниот краток филм Хорда исто така е во конкуренција за најдобар краток филм кандидат за Европската филмска награда и контроверзниот Феемме (Женствена), на двоецот Сем Фриман и Нг Чон Пинг од Велика Британија, осведочени поборници за родовата еднаквост и правата на ЛГБТ заедницата, со своето деби за прославената драг кралица и уметница Афродита Бенкс, соочена со нејзиниот кошмар и справувањето со него. Филм за кој се бараше карта повеќе на Берлинскиот фестивал, а потоа беше прикажан и во Монтреал, Единбург, Сараево итн. Режисерскиот концепт иако класично развиен, добива своја моќ над гледачот заради неговите одлични ноќни кадри. Третиот филм е филмот Празни мрежи, ( јалови мрежи), дебитантски игран филм на познатиот германско ирски документарист Бехруз Карамиѕаде кој со една згусната меланхолија ни ги открива љубовните искри на Амир и Наргес, кои ги развиваат своите идни планови наспроти стереотипите на едно патријахално и затворено општество. Малото рибарско село, упорноста на Амир грижата на Наргес и неговата мајка и околината која е корумпирана, отсликани се да ја поседува онаа автентичност на познатиот ирански бран на суровиот и поетскиот реализам во исто време. Филмот ја доби Специјалната награда за режија на главното жири во Карлови Вари.

Единствениот македонски филм што ги предизвика нашите сетила и нашето внимание, а е во главната компетициска програма, е филмот „Преекспонирано“ на Елеоноира Венинова, филм кој диши со една сценаристичка и режисерска свежина и отвора нови дилеми за секоја атракција која е незаобиколна за нашето око и тело. 

Во рамките на Киненова прикажуваме и 4 играни филма од најновата Полска кинематографија селектирани од нас, а понудени како партнерска програма на Киненова и Вистула ФФ. Годинава ќе ни гостува директорката на овој фестивал Малгорзата Скулска, познатиот режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален ументик Лех Мајевски со неговиот најнов игран филм Брижит Бардо, прекрасната и актерката филмот Опасен господин, Марта Ојрзинска. Останатите два филма се филмот на Јан Холубек 25 години невиност, случајот на Томек  Коменда и филмот, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на фестивалот.

На денешната прес-конференција присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.

-Големо задоволство ми е што сме селектирани во официјалната програма на МФФ Киненова бидејќи ова ќе биде првиот македонски фестивал на кој имаме официјална селекција за филмот, но и бидејќи во некои од поранешните изданија на Фестивалот работев и како предселектор на кратките филмови. Светската премиера на филмот се случи во ноември минатата година во Каиро, а во меѓувреме беше на уште десеттина фестивали. Следува учество на фестивал во Женева, Луксембург и на уште еден фестивал кој сеуште не ја објавил програмата, па не смеам да го споменам, истакна Венинова, која подвлече дека особено и е драго што имаме Фестивал кој го слави првиот, вториот, па и третиот филм на режисерите затоа што навистина е тешко да се добие место, да се биде селектиран на некој Фестивал.

Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.