Почетна / Култура на живеење / Насловна / „Омаж на Љубомир Бранѓолица“ кој остави голема ризница на дела со импресивна синтеза на жанрови и музички изрази
„Омаж на Љубомир Бранѓолица“ кој остави голема ризница на дела со импресивна синтеза на жанрови и музички изрази
— 25 октомври, 2023
Последниот концерт од годинашните „Денови на македонска музика“ (ДММ) што беше посветен на еден од најголемите македонски композитори, неодамна починат, Љубомир Бранѓолица, (1932 – 1923), се одржа вчера во камерната сала на Македонската Филхармонија.
Под диригентската палка на Борјан Цанев, гудачкиот оркестар изведе дела за гудачки оркестар од богатиот опус на познатиот композитор Љубомир Бранѓолица, а солисти на концертот беа, Марјан Милошевски – фагот, Тања Петрушевска – обоа, Здравко Ангелов – кларинет и Мартин Димитров – виолина.
На концертот беа присутни претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, претседателот на државата, Стево Пендаровски, членови на семејството Бранѓолица, членови на хрватската заедница во Македонија, членови на Сојузот на композитори на Македонија, новинари, музиколози, музички критичари и други. Во уводниот збор, Вукица Костоска Пенева зборуваше за обемното творештво на плодниот композитор, кој со својот импресивен обемен музички опус од 400 музички дела од различен жанр, остави голема трага во историјата на македонската музика но и пошироко на овие простори. Неговите дела се препознаваат по различните аранжмани и музички изрази, кои со својата мелодија и оркестрација комбинираат елементи и на традиционалниот фолклор и на џезот. Покрај неговата посветеност на класичната музика, Љубомир Бранѓолица компонираше импресивни 19 целосни балети и бројни концерти за различни музички инструменти, опери, камерни и хорски композиции, тој остави белег и во забавната популарна музика како и во теоријата на композицијата, книга за балет, поезија и музика за филмови, музика за деца.
Големото музичко наследство на маестро Љубомир Бранѓолица, е сочувано на онлајн платформата подготвена од Андреј Блажевски, со што се ставени на располагање на голем број партитури за понатамошното претставување делата на Љубомир Бранѓолица кој, со неговото појавување на музичката сцена и, во текот на неговата 70 годишна континуирана активност, остави голема ризница на дела што се карактеризираат по импресивната синтеза на жанрови и музички изрази.
Несомнено е дека Љубомир Бранѓолица е уникатна фигура на македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Бранѓолица е несомнено еден од најплодните и најзначајни автори на 20-тиот век во македонската музика, не само во класичната, туку и во сите останати музички жанрови.
Концертот „Омаж на Љубомир Бранѓолица“ е во организација на СОКОМ, под покровителство на Претседателот на РСМ и се реализира со поддршка на Министерството за култура и НУ Филхармонија.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…