Почетна / Насловна / Настани / Убавата архитектура на 17 јапонски тоалети е приказната во прекрасниот филм „Совршени денови“
Убавата архитектура на 17 јапонски тоалети е приказната во прекрасниот филм „Совршени денови“
— 27 септември, 2023
Филмот „Совршени денови“ на Вим Вендерс се прикажа во рамките на официјалната селекција Камера 300 на 44. ИФФК „Браќа Манаки“, прекрасен филм на познатиот режисер Вим Вендерс, снимен во Токио, во кој се прикажани 17 различни архитектонски креации на тоалети во овој град. Убавината на филмот ја дополнува и прекрасната глума на шармантниот и харизматичен Који Јакушо, кој ја игра главната улога во филмот, каде тој ги чисти тоалетите секој ден и тоа го работи со голема љубов иако ликот е интелектуалец. Изгледа дека главниот лик си го пронашол својот мир во оваа работа, но секоја вечер денот му завршува со читање книга од неговата богата библиотека во неговиот скромен дом, а покрај книгите, главниот лик има и музикотека која ја збогатува со купување на скапи касети од познати музичари, за што останатите ликови во филмот не можат тоа да си го дозволат. Кинематографер на филмот Франц Лустиг, беше на проекцијата на филмот и одоговараше на прашања од страна на новинарите и други љубители на филмот но и филмски работници, а тој откри детали за работата на филмот, изборот на локациите, како настанал филмот…
-Снимав со камера од рака бидејќи така ги правам најдобрите кадри. Сметам дека статичната камера го губи контактот меѓу актерите и кинематограферот бидејќи треба да гледам на монитор. Со камерата од рака светлината некако се впива во кадарот и тоа може да се види на филмот.
Од 1994 година Франц работи како директор на фотографија за реклами и музички видеа со некои од водечките режисери ширум светот, како Сем Браун, Гери Фридман, Сајмон МекКуид, Стјуарт Мекинтајр, Џонс и Тино, Мартин Амунд, Томас Јонсгарден, Начо Гајан, Даниел Клајнман, Ринган Ледвиџ, Тарсем и Ралф Шмерберг.
Во поглед на музиката во филмот рече дека најголем дел од песните во филмот биlе додадени отпосле бидејќи бил мошне сложен и тежок процесот со добивање на авторските права. Според тоа како ги движи усните биле избрани други и дополнети.
-Песната на Нина Симон навистина ја пееше и тоа беше најтрогателниот момент. Плачевме додека снимавме, раскажа Лустиг.
Соработува со режисерот Вим Вендерс на три долгометражни филмови: „Земја на изобилството“, за кој ја освои наградата „Најдобра камера“ на Германските филмски награди; „Не доаѓај чукајќи“, за кој го заслужи признанието „Најдобар европски кинематографер“ во 2005 година; и „Пукање во Палермо“ од 2007 година.
-Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани, рече Лустиг.
Неговата документарна работа е исто така важен сегмент во кариерата за него и ги вклучува филмот „2 или 3 работи што ги знам за него“ на Малте Лудин за животот и смртта на нацистичкиот татко на Лудин и документарниот филм „Танц за сите“ од 2008 година. Во 2012 година, Франц ја доби наградата Мобиус за „Најдобар кинематографер“.
Од селекцијата на кратки филмови, денеска беше претставена кинематограферката Сташа Букумировиќ, чиј филм „Нека цвета росно цвеќе“ беше вчера прикажано на 44. ИФФК „Браќа Манаки“. Станува збор за патување на една жена која во текот на патувањето ќе развие љубовна врска.
-Локациите се многу важни за овој филм, бидејќи сакав внатрешната емоција да ја доловам преку надворешните промени и тоа не беше толку тешко бидејќи во текот на снимањето се сменија сите четири годишни времиња во Црна Гора, раскажа Сташа.
Сташа Букумировиќ, кинематограферка во филмот „Нека цвета росно цвеќе“
Ерик Полума, кинематограферот на „Сончев часовник“ од документарната програма раскажа дека сценариото било мошне блиско на актерите и затоа не било сложено да се изведе.
Филмот „Трагата на дивечот“, за кинематограферката Бојана Андриќ бил шлаг на тортата, бидејќи е тоа периодот на седумдесеттите и за неа било многу инспиративно и направила истражување. Таа вели дека кинематограферите, особено кога се млади треба да ги прифаќаат сите искуства кои може да ги добијат, бидејќи има време за да избираат сценарија, за почеток за да научат да бидат кинематографери мора што повеќе да работата.
„Трагата на дивечот“, во кој кинематограферката е Бојана Андриќ
– Јас кога бев млада работев и на сапуници, така го изоштрив чувството за снимање.
За Фестивалот „Браќа Манаки“ слушала од своите професори уште додека студирал, вели таа.
-Само најдобри зборови имаа моите професори за вашиот Фестивал. Оваа година има извонредно издание и посакувам нагорната линија да трае, рече Андриќ.
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…
На годинешното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, најстар фестивал и еден од трите фестивали во светот посветен на кинематограферите, кој се одржа од 21 до 27 во Битола, главната награда „Златна камера 300“ му припадна на германскиот филм „Наставничка канцеларија“ односно на кинематограферката Џудит Кауфман. Секако, одличен филм, безвременски, што…