Почетна / Насловна / Настани / „Лена и Владимир“ е приказна што е само инспирирана од бајка и се случува денеска
„Лена и Владимир“ е приказна што е само инспирирана од бајка и се случува денеска
— 29 септември, 2023
Дебитанскиот филм на Игор Алексов, приказната за двајцата бегалци Лена и Владимир, раскажана во сценариото на Александар Русјаков, ќе го затвори годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
На денешната прес конференција беше претставена екипата од филмот.
-Снимањето се одвиваше во 2018 година, но се случи една бура и го уништи речиси целиот сет и дел од средствата што беа планирани за постпродукција се префрлија таму. Потоа проектот застана во постпродукција, имавме една пауза од година и половина кога не се правеше ништо, па потоа најдовме копродуцент од Србија и така успеавме да го завршиме филмот како што сакавме, раскажа режисерот Игор Алексов.
Продуцентот Дејан Илиев рече дека да не била екипата која помогнала да се надминат сите тешкотии немало да успеат.
Душан Кардалевски е кинематографер на филмот. Тој проговори за боите во филмот, како течело снимањето… Се потсети дека Алек Русјаков му подарил книга, која откако ја прочитал посакал да сними филм за истата и кога добил покана за навистина да го направи тоа и го добил сценариото за филмот не можел да поверува дека му се остварила желбата.
-Бидејќи ова не е класична приказна, туку повеќе е фантазија, повеќе е бајковита приказна одлучив да снимам со Ари Алекса камера. Сакавме да ги одвоиме двата света на Лена и Владимир. Во светот на Лена користев многу остри објективи без никаква филтрација, сакав тоа да биде што постудено бидејќи нејзиниот живот беше таков. За разлика од неа, во прикажувањето на другиот свет користев потопли тонови. Таму боите се помеки и користев специјална филтрација, објасни Кардалевски.
Александар Русјаков е автор на сценариото за филмот и тој упати честитки за кинематограферот. Раскажа дека „Лена и Владимир“ е одамна напишана приказна и дека не било класично сценарио бидејќи содржело многу книжевни елементи.
-Го напишав пред 25 години, тукушто имав завршено филмска режија и не гледав начин како тој филм може да се изведе. Но, сега во разговор со Игор напишаното се преточи во вистинско сценарио. Тоа е едно поинакво читање на бајката, која воопшто не се држи до приказната затоа што јас сакам да си играм со формите. Овој пат сакав да напишам приказна која е инспирирана од бајка, но нема врска со бајката и се случува денеска. Многу се израдував кога Игор ми рече дека му се допаѓа сценариото и сум пресреќен што на филмот работеше Душан Кардалевски за кого сметам дека е најдобар кинематографер, рече Русјаков.
Монтажерот на филмот подвлече дека монтажата на филмот воопшто не била исцрпувачка како што знае да биде најчесто, бидејќи целата екипа на сетот одработила одлично така што не морал да влегува при монтажата во т.н. темни лавиринти за да го спасува филмот како што најчесто се случува.
-Иако, јас лично сметам дека добро напишано сценарио и добро режиран филм е база за одличен производ, односно дека добра монтажа не може да спаси филм. Главното изразно средство кај секој филм, па и кај овој е актерската игра и јас сум благодарен на секој актер затоа што едноставно можев да креирам.
Филмот раскажува за два лика- тој ја изгубил љубовта, осуден на осаменост, таа, како сираче, силувана, малтретирана- двајцата доживуваат пролет во еден студен јануари и се вљубуваат во животот.
Главните улоги ги играат актерите: Тони Наумовски и Сара Климоска, а споредните улоги: Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Благоја Чоревски, Кирил Коруновски, Луран Ахмети, Дениз Абдула и други.
-Се е посебно, соработката, сценариото, режијата, анализите, пробите…Ова беше многу посебен процес кој верувам дека секој актер би посакал да има ваков проект во животот. Разликата да се работи на нискобуџетен филм кај нас и во странство е во магијата. Ние сме мајстори исто толку колку што се мајстори и во Америка, само, цифрата што го одредува буџетот е разликата, но не и магијата. На масава седам со мајстори кои донесуваат магија која прави волшебства во секој проект во кој што работат, рече Тони Наумовски.
За Дениз Абдула особен впечаток оставило темелното работење со режисерот, им дал слобода на сите сектори и можеле слободно да креираат и да го дадет најдоброто од себе.
За улогата на Лена, Сара Климоска во 2021 беше избрана за една од десетте млади и надежни актери во Европа, „European Shooting Stars 2021“, со зборовите: Со очи кои навистина служат како прозорец кон нејзината душа, изведбата на Сара Климоска е истовремено шармантна и разиграна, жестока и разорна. Откровение во вистинска смисла на зборот, со емотивна длабочина што ги демантира нејзините години, таа не привлекува во животот на нејзиниот отпадник со шарм и леснотија што јасно го покажува нејзиниот ѕвезден потенцијал.
-Овој филм можеби доаѓа подоцна во мојата кариера, но беше прекрасно искуство. Актерите како што добиваат повеќе искуства, така почнуваат да рационализираат за тоа како треба да се игра и кој е пристапот. Прекрасна база беше ликот на Лена, Алек е темелен и нуди варијанти за да се одигра. Исто така соработката со Тони Наумовски беше драгоцена и сите останати атери, ми помогнаа и направија да се чувствувам поудобно на снимањето, рече Климоска.
Продукција е на „Минд продукција – Скопје“, продуценти се Дејан Илиев и Илија Циривири, музиката е на Дарко Спасовски, кинематографер Душан Кардалевски, костими – Раде Василев, сценографија Александра Петкова и Влатко Христов, кастинг Катерина Грубач, продукција Влатко Зафирковски.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…