Почетна / Насловна / Настани / Шеjмус Мекгарви: Не мислам дека ние, кинематограферите, треба да бидеме харизматични и насмеани
Шеjмус Мекгарви: Не мислам дека ние, кинематограферите, треба да бидеме харизматични и насмеани
— 28 септември, 2023
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки“, денеска во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња.
-Пораснав во мал град во Обединетото Кралство, во католичко семејство. Отсекогаш обичното го гледав појасно, а обичното, според мене, е врвно. Сакам да гледам пејсажи, луѓе, и мојата инспирација доаѓа оттаму. Доаѓам од земја каде што немаше многу сончева светлина. Во последните 13 години живеам во Тоскана, Италија. Порано бев целиот облечен во црно, сакав темни бои, но сега погледнете, сум обоен, носам сино, носам жолто. Имав среќа да имам наставник по уметност, кој е брилијантен. Многу цртав и фотографирав. Тој ми рече, „Ти треба да правиш филмови“. И почнав да правам куси филмови со малата камера која ја користев, раскажа Мекгарви.
Откако се запишал и завршил училиште за филм во Лондон, никој не сакал да го вработи, за почнал да работи како сликар и декоратер. Подоцна, сфатил дека не сака да го работи тоа целиот свој живот.
-Моќта која ја носи човек во себе на сет, може да направи лесно да се направат нештата спектакуларни. Осмозата на креативност е прекрасно да се види, а која произлегува од линкот меѓу кинематограферот и режисерот. Многу учев од своите грешки во работата. Учев да снимам, да експериментирам, рече кинематограферот.
Публиката имаше можност да погледне сцени од легендарните „Ана Каренина“, „Лоши времиња“, „Атонемент“ и „Ноќни животни“. Зборувајќи за филмот „Ноќни животни “, Мекгарви кажа дека Том Форд е најголемиот човек кој го има запознаено во својот живот.
-Беше предизвикувачки да се снима додека долго возат автомобили по пат. Тој филм има тешка тема, две жени беа убиени. Но тоа е Том Форд, тој беше одличен и најприземјен режисер со кој некогаш имам работено. Би сакал да работам пак со него, мислам дека е е подготвен за нов филм. Би сакал да видам уште еден негов филм зашто тој е извонреден, кажа Мекгарви.
Шеjмус Мекгарви два пати е номиниран за „Оскар“, и тоа за најдобра фотографија за „Покајание“ (2007) и за „Ана Каренина“ (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина“ и за „Ноќни животни“ (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со „Лимиер“ медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво.
-Јас сум патолошки среќен. Но не мислам дека ние, кинематограферите треба да бидеме харизматични и насмеани. Јас познавам колеги кои не се такви, а се брилијантни во својата работа.
Во однос на тоа, дали е подобро да се работи на телевизиска серија или на филм, тој кажа дека не гледа разлика.
-Кога и да дојдеш на сет, тоа е подарок. Не гледам разлика меѓу ТВ и филм, истата сензибилност е, истото е. Ако не сме овде да раскажуваме приказни, тогаш во што е поентата? Моите родители ми кажуваа приказна кога одев на спиење, ги измислуваа. Мајка ми ми велеше, ти кажи ги ликовите, а јас ќе ти раскажам приказна, додаде кинематогрaферот.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…