Почетна / Насловна / Настани / „Златна камера 300“ за кинематограферите на турскиот филм „За сувите треви “, Џевахир Шахин и Куршат Уресин на 44. ИФФК „Браќа Манаки“
„Златна камера 300“ за кинематограферите на турскиот филм „За сувите треви “, Џевахир Шахин и Куршат Уресин на 44. ИФФК „Браќа Манаки“
— 30 септември, 2023
Во преполнетата сала во Домот на културата во Битола, вчера, со доделувањето на главните награди и со проекцијата на македонскиот филм „Лена и Владимир“ заврши 44. ИФФК „Браќа Манаки“. „Златна камера 300“ на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ ја добија кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“, на светски познатиот турски режисер Нури Билге Џејлан, „Сребрена камера 300“ му беше доделена на Ченгма Жијуан за кинескиот филм „Само реката си тече“ и, „Бронзена камера 300“му припадна на кинематограферот Паоло Карнера за прекрасниот италијански филм „Носталгија“ на режисерот Марио Мартоне. Посебно признание во главната селекција му беше доделена на македонскиот кинематографер Наум Доксевски за филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, со кој беше отворено 44 издание на „Браќа Манаки“. Овие награди ги додели жирито во интернационален состав, Дарија Д ‘ Антонио, Питер Бижу, Теона Стругар Митевска, Ромен Лакурба и Доменико ла Порта, кои одлучуваа и за наградите за краткометражниот филм. Така, „Мала камера 300“ за најдобар краткометражен филм ја доби Марта Симоеш, а посебно признание му беше доделено на Стефан Георгиевски за филмот „Мавера“ во режија на Батухан Ибраими.
Џевахир Шахин и Куршат Уресин, кинематографери во филмот „За сувите треви“
На Георгиевски признанието му го додели Питер Бижу, а младиот режисер рече дека е голема чест за него што бил дел од овој фестивал, бидејќи неговиот независно финансиран филм се нашол во друштвото на филмови кои биле на светските филмски фестивали.
Ченгма Жијуан, кинематографер на кинескиот филм „Само реката си тече“
-Ова е мотивација за нас, младата генерација филмаџии, подготвена да ги прифати сите предизвици и најважно од се, филмот го гледа со едни искрени очи и љубов, рече Георгиевски.
„Бронзена камера 300“ на кинематограферот Паоло Карнера за прекрасниот италијански филм „Носталгија“ на режисерот Марио Мартонe
За наградата Железна камера 300 за документарен филм одлучуваше жирито во состав: Тамара Котевска, Татјана Крстевски и Самир Карахода. Железна камера 300 жирито и ја додели на Каролин Шампетије за филмот „Човекот во црно“, Железна камера 300 за краток филм ја доби Неритан Зинџирија за филмот „Светло на светлината“, а посебно признание за Тео Монтоја за „Анхел 69“.
Каролин Шампетије, кинематограферка во филмот „Човекот во црно“
-Пред камерата на Каролин Шемпатије, главниот протагонист, виртуозниот композитор, стои соголен и ранлив, нудејќи уникатно интензивно сведоштво. Преку мајсторското осветлување и движењето на камерата филмот ни го прикажува портретот на овој човек во неговата целовитост, претставен во стар француски театар длабоко втопувајќи не во внатрешниот свет на композиторот, ја образложи одлуката на жирито Тамара Котевска.
Посебно признание му беше доделено на кинематограферот Стефан Георгиевски за филмот „Мавера“ во режија на Батухан Ибраими
Заблагодарувајќи се за доделеното признание Шампетије рече дека воопшто не очекувала награда.
-Прв пат доаѓам овде и би кажала дека прекрасно е да се работи со режисери кои ни ја враќаат вербата во филмската уметност и не тераат да одиме напред, рече Шампетије.
Зинџерија, пак, со видео порака им се обрати на присутните заблагодарувајќи се особено на жирито бидејќи избрале филм кој има специфично авторство.
За Фестивалотс важен сегмент е студентската програма, односно филмската иднина. Од оваа година студентската програма е со натпреварувачки карактер, со селекција на филмови од најдобрите европски филмски академии. Жирито во состав: Анастас Мичос, Бранд Фери и Нил Јанг, Кристалната камера 300 и ја додели на Хелена Фикерова, а посебно признание за кинематограферот кој многу ветува, Давид Бајерски за филмот „Воскресение“.
-Добитничката на наградата покажува импресивна вештина во контролата и користењето на природната светлина. Работејќи во рамка на пригушени тонови оваа кинематограферка покажува високо ниво на техничка умешност со осветлувањето и користењето на објективите, вешто прикажувајќи ги променливите емоционални состојби во филмот, истакна Анастас Мичос, претседател на жирито на студентската програма.
-Во потрага по прекрасното непознато создадовме фестивал каков што Битола и Македонија, би сакале, требале и морале да имаат. После 44 години макотрпна и трпелива работа на сите кои сме биле дел од овој фестивал и сите кои со својата работа исполниле барем еден дел од фестивалскиот мозаик, се надевам, можеме да кажеме дека „Браќа Манаки“ е светски фестивал кој ги чествува кинематограферите и многу важен дел од културниот идентитет на Македонија, рече директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски, кој на крајот отпеа песна со која ги покани сите гости следната година повторно да дојдат во Битола.
Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, свечено го затвори фестивалот а пред тоа му ја додели специјалната награда „Камера 300“ на кинематограферот Шејмус Мекгарви, кој заблагодарувајќи се за наградата и прекрасното дружење во изминатите седум дена рече:
-Многу сум возбуден, добив прекрасна награда. Многу ми е мило што го открив фестивалот „Браќа Манаки“, бидејќи претставува една вистинска прослава на филмот. Имаше прекрасна атмосфера и повторно ќе дојдам и следната година, рече Мекгарви заблагодарувајќи се на доделеното признание.
Претседателот Пендаровски во обраќањето по повод свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ рече дека го радува фактот што токму филмската уметност секогаш успева да опстои дури и во најпредизвикувачки услови.
Претседателот Стево Пендаровски го затвори 44. ИФФК „Браќа Манаки“
-Филмската уметност секогаш им пркоси на сите општествени и економски контексти кои не се сосема благопријатни за креативното изразување. Токму затоа на последниот ден на најстариот фестивал на филмската камера во светот „Браќа Манаки“ би сакал да им честитам на организаторите на истрајност, а на лауреатите за сите досегашни и идни успеси, рече Пендаровски.
По доделувањето на наградите и свеченото затворање следуваше проекцијата на филмот „Лена и Владимир“.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…