Златен лав за „Кутрите“ на грчкиот оскаровец Јоргос Лантимос
— 11 септември, 2023
Венеција– „Кутрите“ (Poor Things) на грчкиот оскаровец Јоргос Лантимос синоќа го освои Златниот лав на јубилејното 80-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција.
Филмот, со Ема Стоун, Вилем Дефо и Марк Рафало, е црна комедија според истоимениот роман на шкотскиот писател Аласдир Греј од 1992, а беше главен фаворит и на критиката и на публиката во текот на целиот фестивал.
Рјусуке Хамагучи со Гран при на жирито
Гран при на жирито, кое беше на чело со Дамиен Шазел, освои „Злото не постои“ на јапонскиот оскаровец Рјусуке Хамагучи.
Мате Гарое со Сребрен лав за најдобар режисер
Сребрен лав за најдобар режисер доби мигрантската драма „Јас, капетанот“ на италијанскиот автор Матео Гароне, а главниот актер од овој филм Сејду Сар ја освои наградата за најдобар млад актер „Марчело Мастројани“.
Агњешка Холанд со Специјална награда на жирито
Специјална награда на жирито доби „Зелена граница“ на полската ветеранка Агњешка Холанд, драма за сириско семејство кое бега од ИСИС во Белорусија, која последните денови му беше сериозен конкурент на Лантимос за Златен лав.
„Луѓето сè уште се кријат во шумите, лишени од нивното достоинство, од нивните човекови права, од нивната безбедност, а некои од нив ќе загинат овде во Европа. Не затоа што немаме ресурси да им помогнеме, туку затоа што не сакаме“, рече Холанд примајќи ја наградата.
Сејду Сар најдобар млад актер
Актерските награди ги добија Кејли Спини за „Присила“ на Софија Копола и Питер Сарсгард за „Меморија“ на Мишел Франко.
Питер Сарсгард најдобар актер
Во селекцијата Хоризонти победи унгарската политичка драма „Објаснување за сè“ на Габор Рајш. Во оваа селекција се натпреваруваше и македонскиот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој доби една од паралелните фестивалски награди, Квир лав.
Кејли Спини најдобра актерка
Изненадување беше што наградата за најдобро деби „Луиџи де Лаурентис“ ја освои тајванскиот актер и режисер Ли Хонг-Чи за „Љубовта е пиштол“, кој имаше премиера во паралелната секција Недела на критиката.
„Кратко патување“ на албанскиот автор Ереник Бекири освои награда за најдобар краток филм.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…