Култура

Книжевниот фестивал „АртАреа годинава ќе се одржи во знакот на Скопје со книжевни промоции, музички настапи и изложби

Седмото издание на фестивалот АртАреа/Артерија, ќе се одржи од 15 до 17 септември и, во текот на трите фестивалски дена ќе понуди пет книжевни промоции на тројца македонски и двајца странски автори, една промоција на стрип, поетско читање, два музички настапи и две изложби. Настаните ќе се одвиваат на две локации, во Буква, на 16 и 17 септември и во МКЦ на 16 септември. Годинава, по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје и во текот на трите фестивалски дена ќе се одржат по три настани во секој од нив.

ПРОГРАМА:
МКЦ галерија, 15-17 септември, Изложба на поштенски разгледници, слајдови и урбанистички планови „Од Варшава до Скопје“

Буква 15-17 септември Изложба на фотографии „Pars-mea“ од Андријана Антова


15.09.2023 Буква

19:00 Промоција на „Мина“ од Игор Анѓелков Или-или, 2023; промотори Ана Мартиноска и Максим Ристески

20:00 Промоција на „Рудникот“ од Миодраг Мајиќ (Антолог, 2023; промотори Јордан Коцевски и Душко Крстевски)

21:30 Скопје радост ти ќе бидеш – музички радости со Марсо


16.09.2023 МКЦ, Кино Фросина

19:00 Промоција на „Рефлексии“ од Тони Димков (Бегемот, 2023; промотор Атанас Конески)

20:00 Промоција на книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска Бегемот, 2023; модератор Филип Димевски; учествуваат Кинга Нетман-Мултановска и Павел Вељаноски

21:30 Џез концерт „Јузефчо трио“ Филип Букршлиев гитара, Благојче Томевски бас кларинет, Нинослав Спировски тенор саксофон

17.09.203 Буква

19:00 Пинг-понг промоција на стрипот „Скопје за почетници, добро упатени и понављачи бр.3“ од Ѓорѓе Јовановиќ и Иван Шопов, Бегемот, 2023

20:00 Промоција на „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски Бегемот, 2023; промотор Петар Андоновски

21:30 Поетска епизода#7・Поетите за Скопје организатор Култура Бета 

Автор: