Почина славниот колумбиски сликар и скулптор, Фернандо Ботеро
— 16 септември, 2023
Познатиот колумбиски сликар и скулптор, Фернандо Ботеро, почина на 91 годишна возраст во неговиот дом во Монако. Ботеро е еден од најпознатите уметници во Латинска Америка и според неговата ќерка Лина Ботеро, нејзиниот татко боледувал од компликации од пневмонија и починал во својот дом во Монако.
Во своите слики и скулптури, Ботеро често прикажува заоблени, чудни фигури кои се потсмеваат на високата класа на неговата родна Колумбија. Роден во Меделин, тој бил син на трговски патник и шивачка и како мал имал желба да биде матадор. Поголемиот дел од својот живот го поминал живеејќи во Европа и САД, но често се враќал во Колумбија за инспирација. Неговиот роден град прогласи една недела на жалост во негова чест. Делата на Ботеро се веднаш препознатливи.
Неговите фигури се корпулентни и малку апсурдни. Една слика прикажува римокатолички кардинал кој длабоко спие во целосна свештеничка облека. Друга покажува змија која сака да ја касне главата на жена која позира за семеен портрет и го поттикна терминот „ботеризмо“ за да ги опише сладострасните, речиси стриповски фигури во неговото уметничко дело. Подоцна во својата кариера, Ботеро се сврте кон помрачни теми, како насилството со дрога во Колумбија. За време на концерт на отворено во неговиот роден град Меделин во 1995 година, герилците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија, или ФАРК, поставија експлозивна направа под неговата бронзена скулптура „Пахаро“ („Птица“), при што загинаа над 20 луѓе, а 200 беа повредени. Тој наслика и жртви на американско малтретирање во затворот Абу Граиб во Ирак.
„Овие дела се резултат на огорченоста што ја предизвикаа прекршувањата во Ирак кај мене и во остатокот од светот“, рече тој.
Неговите дела се многу популарни, се продаваa за милиони долари и ги красеа големите музеи, како и Шанзелизе во Париз и Парк Авенија во Њујорк, и неговиот роден град Меделин и главниот град Богота, каде што e музејот Ботеро.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…