Почетна / Насловна / Настани / На „Џифони Македонија“ светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“
На „Џифони Македонија“ светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“
— 8 октомври, 2023
Како да ги препознаеме лажните вести – со свое предавање денеска во 17 часот, претставници на организацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе им помогнат на младите од фестивалот „Џифони Македонија“ да ја подобрат својата медиумска писменост. Исто така, не денешниот фестивалски ден ќе се одржи светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ на Кенан Мусиќ.
На „Џифони Македонија“ сениорите денеска ќе го гледаат украинскиот филм „Лист, камен, граната“, кај кадетите е на програмата италијанскиот „Својствата на металите“, а јуниорите ќе го гледаат холандскиот филм „Ромаиса, суперхероината од Ротердам“. Следи и проекција на втората група кратки филмови кои се натпреваруваат за една од трите награди за „најдобар ЕПИК краток филм“.
На попладневната програма која е отворена за пошироката публика денеска во киното „Фросина“ во 17:45 часот ќе се одржи и светска премиера на краткиот филм „Јан“ на Кенан Мусиќ, по што ќе следи средба со режисерот и дел од актерската екипа. Станува збор за филм за пријателство и љубов, во момент во животот кога на импулсите и на промените не може да им се одолее. Брутал
Учесниците на фестивалот вчера имаа можност да го проследат краткиот хорор филм „Лубеница“ на Мартин Чичовски и Оливера Каменарова, по што следуваа лавина прашања. Младите му честитаа на Чичовски за филмот, кој објасни дека за филмот веќе има интерес за негова американска продукција и дека ќе добие всушност нова верзија.
-Хоророт е возбудлива форма. Секој филм има свој јазик и гледачот треба да си најде свое толкување. Филмот го спремавме два месеца, им благодарам на сите што ни помогнаа, снимавме во Марков манастир покрај реката и беше одлично искуство. Многу е убаво кога работите со ваши пријатели со кои лесно се разбирате. Со Оливера се познаваме со години и иако сме многу различни, кога работиме филм, ние сме на иста бранова должина, рече Чичовски и им порача на младите дека на „Џифони“ сѐ е можно, а потсети и дека многу работи за филмот ги научил токму на фестивалот.
Во рамките на програмата „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, се одржа панел дискусија со претставници на фестивали од регионот посветени на младите филмски креативци – Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Дискусијата беше фокусирана на филмот кој во рацете на младите креативни луѓе може да послужи како алатка што ќе го подобри светот. Сите учесници се согласија дека филмот е многу важен медиум што може да ги поврзе младите и ги охрабрија џифонци да се впуштат во реализација на своите идеи, да ги срочат своите мисли во видео форма и да ги испратат своите остварувања на фестивалите во регионот, кои можат и да им помогнат во тој потфат, бидејќи поддржуваат и развој на сценарио, на претпродукција и слично.
но искрена врска во брутална средина, што не прифаќа искрени емоции и не разбира дека понекогаш разумот не е најважната работа. Влезот е слободен.
Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија го претстави фестивалот Interaction кој е резултат на долгогодишното искуство на здружението „Филмарт“ во едукација и продукција на кратки документарни филмови од млади автори. Тие организираат работилница во август, на која годинава учествуваа и млади од Македонија. Таа истакна дека го избрале документарниот филм како многу силен медиум за да се раскаже приказна, чини многу поевтино од играниот филм и така може повеќе млади да се охрабрат, особено на Балканот, да снимаат.
-Ние ангажираме млада публика од помали места, а доаѓаат луѓе од цел свет и тоа е многу интересно искуство за децата од регионот, бидејќи имаат можност да разговараат со гостите и да дознаат повеќе за нивната работа, рече Петровиќ-Варагиќ.
Ирене Зеза го претстави Олимпија филм фестивал, што веќе 26 години се одржува во Пиргос, Грција
-Секој декември имаме фестивал на филмови за деца и млади од професионалци, а имаме и дел направен за деца од цел свет. Имаме работилници, мастеркласи, обуки за наставници. Нашиот фестивал се одржува во мало место и цела недела кога се случува, насекаде има деца, млади, со камери во раце. Таа глетка е преубава, вели Зеза.
За Омладински филмски фестивал од Сараево зборуваа Мирза Чустовиќ и Кенан Мусиќ.
-На Омладински фестивал прикажуваме филмови на млади автори. Има три начини да учествувате, со ваш филм, со идеја и да добиете соработка со нашите партнери. Филмот како медиум сѐ уште не добива доволно признание од општествата и од филмските центри. Во последните години поддршката е сѐ помала и затоа ваквото поврзување како во Проектот ЕПИК е многу важно и корисно за сите нас. Видеото и филмот се форма на уметнички израз која најбргу допира до публиката, особена младата публика. Охрабрете се да ги исораќате своите остварувања или идеи на разни фестивали, оти тоа е многу важно, вели Мусиќ, кој истакна дека бил на „Џифони Италија“ во 2013 година и смета дека како концепт, тоа е најубавиот филмски фестивал што некогаш е направен.
По дискусиите следуваше традиционалната меѓународна вечер на која младите се забавуваа, дознаваа за културата на секоја земја, на свој автентичен начин, и се насладија со вкусовите на гастрономските специјалитети на сите земји учеснички.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…